Спорт
Фрајбург го победи Хофенхајм и влезе во зоната за ЛШ
Фрајбург стигна до 13. победа оваа сезона во Бундеслигата откако на домашен терен го совлада Хофенхајм со 2:1. Со овој триумф тимот се искачи на четвртата позиција на табелата која води во Лигата на шампионите.
Егенхајм го доведе Фрајбург во водство во петтата минута, а израмни Штилер на почетокот на второто полувреме.
Фрајбург долго се обидуваше да најде начин за втор гол, а тоа му успеа на Ритсу Доан во 89.минута од мечот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ентони заминува со Тен Хаг
Заминувањето на Тен Хаг од Манчестер Јунајтед најверојатно значи дека неговиот пат ќе го следи и Антони. Токму Тен Хаг инсистираше на трансферот на крилниот напаѓач.
Бразилецот дојде во Англија од Ајакс во трансфер вреден 95 милиони, но во ниту еден момент не ја исплати инвестицијата во него. Ова е втор најскап трансфер во историјата на клубт, повеќе пари Јунајтед плати само за Пол Погба.
Антони беше вклучен и во скандали надвор од теренот, па неговата цена сега е само 20 милиони евра.
Челниците на Јунајтед му дадоа до знаење дека не сметаат на него и дека немаат намера да го задржат во клубот до 2027 година. Му порачале да си бара нов клуб во зимскиот преоден рок.
Спорт
Застрелан поранешен играч на Хајдук и Риека
Марио Мештровиќ, поранешен фудбалер, бил застрелан во четвртокот вечерта во Винковци и ранет во ногата, јавуваат хрватските медиуми.
Непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон 54-годишниот Маријо Мештровиќ, поранешен играч на Хајдук, Риека и Цибалија. Напаѓач со фантомка на главата го пресретнал кога излегувал од спортската сала во Винковци и пукал во него.
Мештровиќ е префрлен во болница и е надвор од животна опасност. Полицијата започна опсежна потрага по напаѓачот.
Во текот на кариерата Мештровиќ играше за Цибалија, Хајдук Сплит, Депортиво Алавес, Хапоел Тел Авив, Хапоел Кфар Саба, Хапоел Ерусалим и Риека.
На официјалниот сајт на Хајдук се наведува дека Мештровиќ постигнал осум гола на 85 настапи за клубот.
Спорт
Марадона ќе добие споменик во Буенос Аирес, oчекуваат милион посетители годишно
Децата на Диего Марадона најавија дека ќе ја основаат „Фондацијата Марадона“ за да го почитуваат наследството на аргентинскиот фудбалски идол и открија некои карактеристики на идниот споменик во центарот на Буенос Аирес, кој се очекува да има милион посетители годишно.
„Сакаме нашиот татко да биде блиску до љубовта на луѓето и да им ја исполни желбата на сите што сакаат да му донесат цвеќе“, објасни неговата ќерка Далма зборувајќи за спомен-обележјето.
Споменикот наречен „M10 Mеморијал“, кој треба да биде отворен во 2025 година, ќе се наоѓа на шеталиштето во срцето на главниот град, во туристичката област на старото пристаниште Пуерто Мадеро. Со покриена површина од 1.000 квадратни метри, споменикот ќе биде домаќин на еден милион посетители годишно.
Аргентинците ќе имаат бесплатен пристап, но можат да дадат донација на Фондацијата што ќе им овозможи да ја стават нивната фотографија на „ѕидот на наследството“ кај споменикот.
Во Фондацијата ќе бидат Далма, Џанина, Диего Јуниор, Јана и Диего Фернандо, децата што ги призна Марадона, од три различни врски.
На почетокот на октомври, судот одобри префрлање на телото на Марадона на овој иден споменик, со цел да им се олесни на Аргентинците и туристите да му одадат почит на „најголемиот идол на Аргентина“.
Марадона, кој почива на гробиштата во Бела Виста, предградие на Буенос Аирес, почина во ноември 2020 година на 60-годишна возраст од срцева слабост во болницата во Тигре, каде што се опоравуваше од операцијата поради хематом на главата.
Во март 2025 година, судењето треба да ги открие околностите на неговата смрт и потенцијалната негриж, а обвинети се седум лица: неврохирург, клинички лекар, психијатар, психолог, главна медицинска сестра, медицински сестри. Судството ја задржа квалификацијата за убиство од небрежност, за што е предвидена затворска казна од 8 до 25 години.