Спорт
Франција со епски камбек против Данска за прво место и полуфинале
Франција направи апсолутно неверојатен камбек во дербито против Данска стигнувајќи до 30:29 (12:17) победа за го освои првото место во групата пред Данците и да се пласира во полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка, и во исто време да ги уништи надежите на Исланд за борба за медали.
На Франција и беше потребно барем реми (за второ место во групата пред Исланд), но Данците имаа совршен почеток на мечот за фантастично водство од пет гола на полувреме (17:12). Голманите на Франција беа далеку под своето ниво, откако Винсен Жерар и Весли Пардан имаа само една одбрана од 18 удари на нивниот гол, додека од другата страна, Кевин Мелер имаше над 40 отсто одбрани (осум од 20). Французите во второто полувреме, конечно, успеаја да дојдат на гол разлика во 54. минута од мечот, за првпат да поведат во 58. минута (30:29), за фантастична победа.
Дика Мем, човекот кој го постигна победничкиот гол, заедно со Иго Деска беше најефикасен за „триколорите“ со 8 гола, додека Никлас Вест Киркелеке имаше 10 гола за Данците.
Со победата, Французите се на првото место во групата 1 и во полуфиналето ќе играат со Шведска, додека за Данците останува предизвикот против актуелниот шампион Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

