Спорт
Француски новинар: Тудор ќе добие отказ
Тренерот на Марсеј, Игор Тудор ќе добие отказ по завршувањето на сезоната, тврди францускиот новинар Бруно Бланзат, кој работи за Франс Блу Прованс. На две кола пред крајот на Лига 1, Марсеј е на третото место со 73 бодови и доколку остане на таа позиција ќе игра квалификации за пласман во Лигата на шампионите. Вториот Ленс му бега пет бода, додека лидер е ПСЖ со 84 поени.
Бланзат истакна, дека на Тудор му пресудил конфликото што го имал со клупската легенда Димитри Паје и Нуно Тавареш. Овие двајца не играа против Лил, овој натпревар Марсеј го загуби со 2:1. Тудор ги остави во Марсеј Паје и Тавареш поради недоволно залагање на тренинзите. Д
а потсетиме, Тудор беше елиминиран во групната фаза од Лигата на шампионите и во Купот на Франција од нисколигашот Анеси, откако сензационално го исфрли ПСЖ.
Во првенството долго време водеше борба со ПСЖ за шампионската титула, но во финишот неговиот тим падна во формата, доживеа два порази во последните пет кола и второто место кое носи директно место во Лигата на шампионите му го препушти на Ленс.
Француските медиуми се сомневаат во точноста на изјавата на Бланзат, меѓу другото затоа што претседателот Пабло Лонгорија претходно јавно го поддржа хрватскиот тренер. Тудор го презеде тимот во летото 2022 година, неговиот договор истекува во 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливременто ќе стане најскапиот бек во историјата на фудбалот
Манчестер Сити не запира со реконструкцијата, која за цел има целосно да го подмлади тимот. Англиските медиуми тврдат, дека клупските челници ќе ја исполнат желбата на Пеп Гвардиола и дека во летниот преоден рок ќе го ангажираат Тино Ливременто.
Манчестер Сити е подготвен да плати рекордна сума за Ливраменто, неговиот тековен договор со Њукасл го врзува до 2028 година.
Манчестер Сити плати 57 милиони евра за Вокер во 2017 година, а потоа рекордни 65 за Жоао Кансело од Јувентус во 2019 година.
Светскиот рекорд платен за бек е трансферот на Ашраф Хакими од Интер во ПСЖ во вредност од 70 милиони евра во 2021 година.
Њукасл бара 80 милиони евра за својот бек и тоа би бил најскапиот платен бек во историјата на фудбалот, секако доколку трансферот биде реализиран.
Ливраменто играше три пати за Англија, дебитираше во победата од 5:0 против Република Ирска во 2024 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Меси спречи пораз на Интер во Орландо
Лионел Меси постигна два гола во второто полувреме и го предводеше актуелниот шампион Интер Мајами до победата против Орландо Сити – 4:2.
Интер одигра лошо прво полувреме, му дозволи на орландо до 24-та минута да води со 2:0.
Раниот гол на Силвети во второто полувреме го најави пресвртпт на Интер. Во 57-та минута, аргентинскиот маестро го израмни резултатот на 2:2 по асистенцијата на Теласко Сеговија, кој донесе целосен пресврт во 85-та минута.
Меси стави точка на натпреварот во 90-та минута со спектакуларен гол од слободен удар.
Тренерот на Мајами, Хавиер Маскерано, не ги криеше своите емоции по натпреварот:
„Победата им припаѓа исклучиво на играчите. Во второто полувреме, тие беа шампионски тим. Немаше тактика – тоа беше срце, храброст, посед, упорност и посветеност. Тие излегоа на теренот како шампиони и го покажаа тоа.“
Зборувајќи за Меси, Маскерано додаде:
„Тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот. Тој е лидер и ги инспирира другите, но му е потребна и инспирација. Кога се движи напред и има опции во нападот, тој е способен да создаде шанси како никој друг. Тоа ни овозможи да го свртиме натпреварот.“
Аргентинецот постигна 51 гол во последните 49 настапи. Во кариерата досега постигнал 898 голови.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Борусија ги скина предните вкрстени лигаменти
Капитенот на Борусија Дортмунд, Емре Џан, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено, објави германскиот тим.
Џан (32) се повреди за време на натпреварот во саботата со Баерн Минхен (2:3). Тој се обиде да продолжи со играта, но на крајот од првото полувреме мораше да го напушти теренот.
Поради сериозноста на повредата, Џан сигурно нема да биде во плановите на германскиот селектор Јулијан Нагелсман за овогодинешното Светско првенство, кое се одржува од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.
Во својата репрезентативна кариера досега, Џан има одиграно 48 натпревари за Германија, вклучувајќи го и последниот во септември 2024 година.
Договорот на Џан со Борусија Дортмунд истекува на крајот од сезоната, а во текот на кариерата играше и за екипите на Баерн, Леверкузен, Ливерпул и Јувентус.
По поразот во големото дерби, Борусија Дортмунд е на второто место на табелата во Бундеслигата, 11 бода зад лидерот Баерн.
Foto/ depositphotos

