Спорт
Фудбалер колабирал за време на натпревар, починал на пат кон болница

Амирхосеин Ширчи, фудбалер на ирански Баболсар кој настапува во втората лига на азиската земја, почина на натпреварот против Нафт Гашаран по срцев удар.
Тој нормално го започна дуелот, но во седмата минута од средбата ненадејно се струполил на теренот.
⚠️ Content warning
Amirhossein Shirchi’s last moments, before collapsing on the ground and passing away on the way to the hospital. https://t.co/RhPUylCVrH pic.twitter.com/iKj5fDapE3
— Erfan / عرفان (@Eri1806) April 26, 2023
Неговите соиграчи, но и противниците веднаш почнале да повикуваат помош, која веднаш му била дадена. Но, со возило на брза помош од терен бил пренесен во болница, но на пат до таму починал.
Ширчи имал одреден тип на срцева болест, што го потврдил и првиот човек на Баболсар, Маџид Пасна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шешко е нов играч на Јунајтед – Словенецот е трет најскап екс-Ју играч

Словенецот Бенјамин Шешко е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб.
Шешко (22) потпиша договор со Јунајтед до јуни 2030 година. Тој дојде во Манчестер за 76,5 милиони евра, плус уште 8,5 милиони преку бонуси, објавува Би-Би-Си.
„Историјата на Манчестер јунајтед е многу посебна, но она што навистина ме возбудува е иднината. Кога разговаравме за проектот, беше јасно дека сè е подготвено овој тим да продолжи да расте и наскоро повторно да се натпреварува за најголемите трофеи. Од моментот кога пристигнав, можев да ја почувствувам позитивната енергија и семејната атмосфера. Очигледно е совршеното место за мене да го достигнам моето максимално ниво и да ги исполнам сите мои амбиции“, изјави Шешко за веб-страницата на клубот.
Словенечкиот фудбалер постигна 21 гол и шест асистенции на 45 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона во Лајпциг. Шешко е најмладиот дебитант на словенечката репрезентација, за која одигра 41 натпревар и постигна 16 гола.
На овој начин, Шешко стана третиот најскап играч од територијата на поранешна Југославија, со оглед на тоа што беше платен 76,5 милиони евра.
Скалата високо ја крена Хрватот Јошко Гвардиол, на кого Сити плати 90 милиони евра, а втор на листата е Србинот Душан Влаховиќ, за кого Јувентус издвои 83,5 милиони евра.
Foto/ manutd.com
Спорт
Челзи отпиша шест играчи

Фудбалскиот клуб Челзи им соопштил на шестмина фудбалери дека менаџерот Енцо Мареска нема да ги користи во новата сезона. заврши со шест играчи, според англиските медиуми.
„Стенфорд Бриџ“ ќе го напуштата: Николас Џексон, Кристофер Нкунку, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Аксел Дисаси и Ренато Веига. Засега нема информации каде овие фудбалери ќе ги продолжат своите кариери, но наводно повеќето од нив веќе се во преговори со дригу клубови.
Челзи со овој потег влезе во последната фаза од реконструкцијата на тимот и ростерот за сезоната 2025/2026.
Следните играчи го напуштија Челзи оваа сезона:
Нони Мадуеке (Арсенал), Жоао Феликс (Ал Наср), Ѓорѓе Петровиќ (Борнмут), Лесли Угочукву (Бернли), Кирнан Дјусбери-Хол (Евертон), Армандо Броја (Бернли), Матис Амугу (Стразбур), Башир Хамфрис (Бернли), Кепа Аризабалага (Арсенал), Маркус Бетинели (Манчестер сити).
Нови играчи на „Стенфорд Бриџ“ се:
Жоао Педро (Брајтон), Џејми Гитенс (Борусија Дортмунд), Жорел Хато (Ајакс), Лиам Делап (Ипсвич), Естевао (Палмеирас), Дарио Есуго (Спортинг), Мамаду Сар (Стразбур) и Кендри Паез (Индепендиенте).
Спорт
Прекината постапката против Тер Штеген, клубот му ја врати капитенската лента

Барселона го доби она што го сакаше од Марк-Андре тер Штеген и веднаш објави дека Германецот ќе остане капитен.
Ханси Флик му стави до знаење на Тер Штеген дека не е во плановите за претстојната сезона, Тер Штеген одлучи да оди на операција на грбот. Беше објавено дека нема да може да игра три месеци, а клубот тврди дека паузата ќе трае најмалку четири.
Затоа во Барселона сакаа да се повикаат на посебно правило и на тој начин да го регистририраат Џоан Гарсија. Германецот не сакаше да ја потпише документацијата што ќе му дозволи на клубот да го стори тоа, и оттука започнаа сите проблеми.
Откако во петокот се огласи Тер Штеген, кој само сакаше да ја изнесе својата страна од приказната и да му даде до знаење на клубот дека е подготвен да разговара за решавање на проблемот, пред полноќ Барселона потврди дека го добила она што го сакала.
Тер Штеген ги потпишал медицинските документи, што ќе ѝ овозможи на Барселона да го регистрира новиот голман Џоан Гарсија и со тоа дисциплинската постапка заврши. И капитенската лента му беше вратена на Германецот.
„Клубот ја информира јавноста дека Марк Андре тер Штеген го потпиша овластувањето потребно за клубот да ја испрати медицинската документација до Ла Лига во врска со неговата операција.
Дисциплинската е затворена, а на играчот му е вратен статусот, капитен на тимот. Одлуката стапува на сила веднаш“, се вели во краткото соопштение на Каталонците.
Фото/ Принтскрин