Спорт
Фудбалер лажел дека е болен за да оди да го гледа Ајакс – добил отказ! (фото)

Жорди ван дер Лан има 25 години и до пред некој ден бил фудбалер на холандскиот второлигаш, Телстар. Младиот напаѓач минатата недела на својот тренер му кажал дека е болен и дека мора да го пропушти тренингот.
Сепак лагата била откриена истиот ден, вечерта, додека во Лондон Тотенхем и Ајакс го играа првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите. На екранот, во гледалиштето бил Ван дер Лан, а камерите го покажале дури трипати.
„Мислев дека нема да ме пуштат ако ги прашав дали може да прескокнам еден тренинг и да отидам во Лондон на ЛШ. Многумина во клубот знаеја дека не сум болен, не беше изненадување за сите. Посебното е тоа што камерите трипати ме снимаа баш мене“ – рекол фудбалерот.
По враќањето во Холандија, го викнале во управата на клубот и му врачиле отказ.
Travelling Ajax fans are WELL up for this!#TOTAJA pic.twitter.com/PPeXY50eS0
— Match of the Day (@BBCMOTD) April 30, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бразилски репрезентативец ја засили Рома

Бразилскиот репрезентативец и поранешен член на Фламенго, Винисиус Франко Лима, познат како Весли, стана нов играч на Рома.
Италијанскиот клуб му плати 25 милиони евра на Фламенго, со можност за бонуси што би можеле да им донесат на Бразилците уште пет милиони евра.
Весли му помогна на Фламенго да го освои Копа Либертадорес во 2022 година и беше дел од тимот што стигна до осминафиналето на Светското клупско првенство ова лето.
Се очекуваше тој да го напушти Фламенго откако го привлече вниманието на неколку европски клубови, а клубот од Рио де Жанеиро му даде зелено светло за трансфер откако го потпишаа Емерсон Ројал од Милан.
Дваесет и едногодишниот Весли потпиша петгодишен договор со Рома и ќе го носи дресот со број 43. Весли е 46-от Бразилец во историјата на „Волчицата“.
Ова е трето засилување на Рома ова лето, пред првата сезона под водство на Џан Пјеро Гасперини. Претходно во клубот дојдоа ѕвездата на Ленс, Нил Ел Аџнауи, и напаѓачот на Брајтон, Еван Фергусон.
Фотп/ Принскрин
Спорт
Сандро Тонали пред сензационален трансфер во Серија А

Јувентус сериозно размислува да испрати атрактивна понуда до Њукасл за Сандро Тонали (25), објавија во вторникот италијанските медиуми.
Италијанскиот репрезентативец се пресели од Милан на северот од Англија во 2023 година во трансфер вреден 60 милиони евра.
Иако потпиша петгодишен договор со „страчките“, веќе по две сезони во Премиер лигата, Јувентус планира амбициозно враќање на Тонали во Италија.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, „Старата дама“ наводно веќе воспоставила контакт со Њукасл. Јуве би платил 40 милиони евра , во замена за играчот што сака да го продаде, Даглас Луиз (27). Бразилецот не ги исполни очекувањата по трансферот од Астон Вила.
Сите детали за овој потенцијален трансфер ќе бидат појасни во наредните денови, но едно е сигурно: Јувентус е подготвен да направи сериозен чекор со цел да го врати Тонали во Серија А.
Фото/ Принскрин
Спорт
„Шумарите“ во Болоња најдоа замена за Еланга

Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, ќе стане ново засилување на Нотингем Форест, откако англискиот клуб се согласи на трансфер вреден 40 милиони евра, објави „Скај Спорт Италија“.
Толку ќе биде фиксниот дел од обештетувањето според договорот меѓу двата клуба, додека Болоња може да смета на до три милиони бонуси и проценти од наредната продажба.
Долго време за Ендој интерес покажуваше италијанскиот првак Наполи. Сепак првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, не сакаше да плати 40 милиони за крилниот напаѓач.
Ендој ги договори личните услови и со Наполи и со Форест. Овој крилен напаѓач има 24 години и пристигнува на „Сити Граунд“ како замена за Ентони Еланга, кој се приклучи на Њукасл.
Швајцарскиот интернационалец постигна девет гола и запиша шест асистенции на 41 натпревар за Болоња минатата сезона и имаше голем придонес во освојувањето на Купот на Италија.
Ендој претходно играше за Базел, Ница и Лозана.
Фото/ Принтскрин