Спорт
Фудбалер на Бартон извршил три силувања во еден ден
Фудбалот во Англија го тресе нов скандал. Фудбалерот на Бартон Албион, Вилијамс Коколо е обвинет дека во еден ден извршил дури три силувања. Според медиумите ова обвинение е поднесено на 31.август.
Наводните злосторства се случиле во областа Бирмингем на 13. февруари 2022 година.
„Бартон Албион е свесен за обвинувањата кои се упатени против нашиот фудбалер. Клубот разговараше со него, но клубот не е во можност да даде никакви коментари“, стои во соопштението.
Коколо кариерата ја започна во Монако, по што следеше трансфер во Англија.
Прво играше за Сандерленд, а зимата 2022 година го облече дресот на неговиот сегашен клуб Бартон Албион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Усик го победи Фјури – Светот доби апсолутен шампион во тешка категорија
По 24 години светот на боксот има апсолутен шампион во тешка категорија. Тоа е Украинецот Александар Усик, кој по 12 извонредни рунди го совлада Британецот Тајсон Фјури во долгоочекуваниот меч.
Двајца судии гласаа за Усик (114-113 и 115-112), а еден за Фјури (114-113).
Усик тргна подобро, беше поагресивен во почетната фаза од мечот, но во шестата рунда се чинеше дека Украинецот е многу далеку од победа бидејќи беше разнишан од одличните комбинации на „кралот на циганите“.
Сепак, во деветтата рунда, Усик покажа зошто е еден од најголемите борци на својата генерација и со фантастичен бокс и различни притисоци, го нокаутира својот ривал.
Можеби судијата тука требаше да го прекина мечот, затоа што Фјури доби голем број на удари без активно да се брани и возврати. Гонгот на крајот од рундата го спаси видно дезориентираниот Фјури, а се чинеше дека Украинецот ќе успее да дојде до престана победа во следната рунда.
Сепак, Фјури „преживува“ до крајот на 12. рунда, но Украинецот победи на поени.
Борбата се одржа пред преполната „Кингдом арена“ во Ријад, а Усик сега е сопственик на сите главни титули на денешницата, во верзиите на ВБА, ВБЦ, ИБФ, ВБО (како и помалку значајната ИБО), титулата на списанието „Ринг“, како и титулата линеален шампион на светот.
Усик има совршени 22-0 како професионалец.
HOW did Tyson Fury survive this from Oleksandr Usyk 🤯 pic.twitter.com/49IbID0yNl
— Happy Punch (@HappyPunch) May 18, 2024
Спорт
(Видео) Аталанта избори место во ЛШ
Аталанта следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо на тој начин им се приклучи на Интер, Милан, Јувентус и Болоња со оглед дека Италија ќе има пет претставници во елитата.
Аталанта во претпоследното коло победи во Лече со 2:0.
Гостите пропуштија можности преку Пашалиќ во шестата, Скамака во 27. кога ја погоди гредата, Запакоста во 39. минута …
Сепак, во вториот дел, тимот од Бергамо постигна два гола, поведе преку Де Кетеларе во 48. минута, а само пет минути подоцна Скамака го постави конечниот резултат.
На две кола пред крајот Аталанта има шест бода повеќе од шестопласираната Рома, но и подобар меѓусебен скор, па теоретски си го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите, додека Лече е во сигурната зона.
Спорт
Шампионот загуби од Шкупи, Шкендија избори квалификации во КЛ, Вардар ќе игра бараж за опстанок
Фото/ fcstruga.com
Спуштена е завесата на сезоната 2023/2024 во Првата македонска фудбалска лига. Струга ја одбрани титулата, а второто место го освои Шкендија.
Струга во претходното коло, со победата над Шкендија ја одбрани титулата, па за овој тим дуелот со Шкупи на домашен терен немаше никаква важност. Шкупи победи во Струга со 2:1.
Головите за Шкупи ги постигнаа Рамани во деветата и Аворњо во 51 минута. Голот за шампионот го постигна Шабани во 30. минута. изедначи на 1-1.
Шкендија во Скопје го победи Работнички со 2:0. Стрелци беа Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута. Со овој триумф Шкендија се избори за место во квалификациите за Конференциската лига.
Од лигата испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, а бараж за опстанок ќе игра Вардар.
Резултати, 33. коло:
Струга Трим Лум – Шкупи 1-2
Работнички – Шкендија 0-2
Вардар – Тиквеш 2-2
АП Брера – Македонија ЃП 5-3
Брегалница – Силекс 1-1
Воска спорт – Гостивар 1-1
Табела: