Спорт
Фудбалер на Оксфорд обвинет дека намерно добил жолт картон поради кладење!

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) му го одземала телефонот на дефанзивецот на Оксфорд јунјтед, Кјарон Браун како дел од истрагата за потенцијално „местење“ при понеделничкиот пораз од Арсенал во ФА купот. Ова доаѓа откако англиските медиуми објавиле дел од „Ватсап“ пораки во кои се тврдело дека Браун сигурно ќе добие жолт картон во мечот од третото коло.
24-годишниот репрезентативец на Северна Ирска, навистина доби жолт картон во 59. минута од мечот, при резултат 0:0, за влечење на напаѓачот на Арсенал, Еди Нкетија. Според „Дејли мејл“, повеќе обложувачки ги контактирале со информација дека добиле илјадници фунти на овој облог од 8/1.
Третолигашот Оксфорд сити потврдија дека постои истрага и ветија соработка со ФА. Браун беше единствениот кој доби жолт картон во мечот, кој Арсенал го доби со 3:0.
Your mates a snake ciaron brown #oufc pic.twitter.com/e8bualCuOt
— Aaron Dillon (@AaronDi43614546) January 11, 2023
BREAKING: #oufc The FA are investigating suspicious betting patterns around the booking of Oxford Utd defender Ciaron Brown during Monday’s FA Cup third round defeat by Arsenal. Brown was the only player shown a yellow card in the game, which Arsenal won 3-0. 1/2 pic.twitter.com/eVcZsp8Nx0
— BBC Radio Oxford Sport (@bbcoxfordsport) January 11, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Германија среде Евробаскетот остана без селектор

Многу тимови на тековниот Евробаскет имаат проблеми со повредени и болни играчи, а германската репрезентација има проблеми со селекторот.
Алекс Мумбру беше хоспитализиран поради инфекција непосредно пред почетокот на турнирот и се мачеше многу за време на групната фаза во Тампере.
„Панцерите“ го презеде неговиот помошник Алан Ибрахимагиќ, кој ќе биде на чело на еден од главните фаворити за златото во продолжението на Европското првенство.
Мумбру едноставно не можеше целосно да се посвети на кошарката, а Германската кошаркарска асоцијација го објави ова на своите официјални мрежи.
„Во текот на изминатите неколку дена сфатив дека не сум физички подготвен да го водам тимот од клупата за време на натпреварите. Решив да ги прилагодам улогите во тренерскиот штаб и Алан да ја преземе одговорноста на главен тренер за време на натпреварите. Јас сè уште ќе бидам на клупата, ќе го поддржувам тимот и ќе продолжиме тесно да соработуваме. Верувам дека ова е најдобриот начин да му помогнам на тимот да постигне успех“, рече Мумбру.
Германија ќе игра против Словенија во четвртфиналето на Евробаскетот во среда од 20 часот.
Спорт
Мбапе гласа за Дембеле: Јас лично би му ја врачи Златната топка

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз.
За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал.
Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе.
„Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаше, јас лично би му ја однел дома“, изјави тој Мбапе за „Телефут“.
Спорт
ФИБА ги објави термините за четвртфиналните пресметки

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда.
За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини.
Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време.
Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат на теренот.
А во ударниот термин од првиот ден, ќе играат Литванците, кои го елиминираа домаќинот Латвија, и Грците, кои славеа над Израел на крилата на Јанис Адетокумбо.
Во среда, првиот дуел е судир меѓу неочекуваните четвртфиналисти, Финците и Грузијците, двете најголеми изненадувања на турнирот кои ги елиминираа фаворизираните Србија и Франција.
Последниот натпревар од четвртфиналето ќе го играат светските шампиони, Германците и Словенците, кои сите надежи ги полагаат на неверојатниот Лука Дончиќ.
Foto/ EPA