Спорт
Фудбалерите на Јуве збунети, Пирло не зборува за тактика со нив?
Италијанскиот весник „Ил кориере дела сера“ тврди дека фудбалерите на Јувентус се збунети од тренерот Андреа Пирло бидејќи тој воопшто не зборувал за фудбалската тактика со нив и дека тоа се случувало и со неговиот претходник Маврицио Сари.
Јувентус е на четвртото место во Серија А заедно со Наполи, шест поени зад лидерот Милан, кога имаше само една победа во четири меча без Кристијано Роналдо во составот.
Според весникот, за фудбалерите на Јувентус е необично што Пирло не зборува со нив за тактика, туку го праќа неговиот заменик Игор Тудор, а за време на мечевите задолжен за инструкциите е вториот помошник Роберто Баронио. Тишината имала влијание врз тимот и Пауло Дибала и Дејан Кулушевски се посочени како фудбалери што не разбираат што сака тренерот од нив на теренот, а слична ситуација е и со другите од средината, особено кога се работи за одбраната.
⚠️⚠️#Juventus, luna di miele finita per #Pirlo: alcuni giocatori, riporta il ‘Corriere dela Sera’, sarebbero confusi sulle direttive del tecnico bresciano
?#CMITmercatohttps://t.co/Zk5Otp1kt3
— calciomercato.it (@calciomercatoit) November 30, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Жесток удар за Барселона пред ел класико
Лоша вест му соопштија на тренерот на Барселона, Ханси Флик, по денешниот тренинг на тимот, пред неделниот (26 октомври, 16:15) Ел Класико против Реал Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Според извештаите на неколку шпански медиуми, Бразилецот Рафиња дефинитивно е во„аут“ за големиот натпревар и нема да може да се појави на теренот, бидејќи, се чини, сè уште не е целосно опоравен од повредата што го мачи веќе еден месец.
Иако извештаите на шпанските медиуми од четвртокот наговестуваа дека Рафиња би можел да учествува во Ел Класико, ситуацијата денес се промени, 28-годишниот играч почувствувал болка и го напуштил тренингот на шпанскиот шампион.
Од претходно се знаеше дека дербито ќе го пропуштат Тер Штеген, Џоан Гарсија, Гави, Дани Олмо и Левандовски.
Барселона ќе биде и без суспендираниот тренер, Флик, па веројатно тимот на тернот е го води Тијаго Алкантара, кој е еден од петте помошници на Германецот.
Спорт
Хаким Зиеш се врати дома
Мароканскиот фудбалер Хаким Зиеш е нов играч на Видад, објави клубот од Казабланка.
Зијеш (32) доаѓа во клубот како слободен агент, а потпиша договор со Видад до јуни 2027 година, според африканските медиуми.
Во текот на својата кариера, мароканскиот фудбалер играше за Херенвен, Твенте, Ајакс, Челзи, Галатасарај и Ал Духаил.
Одигра 64 натпревари и постигна 25 гола за мароканската репрезентација, а беше и член на тимот што го освои четвртото место на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Видад е на второто место на табелата на мароканското првенство со 10 бода.
Спорт
Тријат раце во Реал, Интер нуди 60 милиони за Нико Паз
Нико Паз е еден од најдобрите играчи во Серија А и оваа сезона. Младиот фудбалер е продукт на младинската школа на Реал Мадрид, наредното лето ќе се пресели во поголем клуб од Комо. Според италијанските медиуми, Интер подготвил конкретна понуда.
Актуелниот вице-првак на Италија и Европа, Интер има подготвено 60 милиони евра за 21-годишниот фудбалер на Комо.
Сума која на најпознатото италијанско езеро веднаш би ја прифатиле, но работите околу трансферот се сложени.
Нико Паз од Реал за шест милиони евра, пред две сезони се пресели во Комо. Тогаш, Реал вметна клаузула во неговиот договор дека може да го врати во Мадрид за девет милиони евра.
Сигурно е дека Флорентино Перез ќе го искористи тој попуст, а потоа веројатно ќе го препродаде талентираниот Аргентинец.
На позицијата на која игра Паз, конкуренцијата во Реал е голема. Тука се Џуд Белингам, Арда Гулер, Франко Мастантуно.
Нико Паз има двојно државјанство, но иако е роден во Шпанија, реши да игра за Аргентина, од каде што потекнува.
Тој одигра шест натпревари за Аргентина од своето деби во октомври минатата година.

