Спорт
Фудбалерите посакуваат триумф над Малта за да ги подразбудат надежите за ЕВРО 2024
Топспорт во Малта,
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) во Ла Валета го игра петтиот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. Противник е селекцијата на Малта против која избраниците на Благоја Милевски ја обезбедија и единствената победа досега во циклусот.
Во Скопје, Македонија славеше со 2:1, потврди дека е поквалитетна селекција, но далеку од тоа дека Малтежаните се лесен и наивен противник. Го потенцира тоа и селекторот Милевски.
„Малта воопшто не е наивен ривал, можевме да се увериме во тоа и на првиот натпревар во Скопје. Иако победивме, сепак, противникот даде силен отпор. Сега играат дома и треба да бидеме максимално фокусирани. Поквалитетни сме, но ќе треба да го докажеме и на теренот. Ова е можеби најважниот меч за нас во овие квалификации, доколку победиме, ќе се впуштиме во трка и за горните позиции во групата“, истакна селекторот Благоја Милевски.
Тој нема да прави големи измени во тимот во однос на претходниот меч со Италија. На голот сега ќе биде Дамјан Шишковски, откако Столе Димитриевски заработи повреда на рамото.
Поради повреда нема да може да настапи и Аријан Адеми, па повторно во средниот ред шанса ќе добие Агон Елези, покрај капитенот Енис Барди и Јани Атанасов.
Натпреварот меѓу Малта и Македонија е закажан за 20.45 часот, на Националниот стадион во Ла Валета. Се очекува репрезентацијата на Македонија да има и завидна поддршка од трибините, со оглед дека во Малта живеат и работат околу 10.000 Македонци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јокиќ и Денвер на -45 во Минеаполис – Минесота избори мајсторка
Минесота го декласира Денвер со 115:70 во шестиот натпревар од полуфиналната серија на Западот. Резултатот во серијата е 3:3, мајсторката во Денвер ќе се одигра во понеделник наутро по средноевропско време.
Натпреварот во „Таргет центар“ во Минеаполис беше решен во првата четвртина, кога по водството ан Денвер 2:9, Минесота направи неверојатна серија 27:2. Четвртината „волците“ ја добија со 31.14.
На полувреме Минесота имаше водство 59:40. Јокиќ постигна 16 поени во првиот дел, погоди седум од 14 обиди од поле, но остатокот од тимот шутираше 7-30.
Во победничкиот тим се истакна Едвардс со 27 поени, МекДаниелс додаде 21, Конли 13, а Таунс и Рид по 10 поени.
Никола Јокиќ имаше солидна партија, постигна 22 поени, девет скока и 9-19 од поле, но ова едноставно не беше вечер на неговиот тим.
Џамал Мареј потфрли со само 4-18 од поле, не прослави ниту Портер јуниор со 3-9, односно Џексон со 0-6 и Холидеј со 0-5.
Спорт
Навивачите дивееја и го прекинаа мечот меѓу Будуќност и Сутјеска
Црногорските спортови се занимаваат со скандали, а нов беше виден во плејофот од локалниот шампионат меѓу Сутјеска и Будучќост.
Тој меч вечерва беше прекинат поради тепачка на навивачите во втората четвртина.
Будуќност водеше со 36:26, кога популарните „Варвари“ влегоа на теренот преку официјалниот влез и почнаа да ги провоцираат домашните навивачи.
Како што пренесува порталот „РТЦГ“, навивачите на Сутјеска одговориле со фрлање столчиња.
Дури потоа реагираше полицијата и ги избрка гостинските навивачи од салата.
Имаше план да излезе и домашната „Војвода“, но Сутјеска одби да го продолжи мечот без своите поддржувачи.
Натпреварот нема да продолжи вечерва, а се уште не се знае каква ќе биде одлуката на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора.
Спорт
Крај на уште една фудбалска љубов, Хесус Навас ја напушта Севиља
Фудбалскиот клуб Севиља денеска соопшти дека капитенот на тимот, Хесус Навас, ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.
„Хесус Навас ќе ја напушти Севиља на крајот на сезоната 2023/24 и тоа им го соопшти на клубот, соиграчите и раководството на утринскиот тренинг“, се вели во соопштението на клубот.
Навас помина вкупно 17 години во Севиља, со што доби статус на клупска легенда.
38-годишниот фудбалер одигра 688 натпревари за Севиља во сите натпреварувања и освои четири Лига Европа, два Копа дел Реј, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.
Хесус Навас прво помина десет години во Севиља, од 2003 до 2013 година, пред да се пресели во Манчестер Сити со кој ја освои Премиер лигата и два Лига купа, пред да се врати во Андалузија во 2017 година.
Со шпанската репрезентација беше светски првак во 2010 година и европски првак во 2012 година, а во 2023 година ја освои Лигата на нации.