Спорт
Фудбалерките на Барселона со неверојатен пресврт до трофејот во Лигата на шампионките
Женскиот тим на Барселона го освои вториот трофеј во Лигата на шампионките. Каталонскиот тим направи неверојатен пресврт и го победи Волфсбург со 3:2 во спектакуларно финале кое се одигра пред преполни трибини на стадионот „Филипс“ во Ајндховен, со капацитет од 35.000 луѓе.
Девојките на Џонатан Жиралдес по вторпат стапнаа на европскиот трон, откако тоа го направија и во 2021 година.
Ева Паџор и Александра Поп донесоа предност за Волфсбург од 0:2 по првото полувреме. Но, потоа следуваше неверојатен пресврт.
Патрисија Гуихаро за три минути израмни со два гола, постигнати во 48.и во 50.минута.
Победничкиот гол за Барселона беше дело на Фридолина Ролфо во 70.минута од мечот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо
Динамо Загреб, вечерва ја обезбеди 25.шампионска титула во првенството на Хрватска. „Модрите“ го победија Осиек со 1:0, а титулата ја обезбедија багодарение на поразот на Риека во Вараждин (3:1).
Риека, во минатото коло загуби од Динамо на домашен терен и очигледно по тој пораз остнаа без амбиции. Нивниот пораз од Вараждин го искористи Динамо, победи со голот на Аријан Адеми во 73.минута и ја обезбеди титулата.
Динамо по 25. стана шампион, Хајдук има шест титули, Риека и Загреб освоија по една шампионска титула. Овие четири тима се единствените хрватски шампиони од 1991 година.
Спорт
(Видео) Мајнц го растури финалистот во ЛШ
Фудбалерите на Мајнц вечерва на свој терен ја совладаа Борусија Дортмунд со 3:0, во натпреварот од претпоследното, 33. коло во германската Бундес лига.
Стрелци за Мајнц беа Леандро Бареиро во 12. минута и Ли Јае Сон во 19. и 23. минута.
Мајнц е на 15. место со 32 бода, а доколку го совлада Волфсбург во последното коло на гостински терен сигурно ќе обезбеди опстанок без разлика на останатите резултати.
Борусија Дортмунд е петта со 60 бодови, а во последното коло ќе го пречека Дармштад. „Милионерите“ без оглед на резултатот во финалето со Реал и наредната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.
Спорт
(Видео) Серлот во 90+7. минута ја сруши Севилја
Во еден од дерби натпреварите од 35. коло на Ла Лига, Виљареал ја совлада Севилја со 3:2.
Виљареал и Севилја се борат за место во Европа, а по триумфот на „Жолтата подморница“ има еден конкурент помалку за местото кое води во квалификациите за Конференциската лига.
Севилја пропушти голема прилика, два пати имаше водство на натпреварот. Првиот, кога во 26. минута Ел Несири беше прецизен од белата точка, неговиот гол беше поништен во 30. минута од Серлот.
Вториот пат Ел Несири погоди од поле во 44. минута, па на полувремето Севиља имаше гол вишок. И се спротивстави до крајот на мечот, се чинеше дека ќе ги добие сите три, а на крајот останаа без ниту еден бод.
Во 84. минута Москера му донесе израмнување на Виљареал, а кога голот на Тератс беше поништен поради офсајд во втората минута од судиското надополнување, се чинеше дека Севилја ќе остане непоразена. Тоа не се случи, Серлот, буквално со последниот шут на мечот во 97.минута им донесе голема радост на домашните.