Спорт
Фудбалскиот свет полуде, 14-годишник доби договор од 10 милиони евра!

Дека фудбалскиот свет полудува кога се во прашање финансиите потврда доаѓа со случајот на 14-годишниот Јусуф Мукоко. Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд е еден од најталентираните играчи на планетата за својата возраст, па добил договор на десет години вреден 10 милиони евра.
Тој договор не го платија „милионерите“ туку познат американски гигант за производство на спортска опрема.
Оттаму процениле дека Мукоко наскоро ќе стане најдобар светски играч и со овој договор го врзале за себе.
Дечкото настапува за три години постара селекција на Борусија и на 49 натпревари постигна неверојатни 76 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ненадејно почина Николче Здравески

Николче Здравески, легендата на Победа, починан ненајдено на 54-годишна возраст. Здравевски беше дел од најголемите успеси на клубот од Прилеп.
Здравески како капитен ја предводеше Победа до првата шампионска титула, а беше тренер кога клубот втор пат стана шампион на Македонија.
Николче Здравески целата кариера ја мина во клубот од Прилеп. како фудбалер, тренер и координатор на младинската школа. Во еден период беше тренер на 11 Октомври, кога овој тим се натпреваруваше во Првата лига.
Во 2007 година Фудбалската федерација на Македонија го прогласи за тренер на годината.
Здравески во кариерата забележа два настапи за националниот тим. Го носеше дресот на Македонија на пријателските натпревари против Албанија и Азербејџан.
Спорт
Бекот на Сан Антонио е дебитант на сезоната

Бекот на Сан Антонио, Стефон Касл, е добитник на трофејот „Вилт Чемберлен“ за сезоната 2024/25. Овој трофеј му се доделува на најдобриот дебитант во НБА.
Касл стана четвртиот играч во историјата на Спарси кој ја добил оваа награда. Пред него трофејот го добија клупските легенди Дејвид Робинсон (1989/90) иТим Данкан (1997/98) и Виктор Вембањама, кој беше награден минатата година.
Касл имаше просек од 14,7 поени, 3,7 скока, 4,1 асистенции и 0,91 украдени топки. Тој помина 26,7 минути на теренот.
Второто место во гласањето му припадна на Рижасер од Атланта Хокс, додека Џејлен Велс од Мемфис Гризлис, заврши на третото место.
A global media panel of 100 voters selected the winner of the 2024-25 Kia NBA Rookie of the Year Award.
The complete voting results ⬇️ pic.twitter.com/VrvxR9N4tT
— NBA Communications (@NBAPR) April 29, 2025
Спорт
Луис Енрике: Реваншот ќе биде тежок и тесен

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека неговиот тим го покажал својот вистински менталитет во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал и дека добриот почеток на натпреварот бил клучен за победата.
„Размислуваме колку беше тежок натпреварот, бидејќи атмосферата на стадионот беше неверојатна. Мислам дека го покажавме нашиот вистински менталитет, почнавме добро и тоа ни ја зголеми самодовербата“, рече Енрике.
Вчера, ПСЖ го победи Арсенал со 1:0 на гостински терен во Лондон, во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Реваншот е закажан за 7.мај во Париз, а победникот од овој двомеч ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против подобриот тим од дуелот меѓу Барселона и Интер.
„Ова е одличен момент за нас, но мора да се ресетираме и да размислуваме за следниот натпревар. Реваншот ќе биде тежок и тесен. Многу сме среќни и мислам дека нашите навивачи можат да бидат среќни поради нашиот менталитет и амбиција да се бориме на секој натпревар“, додаде Енрике.
Енрике изјави дека играта на неговиот тим може да биде уште подобра.