Спорт
Фулам се самоуништија со три црвени картони, Јунајтед во полуфинале на ФА купот

Манчестер јунајтед ќе играат во полуфиналето на англискиот ФА куп против Брајтон, додека Манчестер сити ќе се судрат со Шефилд јунајтед, откако „ѓаволите“ во интересен натпревар го искористија моментот на лудост на Вилијан и Александар Митровиќ да стигнат до пресврт 3:1 победа над Фулам.
Митровиќ прво ги „замрзна“ домашните фанови во 50. минута носејќи предност за гостите, и „ѓаволите“ имаа проблем да ја срушат одбраната на Фулам до 72. минута, кога по една брза акција, Џејдон Санчо се најде во одлична ситуација пред голот на Фулам, но неговиот обид заврши во раката на Вилијан.
По прегледувањето на ВАР снимката беше досуден пенал, а Вилијан доби црвен картон, по што Митровиќ лудо реагираше и го турна судијата, исто така добивајќи црвен картон. И менаџерот на Фулам, Марко Силва доби црвен картон!
MITROVIC RED CARD! 🟥 #MUNFULpic.twitter.com/3929mXoNcs
— The Premier League Club (@TPLCSports) March 19, 2023
По ова, Бруно Фернандеш сигурно го реализираше пеналот за израмнување, за само две минути подоцна во 77. минута, Марсел Забицер да постигне убав гол за 2:1 водство, пред Фернандеш во 97. минута да постигне уште еден гол за потврда на пласманот во полуфинале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Маркез сериозно се повреди на патеката „Мандалика“

Новиот шампион во кралската класа, Марк Маркез, се здоб со повреда на рамото во инцидент за време на Големата награда на Индонезија.
Возачот на Дукати ја заврши првата трка откако ја освои титулата веќе во првиот круг, по инцидентот со осовјувачот на пол-позицијата и победникот во вчерашниот спринт, Марко Бецеки (Аперилја).
Италијанецот влезе во дуелот со возачот на Дукати премногу амбициозно и се удри во него, по што двајцата завршија на чакалот. Маркез беше однесен во медицински центар по инцидентот.
MASSIVE CRASH FOR BEZ AND @marcmarquez93 💥
Thankfully both are walking away 👀#IndonesianGP 🇮🇩 pic.twitter.com/hqM7sKqVV0
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 5, 2025
Прегледите во медицинскиот центар открија мала фрактура на коската на рамото, а по дополнителните прегледи ќе се утврди дали ќе му треба операција.
Дукати објави дека Маркез, вечерва ќе отпатува за Шпанија, каде што ќе бидат извршени подетални прегледи, по што ќе биде појасно каков ќе биде периодот на неговото закрепнување.
„Покрај фрактурата, се сомневаме и на оштетување на лигаментите“, рече Маркез во кратка изјава за „DAZN“.
Патем, Маркез ја обезбеди својата деветта титула минатата недела во Јапонија, но се мачеше од почетокот на тркачкиот викенд на патеката „Мандалика“. На патот до својата прва титула по шест години, возачот на Дукати помина низ многу подеми и падови, вкупно пет операции на раката и рамото, 30 пропуштени трки и 108 несреќи.
Победата на Големата награда на Индонезија ја однесе Фермин Алдегер, и тоа во доминантен стил.
Следната рунда од Мото ГП шампионатот е Големата награда на Австралија на Филип Ајленд од 17 до 19 октомври.
Foto/ EPA
Спорт
Алдегер победи во Индонезија

Возачот на Гресини, Фермин Алдегер, ја однесе првата победа во кариерата во кралската класа, славејќи на Големата награда на Индонезија, 18-та трка од сезоната на шампионатот во Мото ГП.
Шпанецот стана втор најмлад победник во најсилната категорија, бидејќи убедливо победи во својата 18-та трка, во својата четврта сезона во Светското првенство.
Алдегер триумфираше на патеката „Мандалика“ со седум секунди предност пред Педро Акоста од КТМ Рејсинг, додека вториот возач на Гресини, Алекс Маркез, беше на третото скалило од подиумот.
Покрај победата на Алдегер, трката беше обележана и со инцидент од првиот круг во кој освојувачот на пол-позицијата, Марко Бецеки, го истурка новиот шампион Марк Маркез од патеката.
Италијанецот премногу амбициозно влезе во дуел со возачот на Дукати и се судри директно со него, а двајцата завршија на чакалот.
Маркез беше однесен во медицинскиот центар по инцидентот, каде што му беше дијагностицирана фрактура на клучната коска.
Катастрофалниот викенд за Дукати, кој ја обезбеди титулата меѓу конструкторите во саботата, го комплетираше Франческо Бањаја, кој беше последен во текот на целата трка, а потоа падна во деветтиот круг. И тоа само една недела по двојниот триумф на Големата награда на Јапонија.
Бред Биндер од КТМ Рејсинг заврши четврти, зад него следуваа Лука Марини (Хонда) Раул Фернандес (Трекхаус), Фабио Куартараро од Јамаха и возачот на тимот ВР46, Франко Морбидели, додека првите десет ги комплетираа Фабио ди Џанантонио и Алакс Ринс.
Следната рунда од Мото ГП шампионатот е Големата награда на Австралија на „Филип Ајленд“ од 17 до 19 октомври.
foto/ EPA
Спорт
(Видео) Партизан го прослави 80-от роденден, натпреварот со Војводина пет пати беше прекинат, траеше речиси три часа

Фудбалерите на Партизан ја победија Војводина во дербито од 11-то коло од српската Суперлига и со тоа го прославија својот 80-ти роденден. Натпреварот мина во дивеењето на навивачите на црно-белите. Партизан сигурно ќе биде жестоко казнет.
Партизан ја победи Војводина со 1:0, со голот на Милошевиќ од пенал во 18-та минута. Гостите од 30-та минута играа со фудбалер помалку, кога директен црвен картон доби Тањга.
Верувале или не натпреварот траеше речиси три часа. Пет пати беше прекинат, последен пат во 72-та минута кога главниот судија ги испрати играчите во соблекувалната. Прекинот траеше 20-тина минути, а според извештаите, играчите на Војводина биле на туширање кога им соопштиле дека повотрно треба да се вратата на теренот.
Најдраматично на теренот беше во 53-та минута кога играчот на гостинскиот тим, Марко Полетановиќ, остана да лежи на земја, откако во негова близина експлодира „топовски удар“.
Само 15 секунди подоцна, експлодира уште еден „топовски удар“, недалеку од главата на фудбалерот на Војводина. Полетановиќ веднаш стана, а потоа разни предмети полетаа кон теренот… За среќа, тука сè заврши.
Судијата Живковиќ накратко се консултираше со делегатот Владо Глоѓовиќ, познат службеник за обезбедување на УЕФА. Беше донесена одлука натпреварот да продолжи.
На потег е Фудбалскиот сојуз на Србија, но прашање е дали има моќ да се справи со навивачкото дивеење, бидејќи пред само една недела слични сцени имаше и на натпреварот на кој Црвена звезда го славеше својот роденден.
Foto/ Starsport/Peđa Milosavljević