Спорт
Гаљардини го напушти Интер
Роберто Гаљардини во слободен трансфер го напушти Интер. Од многуте понуди кои ги доби, 29. годишниот фудбалер ја избра онаа на Монца.
Гаљардини со Монца потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година.
Гаљардини беше член на Интер седум и пол сезони, а за тој клуб забележа 190 настапи.
Монца досега ги донесе Песина од Аталанта за 12 милиони, Петања од Наполи за 10, Капрари од Верона за 7,5 милиони, Пабло Мари од Арсенал за 5 милиони, Кранио од Каљари за 3,6 милиони и Ицо од Торино за 3 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еден играч на Барселона ќе остане во Саудиска Арабија
Фудбалерите на Барселона во моментов се во Саудиска Арабија каде во недела од 20 часот ќе играат во финалето на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид.
Враќањето во Каталонија е закажано за понеделник, а шпанските медиуми пишуваат дека еден од играчите на Барса би можел да остане во Саудиска Арабија и таму да ја продолжи кариерата.
Станува збор за холандскиот играч за врска Френки де Јонг, кој е на трансфер листата и Барселона сака што поскоро да го реши неговиот статус, со оглед на тоа што стана јасно дека нема намера да го продолжи договорот со клубот.
Договорот на Де Јонг е до летото 2026 година и тој сака да остане во Барса до крајот на истиот, а потоа да бара нов клуб како слободен играч.
Барселона не сака такво сценарио и е решена да го продаде и на тој начин да ја избегне опцијата негово бесплатно заминување.
Де Јонг долго време се поврзуваше со неколку клубови од Англија, а сега се појавија информации дека еден од богатите тимови од Саудиска Арабија навистина го посакува и е подготвен да го купи веќе овој месец.
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека саудискиот клуб на Де Јонг му нуди богатство, но прашање е дали тој сака да игра во Саудиска Арабија или неговата цел е да остане во Европа.
Тренерот Ханси Флик јасно му стави до знаење дека неговиот статус нема многу да се промени во преостанатиот дел од сезоната и дека неколку играчи од средниот ред имаат предност кога е во прашање минутажата, па останува да се види дали Холанѓанецот ќе остане на средината. Исток во понеделник…
Барса потроши над 85 милиони евра за да го донесе Де Јонг од Ајакс во 2019 година, но тој не ги оправда баш големите очекувања.
Спорт
Ѓоковиќ на прес во Мелбурн, не сакаше да зборува за наводите дека во 2022 година го труеле со храна
Труењето со храна на Новак Ѓоковиќ додека беше во притвор пред и за време на Австралија Опен во 2022 година продолжува да биде централна тема во тениските кругови, но најдобриот тенисер на сите времиња не сака повеќе да зборува на оваа тема.
Моментално седмиот играч на АТП листата истакна дека во споменатото интервју кажал се што имал да каже и дека сега е целосно фокусиран на она што го очекува оваа година на терените на тенискиот комплекс во Мелбурн.
„Интервјуто во кое зборував за труење со храна излезе пред ден-два, но беше снимено пред многу месеци и не би сакал повторно да зборувам на таа тема. Ме очекува нов предизвик во Мелбурн, каде што прв пат учествував далечната 2005 година и се сеќавам дека изгубив од Марат Сфаин, кој подоцна го освои пехарот. Бев млад и верував дека еден ден ќе го направам истото, а само три години подоцна дојде првиот Грен слем во Мелбурн“, изјави Новак Ѓоковиќ.
Кога веќе не беше расположен да зборува за неспортски теми, главна тема на разговор со претставниците на медиумите во Австралија беше неговата новоформирана соработка со Енди Мареј.
„Се знаеме долго време. Мислам дека првиот дуел го одигравме еден против друг кога имавме 12 години. Тој е некој кој многу добро ме познава и нема потреба да трошиме зборови за каков шампион станува збор. Мислам дека се ќе биде во ред“.
Ѓоковиќ во првото коло на Австралија опен ќе игра против Нишеш Басавери. Мечот е на програмата во ноќта помеѓу понеделник и вторник по македонско време.
Спорт
Ако Квича се пресели во ПСЖ, Наполи ќе го донесе Киеза
Квича Кварацкелија е чекор поблиску до трансфер во ПСЖ тврдат медиумите на Апенинскиот полуостров. Крилниот напаѓач има желба да се пресели во француската престолнина, а Наполи ја означи неговата замена. Според медиумите претседателот на клубот ја намалил цената која треба да ја плати клубот од Париз.
ПСЖ од летото се обидува да го ангажира најдобриот грузиски фудбалер. Тренерот Луис Енрике го означи како идеална замена за Килијан Мбапе кој како слободен играч се пресели во Реал Мадрид.
Јасен сигнал дека Кварацхелија сака да го напушти Наполи е тоа што преговорите околу новиот договор се уште се на почеток.
Првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис се помирил со тоа дека фудбалерот сака да замине. Медиумите тврдат дека репил да ја намали цената од 100 на 80 милиони евра. ПСЖ му нуди на Кварацхелија четири пати поголема плата од онаа што ја добива во Наполи. Доколку се пресели во Париз годишно ќе заработува осум милиони евра.
Наполи се подогтвува за заминувањето на Кварацхелија, во клубот на позајмица од Ливерпул треба да пристигне Федерико Киеза.