Спорт
Галатасарај го бара Ковачиќ на позајмица

Тренерот на Галатасарај, Окан Бурук сака на позајмица да го доведе фудбалерот на Манчестер сити, Матео Ковачиќ.
Бурук е незадоволен од францускиот фудбалер Танги Ндомбеле, поради што побара од раководството на клубот дали може да го доведат Ковачиќ, во јануарскиот преоден рок.
Галатасарај моментално има 37 бода, колку што има и Фенербахче со кој сигурно ќе се бори за титулата.
Сепак, мала е веројатноста овој трансфер ќе се случи.
Ковачиќ летово пристигна во Манчестер сити од Челзи и оттогаш забележа 15 настапи, од кои шест како стартер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вирц ќе отсуствува неколку недели

Во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Баерн, најдобриот играч на Баер, Флоријан Вирц, заработи повреда на колкот што ќе го оддалечи од терените неколку недели, потврдија од клубот од Леверкузен.
Изминатиот викенд беше ноќна мора за тимот на Чаби Алонсо. Загубија на домашен терен од Вердер Бремен (0:2) и останаа без најдобриот играч, кој теренот го напушти со патерици.
Баер потврди дека нема да може да смета на него во следните неколку недели поради повреда на зглобот. Тоа значи дека Вирц ќе го пропушти натпреварот против Баерн, но и други важни натпревари сега кога сезоната е при крај.
Баер во вторник од 21:00 часот игра на домашен терен против Баерн Минхен. Првиот натпревар заврши со победа на Баварците од 3:0.
Спорт
Јувентус среде ноќ го контактирал Игор Тудор

Фудбалскиот клуб Јувентус очигледно бара замена за Тиаго Мота. Мота ја нема најдобрата сезона откако пристигна од Болоња, а тешкиот пораз во Торино од Аталанта (4:0) дополнително „под лупа“ ја стави неговата позиција како шеф на стручниот штаб.
Покрај тоа, Јуве беше елиминиран од Лигата на шампионите од ПСВ, а потоа и од Купот на Италија од Емполи.
Италијанските медиуми веќе наголемо шпекулираат со името на можниот наследник. Најновите информации кои доаѓаат од Апенините се дека среде ноќ челници на Јувентус го контактирале Игор Тудор.
Хрватскиот стручњак (46) е без работа откако го напушти Лацио во 2024 година по една полусезона.
Тудор во кариерата го носеше дресот на „Старата дама“ од 1998 до 2007 година, во наведениот период освои две титули во Серија А.
Тренерската кариера ја започна во 2013 година во Хајдук Сплит, а има работено и во ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона, Марсеј и Лацио.
Спорт
Нејмар повторно повреден

Нејмар повторно ќе мора да паузира. Искусниот и прославен бразилски напаѓач на претходниот меч не беше во составот на Сантос, поради нова повреда. Нејмар не се чувствувал подготвен и не се најде ниту на клупата за резерви.
Бразилецот се пожали на болки кои ги чувствува веќе неколку недели, но овојпат тоа го спречи претходната вечер да настапи за Сантос.
„За жал, чувствував болка во последните неколку недели… Навистина сакав да му помогнам на тимот, направивме тестови ова утро, но повторно почувствував болка“, рече Нејмар.
Нејмар беше во подем и во добра форма. Тој дури повторно беше повикан во репрезентацијата на Бразил, но сето тоа сега е под знак прашалник бидејќи не се знае колку време ќе отсуствува од терените.