Спорт
Гарсија го освои завршниот ВТА мастерс
Француската тенисерка Каролин Гарсија, која до неодамна беше шеста во светот, во голем стил ја заврши ВТА сезоната. Во финалето на завршниот Мастерс во американски Форт Ворт, 29.годишната тенисерка ја победи Белорусинката Арина Сабаленка со резултат 2:0.
Во сетови беше 7:6 (4), 6:4 по 102 минути игра за тенисерката на Сен Жермен ан Леј, која ја освои 11. титула во кариерата.
Гарсија ќе ја заврши сезоната на четвртото место на ВТА листата со што ќе го повторни најдобриот ранкинг во кариерата кој го имаше уште во 2018 година.
Гарсија блескаше во вториот дел од сезоната и успеа да се врати во самиот врв на светскиот тенис. Пред една беше под 70.та позиција на листата.
Таа во последните шест месеци, покрај во Форт Ворт, освои титули и во Бад Хомбург, Варшава и Синсинати.
Исто така, Каролин стана втората Французинка во историјата која го освоила последниот Мастерс, пред 17 години тоа го направи легендарната Амели Морезмо.
Во дуелот со Сабаленка, Французинката која во полуфиналето ја елиминира Марија Сакари, не се соочи со ниту една брејк топка и заслужено дојде до трофејот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Да имаше Бог во фудбалот… Папата ќе беше тренер, а Ватикан светски шампион“
Режисерот на историската европска титула на Португалија, со интересна изјава откри што мисли за улогата на верата во спортот.
Летото во 2016 година, Фернандо Сантос и неговите избраници ѝ ја донесоа на Португалија историската прва титула на ЕУРО. Со голот на Едер во продолжението предизвика ја победија Франција со 1:0.
За титулата, 71-годишникот не им припишува никаква заслуга на повисоките сили.
„Да беше така, Ватикан секогаш ќе беше шампион. Ќе стававме свештеници да играат, Папата ќе беше тренер, а тие секогаш ќе беа шампиони! Бог ми помогна многу, но тоа беше на емоционално ниво. Ми даде мир, спокојство и никогаш не ме напушти. Сепак, тој не се грижи за тактички работи“, рече искусниот стручњак со насмевка, за португалски „Рекорд“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.

