Спорт
Гарсија ја освои Варшава, Бoузкова со деби трофеј во Прага

Каролине Гарсија го продолжи своето фантастично лето, победувајќи ја Романкат Ана Богдан со 6:4/6:1 за титулата од Полска опен во Варшава, нејзина деветта титула во кариерата.
Поранешната светска тенисерка број 4, Французинката Гарсија сега има 18 победи во своите последни 21 мечеви, откако во Бад Хомбург пред пет недели ја освои првата титула по пауза од три години, по што играше и во полуфинлето во Лозана и четврт-финалето во Палермо. Во Варшава, таа успеа да ја совлада светската тенисерка број 1, Ига Швјонтек, која претходно имаше 18-0 скор на земјена подлога оваа сезона.
Во Прага пак, домашната фаворитка, 24-годишната Мари Боузкова загуби само три гема за 6:0/6:3 победа над Русинката Анастасија Потапова за своја прва ВТА титула во кариерата. Боузкова е петта тенисерка со деби ВТА титула оваа сезона покрај Потапова, Мартина Тревизан, Беатриз Хадад Маја и Бернарда Пера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Голден стејт без Кари направи брејк во Минеаполис

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ги победија Минесота Тимбервулвс со 99:88 во второто коло од плејофот на Западната конференција.
Голден Стејт Вориорс без Стеф Кари, славеа на теренот во Минеаполис. Кари го напушти натпреварот по нешто помалку од 13 минути на теренот откако почувствува болка во задната ложа.
Ќе му биде направена магнетна резонанца и иако се верува дека повредата не е сериозна, тренерот на Вориорс, Стив Кер, изјави: „Дефинитивно мислиме дека нема да може да игра во четврток. Сè уште не знаеме, но што се однесува до задната ложа, тешко е да се замисли дека ќе може да игра.“
Дури и без Кари, Голден Стејт одигра одличен натпревар во кој клучната предност ја стекнаа во втората четвртина и повеќе не ја испуштија. Предноста на гостите во третата четвртина изнесуваше максимални 23 поени, а Минесота успеа да го ублажи поразот само во последната четвртина.
Бади Хилд беше херојот. Одличниот шутер го замени повредениот Стеф Кари и ги предводеше Вориорс до победа со 24 поени, 8 скока и 3 асистенции.
Друштво му правеше Џими Батлер кој постигна 20 поени со 11 скока и 8 асистенции, додека Дрејмонд Грин имаше 18 поени, 8 скока и 6 асистенции. Минесота ја предводеше Ентони Едвардс со 23 поени, 14 скока и 2 асистенции. Наз Рид уфрли со 19 поени, еден повеќе од Џулиус Рендл.
Спорт
(Видео) Бес во Барселона: Имаше фаул врз Мартин пред третиот гол на Интер

Интер е првиот финалист на Лигата на шампионите откако ја победи Барселона со 4:3 по продолженија во спектакуларниот реванш од полуфиналето на домашен терен, со што се пласираше во натпреварот за титулата европски шампион со вкупен резултат од 7:6. Таму го чека подобриот од двојката ПСЖ – Арсенал, кои играат возвратно вечерва.
Франческо Ачерби постигна гол за Интер во третата минута од судиското продолжение за 3:3 и продолжение. Таму, во 99-тата минута, Давиде Фратеси постигна гол за конечен пресврт на Интер, победа од 4:3.
Барселона е револтирана од судењето на Шимон Марчинијак. Тренерот Ханси Флик, неколку играчи и навивачи на каталонскиот клуб и локалните медиуми тврдат дека тој ја проценил секоја сомнителна ситуација во корист на италијанскиот шампион.
Полскиот судија е особено критикуван затоа што не се огласил непосредно пред голот што го спаси Интер од пораз и испаѓање во третата минута од судиското продолжение.
Во таа ситуација, Интер беше во напад, но играчот на Барса, Жерар Мартин, пресретна додавање кое влезе во опасната зона на десното крило. Веднаш потоа, играчот на Интер, Дензел Дамфрис, стартува со десната нога врз десната нога на Мартин, додека играчот на Барса ја има топката. Мартин падна очекувајќи прекршок. Сепак, Марчинијак не досуди ништо, па во продолжението од акцијата Дамфрис на пред голот, каде Франческо Ачерби постигна гол за 3:3 и делириум на Меаца.
Во продолженијата Интер избори пласман во финалето на Лигата на шампионите. Барселона тврди – незаслужено, најмногу поради овој неказнет почеток.
Alleged foul on martin before inter equalised in the last minute.
byu/WhyChemistry insoccer
Спорт
Ерика Гарсија: Не успеавме поради работи што беа надвор од наша контрола

Барселона не успеа да се пласира во финалето во Лигата на шампионите. Во два спектакуларни натпревари, Интер славеше со вкупен резултат 7:6. По нерешениот резултат 3:3 во спектакуларниот прв натпревар, италијанскиот тим ја победи Барселона со 4:3 по продолженијата и со тоа се пласираше во второто финале во последните три сезони.
Барселона губеше со 2:0 на полувреме, а во 88-та минута имаше водство од 3:2, но сè се распадна во последните секунди кога примија гол за 3:3. Во 99-та минута, преку Давиде Фратеси, Интер го постигна решавачкиот гол.
Ерик Гарсија од Барселона, стрелецот на голот за 2:1 во 54-та минута, беше разочаран по испаѓањето: „Мислам дека фудбалот беше многу неправеден кон нас. Влеговме во второто полувреме со негатива од 2:0 и тимот повторно покажа карактер.
Овој тим е неверојатен, а истото важи и за навивачите кои отсекогаш нè поддржувале. Не знам што се случува на овој стадион, но поради работи што не беа под наша контрола, не бевме во можност да го постигнеме она што го сакавме“, рече Гарсија и дополни.
„Сите знаеме што се случи со судијата минатиот пат кога игравме тука. Но, мора да бидеме горди. Ова беше година во која никој не веруваше во нас, а погледнете што успеавме да направиме. Бевме подобри од нив, но кога ќе примите гол во 93-та минута, тоа многу боли. Во продолженијата, тие се затворија и се бранеа добро. Ова нема да нè поколеба за Ел Класико. Напротив, заклучоците се многу позитивни. Во Барселона нема преодни сезони“.