Спорт
Гасли: Приоритет ми е Ред Бул, може да имам шанса во 2023 година

Пјер Гасли – пилотот на Алфа Таури се осврна на шансите за враќање во Ред Бул. Тој се согласи дека следниот потег ќе биде клучен во неговата кариера.
„Верувам дека трансферот ќе биде клучен. Да видиме како ќе ги гледаат следните две сезони во Ред Бул. Осум години сум во системот, ова е долго време. Сега имаат многу брз автомобил. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со Макс Ферстапен, како ќе се договорат, но, се разбира, треба да размислам и за мојата кариера. Јас сум уште многу млад. Имам 25 години и целта ми е да бидам првиот кандидат за овие момци кога е потребна замена. Во моментов сум на деветтото место во првенството. Сите осум возачи кои ја завршија сезоната пред мене се за екипите кои ги освоија првите четири места во конструкторскиот шампионат. За мене е важно да покажам дека ќе бидам очигледен избор во случај на слободно работно место. Секако, приоритет ми е Ред Бул, но засега тие одлучија да го задржат Серхио Перез. Не знам што планираат. Тие рекоа дека можеби во 2023 година може да има шанса. Ќе се обидам да дадам се од себе, но ова е дискусија што ќе ја водиме следната сезона со Ред Бул“ рече Гасли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Квитова го освои Мастерсот во Мајами

Чешката тенисерка Петра Квитова го освои Мастерсот во Мајами, откако во финалето ја совлада Елена Рибакина.
Во моментов 12. на ВТА листата до триумфот на Флорида стигна со резултат 7:6 (14), 6:2 по еден час и 42 минути игра.
Посебно драматичен беше првиот сет, кој беше решен по маратонски тај-брејк, во кој тенисерите влегоа по размена на брејкови во финишот.
Двете имаа по пет сет-топки, но Квитова беше таа која ја искористи својата и поведе во мечот.
На почетокот на вториот сет, во вториот гем, Квитова и го одзеде сервисот на својата ривалка, а со вториот брејк во овој сет, во осмиот гем, означи крај на мечот. Во вториот сет Квитова за уште еден степен го подогна нивото на подигна својата игра, одигра речиси без грешка. Во вториот сет направи само три неизнудени грешки, а имаше 12 винери,
Квитова на тој начин ја спречи Рибакина да го освои Мајами по Индијан Велс и да ја комплетира „Саншајн дабл“ турнејата.
Во машкото финале в недела од 19 часот се среќаваат Данил Медведев и Јаник Синер.
Спорт
Убедлив триумф на Барселона во Елче

Фудбалерите на Барселона ја оправда фаворитската улога и славеа убедлива победа на гостувањето кај последно пласираниот тим во Примера, Елче. Барса во Елче победи со 4:0 и ја зголеми предноста во однос на реал на 15 бода. Реал утре ќе го одигра својот натпревар од ова коло.
Во комбиниран состав, со Ерик Гарсија на позицијата на која незаменлив е Серхио Бускетс, Барселона отпорот на домаќинот го скриши во 20.минута. Стрелец беше Левандовски.
Повеќе од половина час се чекаше на следниот гол. По критиките што ги упати таткото Фати кон тренерот Чави, неговиот син се најде во стратната постава и постигна гол во 56.минута.
10 минути подоцна Левеновски го постигна својот втор гол, а точка на мечот стави Феран Торес во 70.минута.
Спорт
Јувентус ја победи Верона

Јувентс потешко од очекувањата ја порази Верона со 1:0, во последниот меч од саботната програма во Серија А. Стрелец на единствениот гол беше Мојс Кен.
Во 37. минута Јувентус ја погоди стативата преку Данило, а решавачкиот момент се случи во 56. минута.
Мануел Локатели одлично го одигра Кен, тој влета во вистинско време и рутински ја затресе мрежата на Верона.
До крајот на натпреварот по една добра шанса на двете страни.
Филипи Терачиано промаши за гостите во 83. минута, голманот Војичех Шченсни одлично реагираше, а четири минути подоцна не беше прецизен ниту Бремер на спротивната страна, шутираше високо над голот.
Јувентус се седми на табелата со 40 поени и со реални шанси и покрај казната да стигнат до четвртото место на табелата, додека Верона на 18. позиција има 19 поени.
Во следното коло Јувентус е домаќин на Лацио на 8 април, додека Верона истиот ден го пречекува Сасуоло.