Спорт
Гатузо го отстранил Перишиќ поради недисциплина
Иван Перишиќ веројатно најголемото и најзвучно засилување во историјата на Хајдук со одлука на тренерот Џенаро Гатузо е исфрлен од првиот тим.
Хајдук, в недела од 18:30 часот ќе одигра натпревар од второто коло во хрватскиот шампионат против Локомотива во Загреб.
Пред натпреварот, тренерот Гатузо донесе одлука која ја шокира хрватската јавност. Поради недисциплина го исфрли од тимот Иван Перишиќ и тој нема да биде во конкуренција за натпреварот против Локомотив.
Засега, како што објавија хрватските медиуми, не се знае кога ќе се врати Перишиќ и каква ќе биде неговата понатамошна судбина.
Перишиќ сезонава забележа четири настапи и одигра само 149 минути, без конкретен учинок.
Ова не е прв пат Гатузо да исфрли важен играч од тимот на Хајдук. Пред гостувањето на Фарските Острови, Илијанецот го отстрани Емир Сахити (25) поради недисциплина, но Сахити беше вратен тимот веќе за следниот натпревар против Славен Белупо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рома во 96.минута ја испушти победата во Џенова
Рома и по четири кола во Серија А се уште нема победа. Попладнево, Рома во Џенова одигра 1:1. „Волчицата“ има три бода и со оглед на вложувањата во летниот преоден рок, прв на удар е тренерот Даниеле Де Роси.
Рома победата на „Луиџи Ферарис“ ја испушти во 96.минута. Претходно „волчицата“ еден час имаше предност, до која стигна со голот на Довбик.
Најдобриот стрелец во Ла Лига минатата сезона, кој во Рома дојде од Џирона за речиси 40 милиони евра, во 37.минута го постигна првиот гол во дресот на Рома.
Бод за Џенова обезбеди Де Винтер во 96.минута.
Спорт
(Видео) Пјастри го победи Леклер во Баку, катастрофа за Перез и Саинц
Оскар Пјастри ја освои Големата нагада на Азербејџан пред Шарл Леклер кој стартуваше од пол-позицијата и Џорџ Расел. Трката во Баку долго ќе се прераскажува, поради борбата за првото место меѓу Пјастри и Лекпер, глупоста која ја направи вториот возач на Ферари, Карлос Саинц на два круга до крајот и Оливер Берман кој стана првиот возач во историјата со осовени поени за две различни екипи.
Леклер на стартот ја задржа пол-позицијата и лидер беше до 20 круг кога Пјастри со храбар маневар го презеде првото место. До 48 круг, Лкелер се обидуваше но не успеа да го загрози водечката позиција на Австралиецот, а од „страна“ сето тоа го следеше Серхио Перез.
Во претпоследниот круг Перез го нападна Леклер, возачот на Ферари успеа да се одбрани, а Мексиканецот ја загуби позицијата и од второто Ферари. Но на излезот од првиот своиок Санц направи ужасен маневар, удри во Перез и тука трката заврши.
LAP 50/51
WOW.
Leclerc defends from Perez, which allows Sainz past, and then the Ferrari and Red Bull collide into the barriers on the run down to Turn 3!
VSC deployed 🟡#F1 #AzerbaijanGP pic.twitter.com/u8GzV3ONPA
— Formula 1 (@F1) September 15, 2024
Со безбедносното возило на чело возачите влегоа во целта.
Пјастри ја прослави втората победа во кариерата, втора оваа сеозна по трката во Унгарија, Лкелер е втор, Расел трет, а бодови во Баку освоија и Норис, Ферстапен, Алонсо, Албон, Колапинто, Хамилтон и Берман.
По трката во Азербејџан, Мекларен ја презеде лидерската позиција во борбата за конкструкторската титула.
Следната трка се вози во Сингапур.
Спорт
Голема трагедија: Загина Лука Салвадори
Италијанскиот мотоциклист Лука Салвадори им подлегна на повредите здобиени во несреќа за време на улична трка, соопшти неговиот тим.
„Со бескрајна тага ја објавуваме загубата на нашиот Лук Салвадори. По несреќата на патеката Фрохбург, поради повеќекратните повреди со кои се здоби, не можеше да се бори и не’ напушти. Нашето најдлабоко сочувство го изразуваме до членовите на неговото семејство“ – тимот на Лука Салвадори.
Салвадори почна со улични трки по престојот во МотоЕ шампионатот. Тој беше натпреварувач и во италијанскиот супербајк шампионат, а остана познат и на социјалните мрежи, бидејќи на „Инстаграм“ имаше 415.000 следбеници, додека на својот канал на Јутјуб има 583.000 претплатници.