Спорт
Гатузо не оди во Рома: Имам уште две години договор со Милан
Џенаро Гатузо инсистира дека не е заинтересиран за шпекулациите кои велат дека тој е следниот тренер на Рома бидејќи има многу работа со Милан, со кои има уште две години од договорот.
„Волчицата“ е во потрага по постојан тренер откако го отпуштија Еузебио ди Франческо минатиот месец по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите. Клаудио Раниери е преоден тренер до крајот на сезоната, но легендата на клубот Франческо Тоти наводно инсистирал Гатузо да дојде следната сезона. Од друга страна, 41-годишниот Гатузо нема најсигурна работа во Милан, по шпекулациите за конфликт со спортскиот директор Леонардо и тешката ситуација во борбата за пласман во ЛШ – Милан има освоено само еден поен од последните можни 12 во Серија А.
„Уживав кога Паоло Малдини кажа дека јас имам силен карактер. Имам уште две години од договорот и мојата цел е да се вратам во Лигата на шампионите. Другите работи се чисти шпекулации“, вели Гатузо.
Милан е четврт во Серија А, но со ист број поени со Аталанта и само еден поен пред Аталанта на седум меча пред крајот. В сабота тие играат против Лацио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Заедно за Македонија! Почнува ЕУРО 2026 – да навиваме како едно срце!
Утре во Шведска започнува едно од најголемите спортски случувања во Европа – Европското првенство во ракомет ЕУРО 2026, а македонската ракометна репрезентација повторно излегува на терен со срце, борбеност и гордост да ја претставува Македонија.
Како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, компанијата Гранд Ауто, заедно со брендот CHERY – официјален партнер, упатуваат силен и гласен повик до сите навивачи:
Да бидеме заедно, да навиваме гласно и да ја испратиме нашата енергија до Шведска!
Репрезентацијата секогаш црпела сила од поддршката на навивачите, а сега, повеќе од кога било, е време да покажеме дека Македонија знае да стои зад своите херои – без разлика каде играат.
🎉 Навивај и добиј!
За да ја засилиме навивачката енергија и да ја споделиме радоста со фановите, CHERY подготви специјални подароци:
🎽 оригинални и потпишани дресови од македонската репрезентација
🤾♂️ официјални ракометни топки
Овие подароци се симбол на заедништвото, страста и вербата во нови победи на ЕУРО 2026 а ќе се делат преку официјалните канали на социјалните мрежи на CHERY:
Да навиваме со срце, да бодриме со гордост и да покажеме дека кога Македонија игра – сите сме на теренот!
Со среќа, момци!
Македонија е со вас!
ПР
Спорт
(Видео) Гризман го постигна можеби најубавиот гол во кариерата
Антоан Гризман (34) постигна речиси 350 гола во својата имресивна кариера, но оној што го постигна во осминафиналето на Купот на Кралот зазема посебно место. Атлетико Мадрид победи кај Депортиво Коруња со 1:0, а голот што го постигна Гризман во 61-та минута беше прекрасен.
Гризман изведе слободен удар од околу 20 метри од голот, малку дијагонално од десната страна, така што со левата го префрли живиот ѕид и погоди кадеш што се спојуваат пречката и стативата. Голманот на Депортиво остана закопан на гол-линијата и со поглед ја испрати топката во мрежата.
Голоот можете да го погледнете Тука:
„АС“, во денешното издание вака ја коментира големата мајсторија на Гризман.
„О, ла ла! Гризман постигна еден од најспектакуларните голови во неговата кариера! Французинот направи брилијантен потег. Тој изведе извонреден слободен удар и постигна златен гол.“
Ова е 10-от гол на Гризман во 28-от натпревар оваа сезона. Неговите бројки во Атлетико се спектакуларни. Тој одигра 473 натпревари, постигна 208 и намести 94 гола.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Аматер освои милион долари во Мелбурн
Аматерот, Австралиецот Џордан Смит го освои „One Point Slam“ во Мелбурн.
Смит, кој ја претставуваше тениската академија „Касл Хил“ од Нов Јужен Велс, во финалето ја победи Џоана Гарланд, 117-та тенисерка во светот.
Во натпреварот за трофејот, Гарланд одлучи да сервира, но потоа ја „предаде“ бекхендот, на општо задоволство на „Род Лејвер Арена“.
На патот до финалето, Смит го елиминираше и Јаник Синер, откако Италијанецот направи грешка при сервисот.
The world number two beaten by a local amateur! 👏
Jordan Smith's upset is what the 1 Point slam can provide, driven by @kiaaustralia pic.twitter.com/g7PHNf3G4G
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 14, 2026
За победата на овој турнир, Смит освои точно еден милион австралиски долари.
Инаку, тој почнал да игра тенис кога имал само три години, едно време се натпреварувал против Камерон Нори и Саша Зверев во јуниорската конкуренција, но никогаш не играл во сениорската.
29-годишникот го обезбеди своето место во главната ждрепка преку квалификацискиот турнир. Покрај овој милион долари, тој заработи уште 50.000 благодарение на пласманот во главната ждрепка.
На ждрепката имаше навистина врвни играчи. Покрај Синнер, тука беа и Карлос Алкараз, Саша Зверев, Ник Кирјос, Данил Медведев, Ига Швјонтек, Наоми Осака…
Учествуваа точно 64 натпреварувачи, секој натпревар се играше за еден освоен поен, со оглед на тоа што професионалците имаа еден, а аматерите два обиди на сервисот.
Foto/ EPA

