Спорт
Газдата на Хапоел: Ќе ги купам сите ѕвезди на Црвена звезда и бесплатно ќе им ги препуштам на Партизан
Една од главните теми во европската кошарка во последните денови е статусот на Џонатан Мотли, инаку играч на Хапоел од Тел Авив. Вчера израелските медиуми објавија дека Мотли си ги собрал работите и го напуштил клубот.
Мотли, поранешен играч на Фенербахче, се поврзува со Црвена звезда, но според специјализираните кошаркарски портли, интерес за него покрај српскиот клуб, шокажале уште четири клубови.
Сопственикот на Хапоел, Офер Јанаи кој вложи многу пари минатото лето за да се обиде преку Еврокупот да влезе во Евролигата, ја „отвори душата“ за „Спорт клуб“.
„Во средата ми пријде меначерот на Мотли и ми кажа Мотли сака да си оди. Прашав „зошто“, а тој ми одговори „поради војната“. Реков „како поради војната?“, типот сака да излегува во Тел Авив, има толку многу девојки овде, тој излегува секоја вечер, се забавува, ужива. А за војната? Во моментов нема војна, а ако тоа му е проблем може да остане во Белград“, изјавил Јанаи и продолжи со обајснувањето.
„Тој ми одговори „не, не, тој сака веднаш да оди“. Му кажав дека не се зае…а со мене, тој ми рече дека Мотли сака да замине поради војната. Тоа беше крајно чудно и реков дека е неприфатливо, се разбира”.
Јанаи откри дека во Хапоел дознале дека Звезда му понудила на Мотли повеќе пари отколку што тој моментално заработува.
„Тука има договор од милион и пол долари, а Звезда му понуди 2,1 или 2,2 милиони, нешто слично. Тие информации ги добивме од повеќе извори, тоа го знаеме. Ја слушнав изјавата од спортскиот директор Милан Дозет дека не се заинтересирани за Мотли. Мислам дека тоа го кажа чисто за да го исполни правниот аспект. Ако не е така, ако навистина направат чекор назад и ја донесат таа одлука… Ако почнат да ме почитуваат, тогаш можеме повторно да бидеме пријатели“.
„Многу клубови би сакале да го доведат Мотли бидејќи тој е одличен играч, но времето за такво нешто беше во јуни, кога го доведовме ние. Тогаш се прават договори, а после тоа договорите мора да се почитуваат, никој не може да дејствува надвор од тоа. Тоа е јасно, очигледно. Сите што сакаат да се фокусираат на израелските тимови поради војната, дали тоа значи дека ние можеме да им ги земаме играчите на рските тимови бидејќи Русија е во војна?
Претходните денови медиумите ја пренесоа информацијата дека Јанаи е подготвен да испрати контрапонуди до играчите на Звезда. Газдата на Хапоел го демантира ова.
„Не, јас не ги испратив тие понуди, но реков дека ако ми го земат играчот, ќе испратам контра понуди за сите нивни ѕвезди. Не значи дека ќе сакаат да дојдат да играат за Хапоел, но јас ќе земем, потоа ќе можат да одат каде сакаат. Можеби бесплатно ќе им ги препуштам ан Партизан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мектоминеј го запре Интер на „Џузепе Меаца“
Фудбалерите на Интер и Наполи одиграа нерешено 2:2 во дерби натпреварот од 20-то коло од Серија А.
Нероаѕурите не го искористија вториот последователен неуспех на Милан, кој ремизираше со Фиорентина. Наполи ја прекина серијата од шест последовни победи во која се наоѓаше Интер.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го одигра целиот натпревар, му аситираше на Скот Мектоминеј за првиот гол. Без сомнение ова беше најдобриот меч од почетокот на сезоната за Елмас. Според италијанските медиуми беше вториот најдобро оценет играч на Наполи, подобар од него беше само стрелецот на двата гола Мектоминеј.
Интер два пати водеше во дербито, но Мектоминеј не му дозовли да победи. Ди Марко го постигна првиот гол по девет минути игра, а изеднаши Шкотланѓанецот во 26-та.
Овој резултат се смени во 73-та минута кога Чалханоглу погоди од пенал. На пеналот му претходеше дуел меѓу рахмани и Мхитаријан, а судијата Довери досуди пенал по интервенцијата од ВАР собата. Поради неговата одлука бурно протестираше тренерот на Наполи, Антонио Конте, па доби црвен картон.
Осум минути подоцна, Мектоминеј изедначи на 2:2, откако ја следеше акцијата на Ноа Ланг. До крајот Интер имаше шанса за победа, но ударот на Мкитаријан во 95-та минута заврши во стативата.
Интер остана лидер на табелата со 43 поени, три повеќе од Милан и четири од Наполи и Рома.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Барселона го одбрани трофејот во Суперкупот на Шпанија
Фудбалерите на Барселона го одбранија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Џеда, го победија најголемиот ривал Реал со 3:2.
Вечните ривали, одиграа добар меч и покрај тоа што во првите 30 минути, двата тима ги одработуваа тактичките замисли на своите тренери. Во тој период две солидни шанси имаше Реал, преку Винисиус и Гонзало Гарсија. Двајцата лошо шутираа, па на голманот на Барселона, Џоан Гарсија не му беше тешко да ги одбрани нивните удари.
Барселона првата шанса ја имаше во 35-та минута, Рафиња излезе сам пред Курота,но реализицијата на Бразилецот беше ужасна. Една минута подоцна, од многу потешка позиција Рафиња успеа да погоди.
Потоа лудница во петте минути од судиското надополнување на времето. Магичен потег на Винисиус за 1:1, брилијантна асистенција на Педри за Левандовски, чии прием и реализиција беа уште подобри и за крај гол на Гонзало Гарсија за 2.2.
Вториот дел не донесе возбудувања, имаше и еден лош период, кога играчите на двата тима со прекршоци ја сечее играта на противникот.
Моментот на одлука се случи во 730та минута, кога Рафиња со многу среќа втор пат го совлада Куртоа.
И потоа повотрно лудница во судиското надополнување на времето. Де Јонг поради груб старт врз Мбапе доби црвен картон. Рашфорд во 95-та минута имаше шанса да го реши мечот, биеше крај голот.
Во 96-та Карерас од 10 метри, не успеа да изедначи, ударот беше слаб и одеше директно во голманот на Барселона, а во 97-та минута, Раул Асенсио се обиде со глава, но и неговиот удар лесно го скроти Џоан Гарсија.
Foto/ EPA
Спорт
Крај на сезоната за Конор Бредли
Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја завеши сезоната, по повредата со која се здоби во четвртотокот, против Арсенал (0:0). Дефанзивецот ќе мора да го оперира повреденото колено на левата нога, објави денес шампионот на Англија.
„Бредли заработи повреда на коленото во последните минути од натпреварот од Премиер лигата на гостински терен против Арсенал во четвртокот навечер. Бредли ќе биде опериран во наредните денови, а потоа ќе започне период на рехабилитација. Во оваа фаза од процесот, не е одреден временски рок за негово враќање во игра“, се вели во соопштението на Ливерпул.
Англиските медиуми објавија дека сезоната е завршена за 22-годишниот десен бек.
Потврдата за сериозноста на повредата на Бредли дојде по инцидентот во судиското продолжение. Напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, го турна дефанзивецот додека тој лежеше повреден на теренот, непосредно пред да биде изнесен на носилки.
На Мартинели му беше покажан жолт картон од судијата Ентони Тејлор, а потегот на бразилскиот крилен напаѓач беше жестоко критикуван од јавноста и предизвика гнев кај играчите на Ливерпул.
Подоцна кога дозна за сериозноста на повредата на ривалот, Мартинели јавно се извини за непримерниот гест.

