Спорт
Газдата на Шефилд Венздеј бара помош од навивачите за да плати долг
Сопственикот на Шефилд Венсдеј, Дејфон Часнири побара од навивачите да соберат 2.000.000 фунти во наредните денови за да му помогнат на клубот да го исплати долгот, јавува Би-би-си.
Клубот од Чемпионшип беше ставен под ембарго за регистрација од страна на Англиската фудбалска лига во петокот. Часнири во разговор за медиумите откри дека има проблем со „протекот на пари“.
Тој е чело на клубот е од 2015 година, а сега рече дека е во целиот свет проблем се трансакциите со пари и поради тоа му се должат пари, додавајќи дека сите пари што ќе им ги дадат навивачите ќе им ги врати со камата.
„Ако 20.000 луѓе дадат по 100 фунти, тоа ќе биде доволно за покривање на долгот. Парите треба да се соберат до 10 ноември кога истекува рокот за плаќање на долгот“, рече Часнири.
Организацијата на натпреварувањето изрази загриженост за овој случај бидејќи тоа значи дека клубот не е финансиски стабилен, што дополнително може да предизвика проблеми.
Шефилд Јунајтед моментално е на дното на табелата во Чемпионшип и навивачите го покажаа своето незадоволство со фрлање тениски топчиња на теренот кога нивниот тим ремизираше 1-1 во претходното коло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Болоња на чекор до пласман во ЛШ
Фудбалерите на Болоња забележаа многу важна победа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.
Болоња го победи Наполи со 2:0.
Избраниците на Тиаго Мота, победникот го решија во раната фаза од натпреварот. Најпрво Ендој погоди во деветтата минута, а три минути подцна предноста ја зголеми Пош.
Наполи можеше да ја намали предноста на гостите во 21. минута, но Матео Политано промаши пенал.
Болоња со 18. победа во сезоната дојде на чекор до пласман во Лигата на шампионите, прв во клупската историја.
Во следното коло Болоња ќе го пречека Јувентус.
Спорт
Буденхолцер e новиот тренер на Феникс Санс
Американскиот кошаркарски стручњак Мајк Буденхолцер е новиот тренер на Феникс Санс, објави НБА.
Тој го замени Френк Вогел на клупата на Феникс, кој во четвртокот доби отказ по една сезона во клубот.
Од Феникс не ги соопштија деталите од договорот, а американските медиуми објавија дека договорот е на пет години и е вреден околу 50 милиони долари.
Во 2021 година, Буденхолцер ја освои титулата со Милвоки. Тогаш Буденхолцер со Милвоки го победи токму Феникс.
Феникс никогаш не ја освоил титулата, а во својата 56-годишна историја три пати играл во големото финале.
По пет години во Милвоки, двократниот добитник на наградата за најдобар тренер на НБА, Буденхолцер доби отказ во 2023 година, по што замина на едногодишен одмор.
Спорт
Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо
Динамо Загреб, вечерва ја обезбеди 25.шампионска титула во првенството на Хрватска. „Модрите“ го победија Осиек со 1:0, а титулата ја обезбедија багодарение на поразот на Риека во Вараждин (3:1).
Риека, во минатото коло загуби од Динамо на домашен терен и очигледно по тој пораз остнаа без амбиции. Нивниот пораз од Вараждин го искористи Динамо, победи со голот на Аријан Адеми во 73.минута и ја обезбеди титулата.
Динамо по 25. стана шампион, Хајдук има шест титули, Риека и Загреб освоија по една шампионска титула. Овие четири тима се единствените хрватски шампиони од 1991 година.