Спорт
Газдите на Формула 1 го купија и Мото ГП
Шампионатот во Мото ГП доби нов газда, компанијата Либерти Медиа, во чија сопственост неколку години е и Формула 1.
Договорот меѓу Либерти Медиа и Дорна, сопственик на комерцијалните права за Светскиот шампионат во мотоцикли, се проценува дека вреди повеќе од четири милијарди долари.
Според договорот меѓу двете страни, Дорна ќе остане независен ентитет во рамките на Либерти Медиа и ќе продолжи да го контролира првенството, што исто така значи дека Кармело Еспелета ќе остане на нејзино чело.
Во соопштението се наведува и дека седиштето на Мото ГП шампионатот ќе остане во Мадрид. Либерти Медиа ќе контролира околу 86 отсто од Дорна, додека менаџментот на шпанската компанија ќе задржи 14 отсто од акциите.
„Ова е совршен следен чекор во еволуцијата на шампионатот во Мото ГП и ние сме возбудени за тоа што им носи на Дорна, љубителите на падокот на Мото ГП и мотоциклизмот“, рече Еспелета, „Горди сме на глобалниот спорт што го имаме“. има изградено, и оваа трансакција ја почитува вредноста на спортот денес и неговиот потенцијал за раст. Либерти има неверојатно влијание врз развојот на спортот, а подобар партнер не можевме да замислиме“.
Покрај Мото ГП шампионатот, Дорна ги контролира и пониските категории – Мото2, Мото3, МотоЕ, како и Светскиот шампионат во супербајк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона падна во Сан Себастијан
Лидерот во шпанската Примера, Барселона, го забележа третиот пораз во првенството. Во Сан Себастијан, во рамките на 20-то коло, Реал Сосиедад ја победи Барселона со 2:1.
Барселона на „Реале арена“, налета на мотивиран противник, чии гол го бранеше одличниот Алекс Ремиро и „против себе“ го имаше ВАР. Два гола и беа поништени на Барселона поради офсајд во првиот дел.
Сосиедад знаеше да казни, во 32-та минута, по асистенција на поранешниот играч на Барселона, Гонзало Гедеш, Микел Ојарзабал ја затресе мрежата на Џоан Гарсија.
Израмнувањето дојде во 70-та минута, кога Маркус Рашфорд, по додавање од Дани Олмо успеа да го совлада Ремиро.
Но, радоста на навивачите на Барселона не траеше долго. Само минута подоцна, Гедеш успеа да постигне гол за 2:1.
Како што се очекуваше, Барселона ја имаше иницијативата до крајот на натпреварот, но обидите на Рашфорд и Јамал не го најдоа патот до мрежата на Сосиедад. Домашниот тим од 88-та минута играше со играч помалку, бидејќи поради остар старт, Карлос Солер доби црвен картон.
По 20 рунди во првенството Барселона има само бод повеќе од Реал, додека Сосиедад стигна до осмото место со 24 бода.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Сенегал е шампион на Африка – Брахим Дијаз трагичар, Папе Геј херој
Сенегал ја освои титулата на Африканскиот куп на нации. Во финалето, кое долго ќе се прераскажува, Сенегал го победи домаќинот Мароко со 1:0, со голот на Папе Геј во 94.минута. Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, а го обележа пеналот што го промаши Брахим Дијаз во 90+23 минута од судиското надополнување.
Сенегал, по 2021 година повторно е шампион на Африка. Мароко ќе почека на втората титула, првата ја освои пред 50 години.
Натпреварот со многу интензитет, две добри шанси за Сенегал, во првото и исто толку за Марако, во второто полувреме, на крајот мина во сенка на она што се случуваше во судиското надополнување на времето.
Најпрвин главниот судија му поништи гол на Сенегал во 93.минута, а потоа во 97-та, по интервенција од ВАР собата, Мароко доби пенал.
Сенеглаците лути од одлуката, на повик на селекторот го напуштија теренот, но не сите. Најискусниот и најдобриот Садио Мане не го послуша селекторот. Ги повика соиграчите да се вратат…А откако се вратија, топката ја зеде Брахим Дијаз, се обиде со „паненка“, но ударот беше толку лош, што буквално му ја додаде топата на голманот Менди.
CHAOS AT AFCON🤯
Senegal have a goal disallowed in injury time.
Minutes later Morocco are awarded a penalty.
Senegal players walk off in protest😡Brahim Diaz decides this is the best moment for a Panenka😬
Senegal now lead 1-0 in extra-time
— Balls.ie (@ballsdotie) January 18, 2026
Казната за промашениот пенал стигна во четвртата минута од првото продолжение, кога играчот на Виљареал, Папе Геј, од 15 метри ја закова топката зад грбот на Бону.
Шампионскиот гол можете да го погледнете Овде.
Foto/ EPA
Спорт
Лазаров: Не знам дали можам да кажам што ми е на ум, морам да внимавам да не навредам некого
Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29 против Португалија во натпреварот од 2. коло од Групата Б на Европското првенство, освојувајќи бод во драматична завршница.
Македонија го освои првиот бод на ЕП и ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Во вторник, во последното коло во групата, Македонија ќе ира против Романија, а Португалија за пртивник ќе ја има Данска.
„Не знам дали можам да кажам што ми е на ум бидејќи морам да внимавам да не навредам некого. Ние сме мала земја и сме многу деградирани! Не барам алиби, но самите видовте што се случува. Ќе ни биде многу тешко да се справуваме со вакви работи во иднина. Јавноста не нè сака, не нè поддржува, но тоа е она што ме движи во оваа работа“, рече селекторот Кирил Лазаров.
Потоа им честиташе на своите играчи за она што го покажаа против полуфиналистите на претходното Светско првенство.
„Од срце им честитам на моите играчи за она што го покажаа против полуфиналистите од претходното првенство. Во првото полувреме загубивме многу играчи, сите наши концепти се распаднаа и се создаде хаос. Се обидовме да го средиме тоа за време на паузата и некако најдовме доботна формула“, заклучи Лазаров.
Foto/ EPA

