Спорт
Газдите на Интер ќе мора да ѝ платат 157 милиони фунти на Премиер лигата!
Газдите на Интер, кинеската „Сунинг групација“, ќе мора да ѝ исплатат фантастични 157 милиони фунти на Премиер лигата по спорот за ТВ-правата на најбогатата фудбалска лига на светот.
„Сунинг“ е сопственик на ППТВ, кинеска ТВ-мрежа, која во 2016 доби тригодишен договор за да ги објавува на стриминг сите 380 натпревари од Премиер лигата од 2019 до 2022 откако платија 12 пати повеќе во наддавањето од претходниот сопственик „Супер спортс медија“.
Меѓутоа, ППТВ не ги исплатила првата рата од 257 милиони фунти и втората од 160 милиони фунти поради финансиски проблеми по што им беше раскинат договорот во септември 2020 и Премиер лигата ги тужеше, спор што сега го доби.
„Сунинг“ имаа големи финансиски проблеми поради пандемијата на Ковид-19 и минатиот март го распушти својот фудбалски клуб од кинеската суперлига, Џијангсу ФЦ, по освојувањето на титулата. Финансиите исто така беа зад продажбата на Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими од Интер минатото лето. Кинеската групација подолго време преговара за продажба на Интер иако засега нема конкретни понуди.
Premier League wins £157million payout from Inter Milan owners over disastrous TV deal
???https://t.co/42hqu3yAEY pic.twitter.com/2z48CSP7Bt
— Mirror Football (@MirrorFootball) January 11, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Столе одличен, Валенсија го победи Леванте
Фудбалерите на Валенсија го победија Леванте во градското дерби со 2:0 (0:0) во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига.
„Лилјаците“, со победата кај градскиот ривал избегаа од опасната зона, сега се 14-ти, а во исто време го турнаа Леванте во бездната. Леванте се претпоследни на табелата со 18 поени.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, имаше впечатлив настап, успеа да ја одбрани својата мрежа.
Главни протагонисти на победата на Валенсија беа Белгиецот Ларџи Рамазани и Умар Садик.
Прво, белгискиот напаѓач постигна прекрасен гол во 64-та минута за водство на гостите, а потоа Умар Садик стави тошка на победата.
Foto/ EPA
Спорт
МЗТ лесно до нов трофеј во Купот на Македонија
МЗТ Скопје го одбрани пехарот во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир, МЗТ лесно го победи домаќинот Куманово со 96:70. Екипата од Аеродорм го освои четвртиот трофеј во низа, вкупни 14-ти во клупската историја.
Финалноот меч за трофејот не донесе ниту трошка неизвесност. МЗТ од почетокот се наметна на теренот, на стартото на вториот период стекна двоцифрена предност, која потоа само растеше. Највисоките +25, МЗТ ги достигна во средишницата на третиот период.
Меквин со 23 поен и Гил со 17 поени го предводеа МЗТ до трофејот во Купот. Кај Кумановоа Митевски, Ѓуроски и Луковиќ постигнаа по 13 поени.
Foto/ mkd.basketball
Спорт
Стрем е кралица на ски скоковите, Ника Превц леташе до бронзата
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем стана двократна олимписка шампионка, откако победи и на големата сколаница на Игрите во Милано и Кортина. Словенката Ника Превц, која важеше за главен фаворит пред Олимписките игри, мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Стрем стана првата олимписка шампионка на големата скокалница, бидејќи никогаш порано немало две дисциплини за жени на Олимписките игри. Првите скокови во женска конкуренција се одржаа на Игрите во Сочи во 2014 година.
Сега двократната олимписка шампионка го освои своето второ злато со 284,8 поени, по скокови од 130,5 и 132 метри. Еирин Марије Квандал ѝ донесе на Норвешка двоен триумф со 282,7, додека Ника го заврши натпреварувањето со 271,5 поени.
Младата Словачка немаше среќа со условите за време на првиот скок, но во втората серија успеа да се подобри и да освои уште еден медал.
Ника ги завршува Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со по едно злато, едно сребро и една бронза. Таа освои злато во екипна конкуренција, сребро на малата скокалница и бронза, како што веќе споменавме, на голема скокалница.
Постариот брат на Ника, Домен, додаде злато на големата скокалница во семејната колекција, и има шанса дополнително да го зголеми бројот на медали, бидејќи следува натпреварот во екипна конкуренција.
Foto/ EPA

