Спорт
Газдите на Интер му ветиле на Меси натпревар против Барселона
Еден од сопствениците на Интер Мајами, Хорхе Мас даде интересно интервју во кое зборуваше за Лионел Меси.
Мас вели дека клубот сака да организира натпревар на кој Меси ќе има можност да се збогува со навивачите на каталонскиот клуб.
„Заминувањето на Меси од Барселона не беше на негово задоволство, тој не беше ни во можност да се поздрави како што треба. Во дадов збор дека дека ќе сториме се што е во наша моќ да добие шанса д асе збогува со навививачите на Барселона. Планираме посебен натпревар“, рече Мас.
Тој откри како во 2019 година започнал преговори и подготвува терен за пристигнувањето на Меси на Флорида.
„Уште во 2019 година организирав состанок со Хорхе Меси. Дејвид Бекам и јас го претставивме проектот на Интер кога му кажавме „Твојот син има шанса да создаде и остави зад себе посебно наследство, бидејќи целосно ќе го промени фудбалот како спорт во оваа земја.“ Беа потребни четири и пол години за Меси да донесе одлука со своето семејство. Никогаш не изгубив надеж и бев сигурен дека Меси ќе дојде, особено по освојувањето на Светското првенство“, изјави Хорхе Мас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

