Спорт
Германија дозволи трансродовите фудбалери да бираат дали ќе играат во машка или женска конуренција

Германската фудбалска федерација (ДФБ) објави дека трансродовите и не-бинарните фудбалери во Германија ќе можат да бираат дали ќе играат во машки или во женски тимови, во одлука која се однесува за аматерскиот и јуниорскиот фудбал, но и за футсалот.
Одлуката доаѓа откако Светската пливачка федерација (ФИНА) им забрани на трансродовите спортисти да се натпреваруваат во женска конкуренција доколку го поминале пубертетот, а слични одлуки најавија и Светската атлетика, но и Светската фубалска федерација (ФИФА).
Претходно, во Германија, полот утврден на личните документи го одредуваше тимот во кој можеа да играат трансродовите фудбалери, иако од 2018 година во личните документи постоеше опција за „различно“ и „не-утврдено“ во одделот за пол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Легендата на Рома стана градоначалник на Верона

Поранешниот играч за врска на италијанската репрезентација и долгогодишен фудбалер на Рома, Дамијано Томази, стана градоначалник на Верона. На изборите за градоначалник тој го победи актуелниот Федерико Сбоарину, адвокат, кој е на таа функција од 2017 година.
Томази претходно беше претседател на Здружението на италијанските фудбалери. Кариерата ја почна во Верона, каде што преку младински погон стигна до првиот тим. Тој остави најдлабока трага играјќи за Рома.
Беше член на римскиот клуб од 1996 до 2006 година, а во сезоната 2000/2001 со „волчицата“ ја освои шампионската титула во Италија.
Спорт
Борко Ристовски ќе биде тренер на голманите на РК Вардар

Првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, на денешната прес-конференција го објави и составот за следната сезона. Борко Ристовски ќе ја заврши кариерата и ќе биде тренер на голманите, а доколку има потреба ќе им помогне на соиграчите.
Владо Недановски ќе треба да седне на клупата, со оглед дека многу извесно е заминувањето на Давид Дејвис, по одлуката на ЕХФ дека Вардар нема да игра во Лигата на шампионите. Него ќе му помага Столе Петрушевски.
СОСТАВ НА ВАРДАР 2022/23
Голмани: Томовски, Гогов, тренер на голманите Борко Ристовски
Десни крила: Георгиевски, Ќосевски и Џукиќ
Десни бекови: Моралес, Савревски
Среден бек: Карапалевски, Додиќ (ако му дозволи Кјелце), Анте Гаџа
Леви бекови: Талески и Мишевски.
Леви крила: Дибиров (?). македонско лево крило
Пивоти: Стоилов, Атанасовски и Лазаревски
Тренер: Недановски/Петрушевски
Спорт
Стоилов: ЕХФ бездушно не казни, но Вардар и ова ќе го преживее

Двојниот европски првак Вардар и носител на двојната круна во Македонија нема да игра во Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов, кој е секогаш искрен, не крие дека е тешко, но вели дека Вардар ќе се бори и бара Михајло Михајловски да остане во клубот се додека не се најде друг стабилен спонзор.
„Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ, не се свесни каква е ситуацијата кај нас во клубот, можам да кажам дека бездушно не казнија, сега кога долговите беа на крај. Се надевам дека Михајло ќе остане со нас, мислам дека не е време да се тргне зошто Вардар уште не е спасен. Бев сведок на ветувања дека Вардар ќе биде помогнат, а во меѓувреме дојдоа и пандемии, војна…Сега сме вратени неколку чекори назад, но голем дел од играчите ќе останат и Вардар повторно ќе се бори за титулите. Секако, имаме голема конкуренција во Еурофарм Пелистер, кој е голем ривал и ние го респектираме“, изјави Стојанче Стоилов.
Тренер на РК Вардар идната сезона треба да биде Владо Недановски, доколку Давид Дејвис реши да замине поради новонастаната ситуација.