Спорт
Германија лесно со Австрија во меч без резултатско значење (видео)
Ракометната репрезентација на Германија стигна до убедлива 34:22 победа над домаќинот Австрија во меч од Европското првенство во ракомет, во меч со малку значење, бидејќи двете репрезентации веќе се елиминирани од борбата за полуфинале.
По „кобниот“ и драматичен пораз од Хрватска, на Германците им требаше „чудо“ за пласман понатаму – победа на Белорусија над Шпанија од над шест гола разлика, што секако не се случи (Шпанците стигнаа до лесна победа).
Австрија во првото полувреме имаше предност од два гола (9:7), но по 30 минути беше 16:12 за Германија, предност која „маншафт“ ја зголемуваше како што течеше второто полувреме за на крај да стигне до убедлив триумф.
Тимо Кастенинг со шест гола и Тобијас Рајхман со пет беа најефикасни за германската репрезентација, додека за домаќините Никола Билик пет пати беше прецизен.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ
ГРУПА 1
Хрватска – Чешка 22:21 (11:9)
Белорусија – Шпанија 28:37 (16:17)
Австрија – Германија 22:34 (14:16)
Табела: 1.Шпанија 8, 2.Хрватска 8, 3.Германија 4, 4.Австрија 2, 5.Белорусија 2, 6.Чешка 0
Watch the Game Highlights from Austria vs. Germany, 01/20/2020 pic.twitter.com/xmfIaIzn1C
— EHF EURO (@EHFEURO) January 20, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рубен Аморим – Најлошиот менаџер на Јунајтед во ерата по Фергусон
По 14 месеци на клупата на Манчестер Јунајтед, португалскиот тренер Рубен Аморим (40) беше отпуштен од „Олд Трафорд“.
Аморим ги остава „Црвените ѓаволи“ како статистички најнеуспешен менаџер во ерата по Алекс Фергусон.
Под негово водство, Јунајтед ја имаше најлошата сезона за повеќе од половина век и не успеа да се квалификува за настап во европските купови, втор пат во последните 35 години.
Португалецот е шестиот менаџер на Јунајтед, без да се сметаат привремените менаџери, откако легендарниот Сер Алекс се пензионираше, а Аморим има убедливо најмал процент на победи, само 36,9 отсто.
Најуспешен беше Жозе Мурињо со 58,33 проценти од победите, по него следуваа Ерик Тен Хаг со 54,69 отсто и Оле Гунар Солскјер со 54,17 отсто. Дејвид Мојес имаше 52,94 отсто, а Луј Ван Гал 52,43 отсто.
Foto/ depositphotos
Спорт
Жоу во Кадилак
Кинескиот возач Гуанју Жoу ќе биде резервен возач во тимот на Кадилак во новата сезона. Жоу беше во Алфа Ромео/Кик Заубер во периодот од 2022 до 2024 година. Минатата година беше тест возач на Ферари.
Кинезот сега ќе ја чека својата шанса во американскиот тим, крај искусните Ф1 возачи, Валтери Ботас и Серхио Перез.
Жоу е првиот и досега единствениот Кинез во Формула 1. Тој освои поени во 7 од 68 трки на кои учествуваше.
„Воодушевен сум што сум дел од Кадилак. Ова е еден од највозбудливите проекти во историјата на Формула 1“, рече Жоу.
Новата сезона во Формула 1 започнува на 8 март со трка во Мелбурн, Австралија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Џекири од ЦСКА во Партизан
Тоње Џекири е нов кошаркар на Партизан, потврди клубот на социјалните мрежи.
Спортскиот сектор на црно-белите брзо реагираше на заминувањето на Тајрик Џонс во Олимпијакос.
Негова замена ќе биде 31-годишен Нигериец, кој го носеше дресот на ЦСКА Москва од 2023 година.
Пред епизодата во Русија, тој играше за Асвел, Басконија, Уникс и Фенербахче во Евролигата. Одигра 106 натпревари во Евролигата, со просек од 6,8 поени и 5,5 скока по натпревар. Оваа сезона во дресот на ЦСКА имаше учинок од 7,7 поени и 4,7 скока.
Џекири беше член на Универзитетот во Мајами четири години, но не беше избран на драфтот на НБА во 2016 година. После тоа, тој замина во Европа, каде што собираше искуство во Бандирма, Остенде и Газиантеп пред да се приклучи на елитата.
Foto/ freerangestock

