Спорт
Германските железници во акција на Твитер со навивачите на Ајнтрахт

Пласманот на Ајнтрахт во финалето на Лига Европа е голем хит во цела Германија.
Тимот на Оливер Гласнер е првиот германски клуб во финалето на Лига Европа, а претходно да играл и во финалето на Купот на УЕФА.
Ајнтрахт славеше во Купот на УЕФА во 1980 година и тоа беше негово последно европско финале.
Германскиот тим за трофејот во Лига Европа ќе се бории со Глазгов Ренџерс во Севиља, во среда, на 18. мај.
На одличната атмосфера што се создаде околу Ајнтрахт не одолеа ниту германската железница. Оваа компанија на својата„ Твитер“ страница започна интересна акција:
„Во нашиот тим имаме неколку навивачи на Ајнтрахт. И затоа се договоривме со нив: за 753.056 лајкови на оваа објава ќе организираме специјален воз за Севиља“, порачаа од Железницата.
Навивачите на Ајнтрахт сега треба да одговорат на предизвикот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и шампионскиот пехар во првенството. „Црвено-црните“ претходно успеаја да слават на гости против Еурофарм Пелистер и во последните три кола од Суперлигата рутински го потврдија освојувањето на 15. трофеј.
Вардар и Пелистер завршуваат со идентичен број бодови, но „црвено-црните“ имаат подобар меѓусебен биланс во дуелите.
Тимот на Давид Дејвис денеска немаше проблеми против Тиквеш, се беше познато уште по првото полувреме кога вардарци обезбедија предност од 18:10.
Најефикасни на мечот беа Тимур Дибиров и Филип Талески со по десет гола.
Фото: Игор Паневски
Спорт
РК Вардар им се заблагодари на браќата Њокас, Тото, Валчак…(ФОТО)

Пред почетокот на натпреварот Вардар – Тиквеш, шестмина ракометари на „црвено-црните“ добија подароци кои ќе им останат во сеќавање за настапот во редовите на македонскиот првак.
На Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и на Диало Бакари, раководството на Вардар им посака многу успеси во натамошната кариера.
Вардар со денешниот триумф против Тиквеш и официјално ќе ја прослави новата шампионска титула, а на полувреме води со 18:10.
Спорт
Валверде: За трофејот од ЛШ би дал се, дури и сопругата

Уругвајскиот интернационалец Федерико Валверде толку многу посакува да го освои пехарот во Лигата на шампионите, што би се сложил и да го размени за својата сопруга Мина Бонино. Играчот за врска на Реал Мадрид се пошегува дека е подготвен да ја „жртвува“ сопругата за успех во големото финале против Ливерпул.
„Што би дал за трофејот во Лигата на шампионите? Се, освен син ми… Можеби би ја дал и жена ми, хахах… Ова не е шега! Немате секој ден можност да играте во финалето и се би дал за да го освојам. Се надевам дека в сабота ќе се радуваме и дека ќе го кренам трофејот“, изјави Валверде.
Неговата сопруга Мина Бонино е аргентинска спортска новинарка и ја прифати шегата на Валверде.