Спорт
Гермнците изненадија со изборот на новиот селектор
Шпанскиот селектор Алекс Мумбру ќе биде нов селектор на германската кошаркарска репрезентација.
Селектор ќе го замени Горди Херберт, кој на Германија и го донесе најголемиот успех во историјата – титулата светски шампион и четвртото место на неодамнешните Олимписки игри.
Шпанецот, значи, доаѓа на местото на Германецот, кој ќе замени друг Шпанец на второто место – Пабло Лас.
Херберт следната сезона ќе го води Баерн Минхен од клупата на која до неодамна раководеше Ласо, чиј следен предизвик е Басконија.
Германскиот кошаркарски сојуз го избра Мумбру од неколку кандидати кои се интересираа за селекторската функција, тој наскоро треба и официјално да биде претставен, а првиот меч на клупата на светските шампиони ќе му биде дуелот со Шведска во рамките на квалификациите за Евробаскет 2025 година.
Мумбра во досегашната тренерска кариера раководеше со Билбао и Валенсија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сензација во АБА лигата, шампионот Црвена звезда падна во Дубаи
Сезоната во АБА лигата започна со изненадување. Дебитантот Дубаи славеше над актуелниот шампион Црвена звезда 86:84. Прв пат по 2013/2014 Црвена звезда сезона во регионалната лига запчна со пораз.
Дубаи за деби сезоната селектирше добар тим од познати играчи со тренерот Јурица Големац. Во првиот меч ја адиграа Црвена звезда, која одигра под нивото, со исклучок на периодот од четири минути во втората четвртина кога негативата од 17 поени ја претворија во плус од еден поен.
Играчите на Дубаи не попуштија и предводени од Мејсон, Препелиќ и Абас запишаа заслужена победа.
Пресуди тројката на Мејсон на 35 секунди до крајот која на Дубаи му донесе +5. Во следниот напад со трјка возврати Недовиќ. До крајот ниту еден тим не успеа да постигне поени. Црвена звезда го имаше последниот напад, кој заврши со големо промашување на Мекинтаер.
Мејсон постигна 18 поени, Абас мечот го заврши со 17, додека дабл-дабл учинок имаше Препелиќ со 16 поени и 10 асистенции.
Кај Звезда Калиниќ постигна 16 поени, Кенан додаде 13, Митровиќ 12, а Недовиќ 11, поен помалку постигна Милер-Мекинтаер.
Спорт
Норис пред Ферстапен ја освои ГН на Сингапур
Возачот на Мекларен Ландо Норис остври супериорна победа на трката за Големата награда на Сингапур. Британецот кој стартуваше од пол-позицијата, водеше од првиот до последниот круг. Норис со овој триумф ја намали предноста на Макс Ферстапен во генералниот пласман на 51 бод.
Ландо Норис го комплетираше совршениот бикенд во Сингапур со победа на главната трка. Возачот на Мекларен триумфираше пред Ферстапен и тимскиот колега Оскар Пјастри.
Совршениот викенд на Норис му го расипа Даниел Рикиардо, кој со софт гуми, во финишот успеа да му одземе еден поен за најбрз круг во трката. Иринијата е што ова беше последната трка на Рикиардо во Формула. Од следната трка колега на Јуки Цунода ќе му биде Лијајм Лосон.
Покрај најдобрите тројца бодои во Сингапур на „Јас Марина“ освоија Џорџр Расел (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Луис Хамилтон (Мерцедес), Карлос Саинц (Ферари), Нико Хулкенберг (Хас), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Јуки Цунода (РБ).
Спорт
Хулигани го уништиле теренот на стадионот на Партизан
Во ноќта меѓу саботата и неделата група хулиганивлегла на стадионот на Партизан и ја уништииле подлогата. Утре, Партизан треба да ја пречека Црвена звезда во вечното дерби.
Како што пренесува „Телеграф.рс“, вработените кои се задолжени за одржување на теренот веднаш ги известиле сите служби на клубот, кои повикале полиција, а во текот на денот се очекува понатамошна истрага.
Се наведува дека група хулигани ги пробиле бравите на стадионот во Хумска, влегле и ја уништиле тревната површина. Хулиганите врлиле стакло и запалиле дел од теренот.
Се следат снимките од безбедносните камери за да се откријат сторителите на ова кривично дело, а клубот започна и вонредни мерки за санација на теренот.
Сите во клубот се надеваат дека надлежните брзо ќе ги најдат одговорните и дека во иднина ќе се спречат вакви инциденти.