Спорт
Ѓоковиќ го игра првиот меч после Вимблдон – Европа против Светот резултатот е 4:4
Новак Ѓоковиќ вечерва прв пат ќе излезе на теренот во Лејвер купот. Ѓоковиќ прво ќе игра во сингл, против Френсис Тијафо, а потоа во дубл со Матео Беретини против Џек Сок и Алекс Де Минор.
Мечот со Тијафо ќе биде прв за Ѓоковиќ по финалето на Вимблдон, во кое со 3:1 во сетови славеше над Ник Кирјос.
Бидејќи не е вакциниран, Ѓоковиќ ја пропушти комплетната турнеја во Северна Америка.
Пред натпреварите на Ѓоковиќ, резултатот помеѓу тимовите на Европа и Светот е израмнет 4:4.
Победите на Лејвер купот во петок носат еден бод, во сабота два, а во недела три бода.
Победник ќе биде тимот кој прв ќе стигне до 13 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Влаховиќ
Фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус и српската репрезентацја Душан Влаховиќ, објави шпанската „Марка“.
Според шпанскиот весник, Барселона наводно веќе го направила првиот чекор и го контактирала Влаховиќ, кој има договор со Јувентус до 30 јуни 2026 година.
„Ова е првиот контакт, бидејќи каталонскиот клуб сака да ја искористи ситуацијата што се појави на пазарот. Отворената војна минатото лето помеѓу Влаховиќ и Јувентус заврши без продолжување на договорот, но играчот се врати на теренот, бидејќи знаеше дека влегува во последната година од договорот. Целта е играчот да пристигне на крајот од сезоната без обештетување или да пристигне во зимскиот преоден рок под многу поволни услови“, објави „Марка“.
Исто така, се наведува дека Барселона веќе некое време бара замена за Роберт Левандовски, кој сè уште не го продолжил договорот со каталонскиот клуб. Полскиот напаѓач би можел да ја напушти Барселона на крајот од сезоната.
Влаховиќ се опоравува од повреда и би можел да се врати на теренот во март следната година. Српскиот фудбалер одигра 17 натпревари за Јувентус оваа сезона и постигна шест гола.
Пред Јувентус, тој играше за Фиорентина и Партизан.
Foto/ depositphotos
Спорт
Домен Превц победи во Оберсдорф
Словенечкиот скијач Домен Превц го освои првото натпреварување од турнејата „Четири скокалници“ во Оберсдорф.
Никогаш во историјата не се случило Словенец да победи на скокалницата во Оберсдорф, Германија, но Домен Превц покажа се маоѓа во фантастична форма. Превц ја забележа шестата победа од почетокот на сезоната.
Исто така, интересен е фактот дека 40 отсто од победниците на турнејата „Четири скокалници“, славеле во Оберсдорф.
Домен Превц скокаше феноменално во квалификациите претходниот ден и победи, а потоа во првата серија, вечерва скокна 141,5 метри и за доби 162,2 поени.
Во втората серија, како и во првата, скокна последен и стигна до линијата од 140 метри и убедливо победи со 316,6 поени.
Заедно со него, на подиумот се најде ште еден Словенец, одличниот Тими Зајц, кој второт место го подели со Даниел Шофенинг од Австрија. Тие двајца освоија по 299,2 поени.
Следното натпреварување во рамките на Четирите скокалници е закажано за 1 јануари во Гармиш-Партенкирхен.
Domen Prevc odlatuje rywalom i wygrywa w Oberstdorfie! Najlepszy z Polaków, Kacper Tomasiak na 15. miejscu #Oberstdorf #4hills #skijumpingfamily pic.twitter.com/GD92UFQxmj
— Skijumping.pl (@Skijumpingpl) December 29, 2025
Foto/ freerangestock
Спорт
Вест Хем ќе го отпушти Еспирито Санто?
Нуно Еспирито Санто пристигна во Вест Хем со задача да го подигне клубот по лошиот почеток на сезоната, но не работата не му оди според планираното.
„Чеканите“ се во зоната за испаѓање, а од доаѓањето на Португалецот, тие имаат забележано само два триумфа во 13 натпревари.
Затоа Вест Хем размислува да се раздели со Санто, според „Ток Спорт“. Засега не е наведено кој би можел да го замени.
Поранешниот менаџер на Нотингем Форест го наследи Греам Потер, но шок терапијата не успеа.
Вест Хем се наоѓа на 18-то место во Премиер игата со скромни 13 поени.
Foto/ depositphotos

