Спорт
Ѓоковиќ го задржа првото место на АТП-листата, Алкараз го има најдобриот пласман во кариерата

Новак Ѓоковиќ ја почна 369. недела на врвот на АТП-листата и со тоа продолжи да го соборува сопствениот рекорд по бројот на недели поминати на првото место.
Откако беше елиминиран во полуфиналето на мастерсот во Мадрид, Ѓоковиќ загуби 140 поени во однос на претходната листа и сега е прв со 8.260 поени.
Второпласираниот Русин Данил Медведев загуби 90 поени и има 270 поени помалку од српскиот тенисер.
За да остане на првото место до почетокот на „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ ќе треба да стигне барем до полуфиналето на споменатиот мастерс во Италија, а за да остане прв и по „Ролан Гарос“, ќе мора да ја одбрани титулата.
Прва пречка за Новак Ѓоковиќ на патот до споменатото полуфинале во Рим ќе биде рускиот тенисер Аслан Карачев.
Германецот Александар Зверев и натаму е на третото место и покрај загубата од 400 поени, а зад него се Шпанецот Рафаел Надал и Гркот Стефанос Циципас.
Шампионот на мастерсот во Мадрид, Карлос Алкарас, заработи 955 поени и напредуваше за три позиции и сега е шести тенисер во светот, што е најдобар пласман во кариерата на овој 19-годишен Шпанец.
Во топ-10 се и Русинот Андреј Рубљев, Италијанецот Матео Беретини, Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим и Норвежанецот Каспер Руд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Герет Бејл подготвен за финалето на ЛШ

Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, се опорави од повредата на грбот и ќе му биде на располагање на Карло Анчелоти за финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул в сабота, на 28 мај.
Пресметката во француската престолнина Париз ќе биде последниот натпревар за Бејл во дресот на „кралскиот клуб“. Велшанецот го напушта „Сантијаго Бернабеу“ по девет години минати во Мадрид.
Бејл нема играно за Реал Мадрид од 9. април, кога тренерот Карло Анчелоти ги објави проблемите на напаѓачот.
На претходниот финален дуел меѓу Реал Мадрид и Ливерпул во ЛШ, Герет Бејл беше одлучувачки фактор.
Спорт
Милан ќе го „врзе“ Томори до 2027 година

Раководството на Милан ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Фикаjо Томори, откриваат италијанските медиуми. Поранешниот дефанзивец на Челси имаше импресивна сезона за „росонерите“, кои ја освоија титулата за првпат по 11 години.
Од централата на Милан се фасцинирани од настапот на дефанзивецот и подготвуваат нов договор за фудбалерот до 2027 година.
Томори дојде на позајмица во Милан во 2021 година, но шест месеци подоцна договорот стана постојан. Актуелниот договор на дефанзивецот има важност до летото 2025 година, но Паоло Малдини сака да го „врзе“ до 2027 година.
Спорт
Симона Халеп загуби еден сет, Медведев убедлив на стартот на Ролан Гарос

Романската тенисерка Симона Халеп триумфално стартуваше на првиот меч на Ролан Гарос. Поранешната најдобра тенисерка во светот беше подобра од Настасја Шунк од Германија со 2:1 во сетови (6:4, 1:6, 6:1).
Халеп добро отвори, но имаше пад во вториот сет кој го загуби убедливо. Сепак, се врати во третиот во добар ритам и славеше победа.
Пласман во второто коло во Париз обезбедија и Плишкова, Бадоса, Круниќ, Колинс, Корнет и Пегула.
Кај мажите, вториот светски рекет Данил Медведев без проблеми се пласираше во второто коло откако со 3:0 во сетови (6:2, 6:2, 6:2) го победи Аргентинецот Факундо Бањис. Следен противник на Медведев ќе биде српскиот тенисер Ласло Ѓере.