Спорт
Ѓоковиќ го збриша Карацев за деветто финале во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Австралија опен. Првиот носител, во полу-финалето, го победи Аслан Карацев од Русија со 6/3, 6/4, 6/2, за нешто помалку од два часа игра.
Ѓоковиќ деветти пат ќе игра финале на Австралија опен, турнир кој осум пати го освојувал во кариерата. Од друга срана, Карацев, против најдобриот во светот, не успа да ги повторни резултатите од претходните рунди. Рускиот тенисер, од квалификациите успеа да дојде до полу-финалето, што ќе му овозможи скок од 72 места на АТП листата. Карацев од понеделник ќе се наоѓа на 42 место.
Ѓоковиќ, рутински славеше над Карацев, иако имаше мали проблеми во финишот на вториот сет, кога Карацев успеа да се врати од 5:2, и при резултат 5:4 да има брејк топка.
Дуелот беше рамноправен и на стартот, се до моментот кога Ѓоковиќ почна да ги „чита“ сервисите на противникот.
„Очекував дека ќе игра на високо ниво. Го гледав како добро игра против квалитетни противници. Тој е силен, висок играч, силно го удира топчето, има добар ритерн. Мислам дека ова е моето најдобро издание. Добро се чувствував. Утре ќе се подготвувавм за финалето. Во сабота планирам и да тренирам“, изјави Ѓоковиќ по дуелот со Карацев.
Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Данил Медведев или Стефанос Циципас. овие двајца своето поло-финале ќе го одиграат утре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хетафе ја прегази Валенсија – Спектакуларен гол на Арамбари

Хетафе го доби дуелот со Валенсија (3:0) и стави крај на серијата од пет порази. Двата тима по 25 кола имаат по 27 бода и се наоѓаат во долниот дел на табелата, блиску до опасната зона.
Натпреварот на „Колосеум Алфонсо Перез“, го обележа спектакуларниот гол на Арамбари. Играчот на Хетафе со удар од 30 метри го совлада Силесен.
Првите десет минути од вториот дел беа вистински кошмар за Валенсија. Дијакаби доби директен црвен картон во 51.минута, а три минути подоца Мата го постигна вториот гол.
Конечниот резултат го постигна играчот на Барселона, кој е позајмен во Гетафе, Карлес Алења во 87.минута.
Спорт
Само бод за Јувентус во Верона

Јувентус и во вториот натпревар оваа сезона не успа да ја победи Верона. Вечерашниот дуел на „Бентегоди“, заврши со резултат 1:1. Јувентус ова дополнително го оддалечи од борбата за титулата. „Старата дама“, има седум поени помалку од лидерот Интер.
Верона и Јувентус, на „Бентегоди“, одиграа квалитетен натпревар, а головите беа постигнати во второто полувреме. Во првиот дел Верона се закани преку Фараони, чии удар заврши во дирекот, а најдобрата шанса за Јувентус ја имаше Рамзи.
На стартот од вториот дел, во 49.минута, Киеза му асистираше на Роналдо, кој го постигна својот 19 гол оваа сезона. Израмнувањето дојде во 77.минута, кога Верона го искористи периодот во кој играше добро. На центаршутот од Лазовиќ одлично реагираше Барак кој го постави конечниот резултат.
Спорт
Педри во аут најмалку три недели

Барселона скапо ја плати победата над Севилја (2:0), во дербито на колото, во Ла Лига. Роналд Куман одреден период остана без младиот Педри.
Играчот од редот за врска, кој сезонава ги одигра сите натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите, се повреди во 71.минута и веднаш го напушти теренот.
„Педри се здоби со повреда на мускулот во долниот дел на левата нога“, се огласи Барселона со кусо соопштение.
Локалната телевизија „ТВ3“, извести дека Педри по мечот се движел со помош на патерици.
Се шпекулира дека Куман нема да може да смета на Педри најмалку три недели.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер