Спорт
Ѓоковиќ и Федерер во иста група на АТП-мастерсот

Во Лондон со ждрепка се извлечени групите за завршниот Мастерс во сезоната кој ќе се игра од 10 до 17 ноември.
Ждреката во иста група ги смести Новак Ѓоковиќ, кој во неделата го освои Мастерсот во Париз и Роџер Федерер. Дуелот во „О2“ арената во Лондон ќе биде нивна прва пресметка во пауза од четири месеци и незаборавното финале што го одиграа во Вимблдон.
Ѓоковиќ и Федерер се во групата „Бјерн Борг“ заедно со Доминик Тим и Матео Беретини.
Во групата „Андре Агаси“ е првиот носител Рафаел Надал, односно Данил Медведев, Стефанос Циципас и бранителот на трофејот Германецот Александар Зверев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фергусон го презеде Глазгов Ренџерс

Шкотскиот менаџер Бери Фергусон (47) е назначен за привремен менаџер на Ренџерс, соопшти клубот од Глазгов.
Фергусон, како наследник на Филип Клемент, кој беше разрешен по серија лоши резултати, ќе ги предводи „полицајците“ до крајот на сезоната.
На крајот од сезоната клупските челници ќе донесат одлука дали Фергусон ќе добие долгорочна шанса или ќе биде именуван нов тренер.
Ренџерс практично ги загуби шансите за освојување на титулата по поразот на домашен терен, викендов од Сент Мирен и на 11 кола до крајот на шампионатот заостануваат 13 бода зад актуелниот шампион Селтик.
Клубот неодамна беше исфрлен во осминафиналето на ФА Купот од второлигашот Квинс Парк.
Тие се уште се натпреваруваат во Лига Европа, во осминафиналето на 6. март во Истанбул играат против турски Фенербахче, а на 13. е реваншот во Глазгов.
Спорт
Манчестер сити во преговори за голманот Диого Коста

Пеп Гвардиола, во јануари ја започна реконструкцијата на Манчестер сити. Донесе четворица нови играчи, а во летниот преоден рок се очекуваа уште неколку нови играчи и нов голман.
„Футмеркато“, тврди дека Гвардиола нашол замена за Едерсон и дека тоа е голманот на Порто, Диого Коста. Се додава дека преговорите се веќе започнати.
Коста има откупна клаузула во договорот со Порто за сума од 75.000.000 евра.
Португалецот ги мина сите младински категории на Порто, а за сениорскиот тим има одиграно 188 натпревари, 79 пати успеал да остане несовладан. Со Порто двапати ја освои титулата во националниот шампионат.
Спорт
(Видео) Нестварен пресврт, Минесота од -25 до триумф над Оклахома

Минесота Тимбервулвс со спектакуларен пресврт и едно продолжение забележаа победа во Оклахома 131:128.
„Шумските волци“ на теренот на лидерот во НБА лигата, направија еден од најголемите пресврти оваа сезона. Во еден момент кошаркарите на Минесота беа на -25, а во последната четвртина влегоа со негатива од 22 поени.
Последниот период го одиграа брилинантно го добија со 41:19 и се изборија за продолженија. Во дополнителните пет минути Шеј Гилџис-Александер доби блокада од Ентони Едвардс на 13 секунди до крајот кога Минесота имаше водство од еден поен, а потоа истиот играч на две секунди до крајот не успеа да погоди тројка.
Тимбервулвс беа предводени од Џејден МекДаниелс со 27 поени, 10 скока и четири асистенции, Наз Рид забележа „дабл-дабл“ со 22 поени и 11 скока, Никел Александер-Вокер уфрли 21 поен, а Ентони Едвардс запиша 17 поени и 13 скокови.
Кај Оклахома најефикасен беше Гилџис-Александер со 39 поени, 10 скока и осум асистенции, Џејлен Вилијамс постигна 27 поени со шест скока и шест асистенции.
Резултати:
Детроит – ЛА Клиперс 106:97
Вашингтон – Бруклин 107:99
Филаделфија – Чикаго 110:142
Индијана – Денвер 116:125
Атланта – Мајами 98:86
Оклахома Сити – Минесота 128:131
Јута – Портланд 112:114
Сакраменто – Шарлот 130:88