Контакт

Спорт

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ќе организираат регионални турнири

Објавено пред

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, и неговиот тренер Горан Иванишевиќ заедно работат на еден проект.

Иванишевиќ смета дека тенисот би можел да се врати дури на пролет наредната година, поради што со Ѓоковиќ разгледуваат да започнат да организираат регионални минитурнири.

„За една ваква ситуација никој не беше подготвен. Се надевам дека кога ова ќе помине ќе бидеме попаметни, прашање е само кога ова ќе се случи. Моја проценка е дека во нормални услови тенисот ќе продолжи во 2021 година. Слушнав дека се размислува Австралија опен да биде одложен од јануари во март минатата година“, рекол Иванишевиќ.

Тој рекол дека со Ѓоковиќ размислувале да покренат регионални минитурнири за да можат тенисерите од Балканот да ја одржуваат формата.

„Размислувавме да организираме серија минитурнири во Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Работиме на тоа. Можеби ќе се игра во Хрватска, во Србија сигурно ќе играме. Ќе видиме како ќе биде со патувањата, отворањето на границите. Се надевам дека ќе можеме да организираме нешто во јуни или јули“, заклучил поранешниот шампион на Вимблдон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) ММА фајтер меѓу деветте уапсени по пресметките со „калашникови“ во Москва

Објавено пред

ММА фајтерот Џумбулат Балиев е меѓу деветте уапсени луѓе по „битката“ со „калашникови“ сред ден во Москва во неделата, објавуваат руските медиуми.

Во јужното предградие „Јасниј“ на Москва, вооружени луѓе со пиштоли и полуавтоматско оружје излегле од своите автомобили и учеставувале во преметка која траела неколку минути во ближниот паркинг.

Полицијата уапсила девет луѓе за инцидентот меѓу кои е и ММА фајтерот Балиев, кој се обидел да се сокрие во еден автомобил. 25-годишниот фајтер во велтер категорија, кој има потекло од Чеченија, има 2-4 скор со борби во промотерската куќа „Беркут“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хумелс и Витсел ќе бидат подготвени за Баерн

Објавено пред

Борусија Дортмунд и Баерн Минхен утревечер ќе го одиграат веројатно клучниот натпревар оваа сезона во Бундеслигата. Дербито на „Вестфален“ може да ги реши дилемите околку шампионската титула доколку Баварците излезат како победници. Победа на Дортмунд ќе значи дополнителна драма во шампионската трка.

Во пресрет на дербито Борусија има четири поени помалку од лидерот Баерн. Двата тима забележаа по две победи откако продолжи сезоната во Бундеслигата.

Повеќе од противникот загриженост во таборот на „милионерите“ предизвикува повредите на неколку играчи. Матс Хумелс и Аксел Витсел се повредија во саботата против Вофсбург, додека неизвесен е и настапот на Џејдон Санчи и Емре Џан.

„Мораме да почекаме до утре и да видиме што ќе биде со Матс, но мислам дека 99 отсто ќе игра. Витсел тренираше во неделата, може да биде во тимот. Џан може да игра 45 минути и тоа е добро. Санчо тренира со тимот веќе десет дена и полека се враќа во форма. Ќе видиме“, рекол тренерот на Борусија Лусиен Фавр.

Натпреварот Борусија-Баерн во вторник ќе започне во 18.30 часот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ибрахимовиќ е повреден, можна е подолга пауза

Објавено пред

Златан Ибрахимовиќ се повредил на тренингот и му претстои пауза, објави италијанскиот „Скај Спорт“.

На последниот тренинг на Милан Ибрахимовиќ се пожалил на болка во листот на ногата. Швеѓанецот имаше проблем со оваа повреда на почетокот на годината, но успеа да се рехабилитира.

„Скај Спорт“ тврди дека повредата изгледа сериозно и дека е можно да не е во прашање листот туку Ахиловата тетива. Дополнителните тестови ќе покажат колу е сериозна повредата и колку време ќе биде потребно таа да биде санирана. Во Милан стравувале дека е можно Ибрахимовиќ да отсуствува подолго време.

Поранешниот репрезентативец на Шведска во зимскиот преоден рок се врати во Милан. До прекинот на сезоната одигра десет натпревар на кои постигна четири гола.

Инаку Ибрахимовиќ се уште не се изјаснил да и наредната сезона ќе остане во Милан.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа1 час

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија4 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија6 часа

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет6 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион7 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија7 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија8 часа

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија8 часа

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион8 часа

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет21 час

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Европа23 часа

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа1 ден

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет1 ден

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија1 ден

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт1 ден

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет1 ден

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Македонија1 ден

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше...

Регион1 ден

Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до...

Европа1 ден

Португалски град ќе ги тестира сите жители за коронавирус

Крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија којшто ќе ги тестира сите 200 000...

Досие