Спорт
Ѓоковиќ не е како Савиќ: Жал ми е и за Нотр Дам и за џамијата „Ал Акса“ (видео)
Новак Ѓоковиќ, покрај својата фантастична игра на тениските терени, е познат и како човек кому не му пречат националните разлики (како кога навиваше за хрватската фудбалска репрезентација), но и како човек што е посветен на духовноста и религијата (донирајќи пари за обнова на малата српска црквичка во Ница пред неколку месеци).
За разлика од неговиот сонародник, славниот фудбалер на Црвена звезда, Дуле Савиќ, кој порача дека Французите си го заслужија пожарот на катедралата Нотр Дам, српскиот тенисер прати многу поинаква порака кога го прашаа на Мастерсот во Монте Карло.
„Го видов тоа пред некој ден, но не зборував со никого, освен со луѓето од мојот тим. Се работи за една од најисконските културни и религиозни градби во Европа и беше шокантно да се види во пламен. Во исто време видов дека имаше пожар и во џамијата во Ерусалим, славната ‘Ал Акса’, и ми беше чудна таа поврзаност. Едноставно, тажно е такви градби да доживеат таква хаварија. Им посакувам брзо кревање на Нотр Дам“, изјави Ѓоковиќ.
Дуле Савиќ: Бог гледа, Французите си го заслужија пожарот на Нотр Дам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

