Спорт
Ѓоковиќ во финалето во Рим

Без загубен сет, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на турнирот во Рим. Светскиот рекет број еден вечерва ја потврди подобрата форма во полуфиналната пресметка со десеттиот светски играч, Норвежанецот Каспер Руд.
По еден час и 45 минути, Ѓоковиќ триумфираше со 2:0 во сетови (6:4, 6:3).
Ова беше трета меч меѓу Ѓоковиќ и Руд, сите три ги доби српски тенисер. Мора да се напомене дека ова е вкупно 1.000 победа на Новак Ѓоковиќ во кариерата, а такво постигнување имаат само уште четворица во историјата на тенисот.
Новак Ѓоковиќ ќе се бори за титулата во Рим против Гркот Стефанос Циципас, кој претходно денеска беше подобар од Александар Зверев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ули Хенес: Имавме договор со Клоп, а потоа Румениге дојде со „одличен“ предлог

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, откри дека Јирген Клоп бил на мета на тој клуб пред 15 години. Практично, само потпис на договорот го делел актуелниот менаџер на Ливерпул од доаѓањето во Минхен.
Сепак до соработка помеѓу Баерн и Клоп никогаш не дошло, според според Хенес за тоа е виновен тогашниот извршен директор Карл Хајнц Румениге.
Поранешниот претседател на германскиот шампион во разговор за германски ХТВ откри зошто Баварците се откажале од Клоп во 2007 година.
„Се договоривме Јирген да дојде во Баерн. Пред да замине од Мајнц, разговарав со него. Беше пред Божиќ, го прашав дали може да се замисли во нашиот клуб. Реков дека повторно ќе му се јавам по празниците. Но, тогаш дојде Румениге со одлична идеја да потпише со Јирген Клинсман“, објасни ирончно Хенес.
„Секогаш можев да го замислам во Баерн, тој е извонреден тренер“, заклучил поранешниот прв човек на Баварците.
Да потсетиме, Клоп по Мајнц замина во Борусија Дортмунд со која освои две титули, потоа се пресели во Ливерпул.
Спорт
Маркез утре ќе ја заврши сезоната, мора да оди на операција

Шпанскиот мотоциклист Марко Маркез ќе ја заврши сезоната по трката во Муѓело, беше потврдено на прес-конференцијата одржана по квалификациите во саботата. Возачот на Репсол Хонда ќе мора да оди на операција, бидејќи се мачи со повреда на раката.
„Како што се сеќавате, Марк беше опериран пред 18 месеци и оттогаш има долг процес на опоравување и напорна работа со лекарите во Мадрид. За жал, позицијата на мотоциклот не е она што тој сака да ја има за време на тркачкиот викенд. По консултација со лекарите, во петокот добивме информација дека операцијата може да се изврши, дека е можно тоа да се направи сега и затоа Марк ќе ја заврши сезоната по оваа трка. Сметаме дека ова е правилната одлука за сите“, изјави Алберто Пуѓ.
Маркез повторно доживеа пад на квалификациите во Муѓело, во еден момент гореше неговиот мотор. Тој кажа дека целта му е да биде целосно подготовен за сезоната 2023.
Засега не се знае кој ќе го замени Маркез во тимот на Репсол Хонда. Алберто Пуѓ истакна дека допрва ќе одлучи за тоа, бидејќи веста за здравствената состојба на Шпанецот стигна во петокот.
Спорт
Леклер на пол-позицијата во Монако, Перез го искрши својот болид

Шарл Леклер на домашен терен во Монте Карло, ја освои 14.пол-позиција Возачот на Ферари беше најбрз во квалификациите, кои ги обележа инцидентот што го предизвика Серхио Перез на истекот на времето.
Ферари ја потврди доминацијата што ја имаше на слободните тренинзи, Леклер со 1:11.376 минути ќе стартува прв, а неговиот тимски колега Карлос Саинц ќе биде до него во првиот стартен ред.
Вториот ред на стратот го имаат возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Ферстапен.
До десеттото место се пласираа Ландо Норис (Мекларен), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Алипн), Луис Хамилтон (Мерцердес), Себастијан Фетел (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).
Трката за Големата награда на Монако, во недела ќе започне во 15 часот.