Спорт
Ѓоковиќ во солзи: Не плачам за поразите, се потсетив на детството (видео)
Новак Ѓоковиќ настапот на сопствениот егзибициски турнир „Адрија турнеја“ во Белград на неговите терени го заврши со победа над Алекс Зверев, но и без пласман во финалето, по што необично заврши во солзи и го „прати“ Филип Крајиновиќ во финалето.
Емотивниот светски рекет број 1 објасни зошто завршил во солзи.
„Еден од нашите е во финале. Беше емотивно последните неколку дена, сакам да се заблагодарам на сите кои го поддржија ова натпреварување и на сите кои дојдоа. Не плачам за поразите и за финалето, туку имам некој наплив на емоции и се потсетив на детството“, вели Ѓоковиќ.
WELL DONE FOR EVERYTHING YOU HAVE DONE TO HAVE THIS @DjokerNole @AdriaTennisTour – we love you so much!!! You’ve done SO MUCH for Serbia ??❤️❤️❤️❤️ pic.twitter.com/n7BVY8a7CO
— ????? (@NDjokofan) June 14, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ла Лига на три натпревари ја затвори јужната трибина на стадионот на Атлетико
Ла Лига ја изрече казната за Атлетико Мадрид за инцидентите кои ги предизвикаа ултрасите на овој тим во дербито против Реал Мадрид.
Дел од ултрасите на јужната трибина, наседната на провокациите на Тибо Куртоа, па почнаа да фрлаат со трврди предмети кон него.
Во следните три натпревари јужната трибина на „Сивитас Метрополитано“ ќе биде празна како казна за однесувањето дуелот против „кралевите“.
Во прашање се околу 5.000 седишта и толку навивачи нема да можат да влезат на стдионот во наредните три натпревари.
Атлетико најави дека ќе ја обжали оваа одлука.
Спорт
Јокиќ: Поразот од САД најтежок во кариерата
Актуелниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ го окарактеризира поразот од Американците во полуфиналето на Олимписките игри во Париз како најголем во кариерата.
„Тоа беше добар натпревар. Веројатно најтежок пораз во мојата кариера досега. Голема шанса, но… На крајот не победија. За луѓето тоа е нормален пораз, за нас кои бевме на теренот, тоа сигурно беше најтешкиот пораз во нашите кариери“, им изјави Јокиќ на новинарите во Абу Даби.
Јокиќ беше прашан и за (потенцијалното) заминување на селекторот Светислав Пешиќ од клупата на Србија.
„Па, не знам… Јас секогаш имам добри односи со тренерот и, нормално, сакам да остане. Мислам дека зависи од него, не од нас, па сигурно, ако тој е тренер, ние ќе даде се од себе на теренот. Ако реши да не продолжи, мислам дека сигурно ќе го поддржиме, бидејќи мислам дека направи голема работа за нашата кошарка во изминатите неколку години“, додаде Јокиќ.
Спорт
„Во средниот ред на Реал има премногу мускули, а малку креативност“
Реал Мадрид загуби со 0:1 на гостувањето кај Лил во 2.коло од Лигата на шампионите. Изданието на Реал на северот на Франција го критикуваше Предраг Мијатовиќ, поранешен напаѓач на клубот (1996 – 1999) и спортски директор (2006 – 2009). Тој беше особено незадоволен од средниот ред на мадридскиот тим.
Тренерот Карло Анчелоти натпреварот го започна Џуд Белингем, Едуардо Камавинга, Аурелиен Чоамени и Федерико Валверде во средниот ред.
Лука Модриќ го замени Ендрик во 57. минута, а во 67. излезе Едуардо Камавинга, а влезе Арда Ѓулер.
„Тимот не изгледаше лошо дефанзивно и Лил не одигра добар натпревар, но мислам дека Реал има многу простор за напредок“, изјави Мијатовиќ, а потоа одговори на прашањето за споменатата четворка во средниот ред, која новинарот на „Кадена СЕР“ ја нарече „рокенрол Мадрид“.
„Не беа уверливи, проблемот беше редот за врска против Лил. Има премногу сила и премалку креативност. Недостигаше Лука Модриќ, а Тони Крос го нема. Мислам дека и Чуамени, Камавинга и Валверде се „мускулести“ и премногу груб со топката Тоа не е среден ред кој одговара на играта на Реал“, рече Мијатовиќ.