Спорт
Ѓоковиќ за две недели повторно ќе биде број 1
Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе му го препушти првото место на АТП листата, на Данил Медведев, но за само две недели повторно ќе се врати на челната позиција.
Смената на врвот се случи по елиминацијата на Ѓоковиќ, во четврт-финалето на турнирот во Дубаи и со пласманот на Медведев, во полу-финалето на турнирот во Акапулко.
На 28.февруари, на АТП листата, Медведев ќе има 8.615 поени, Ѓоковиќ ќе биде втор со 150 поени помалку.
Србинот повторно ќе биде број 1 на 14.март, бидејќи Медведев нема да учествува на турнирот во Марсеј, каде лани ја освои титулата. Медеведев ќе остане без 250 поени и барем на една недела ќе му го препушти првото место на Ѓоковиќ.
Србинот ќе го зголеми својот рекорд, тоа ќе биде негова 362.недела на првото место на АТП листата.
Понатаму се ќе зависи од правилата за учество на турнирите поврзани со вакцинацијата. Извесно е дека Ѓоковиќ нема да игра на турнејата во САД, на мастерс турнирите во Мајами и Индијан Велс.
Лани Ѓоковиќ освои само 45 поени во Мајами, а во Индијан Велс не играше. Медведев, во Индијан Велс, минатата сезона испадна во четвртото коло, што значи дека сигурно ќе се врати на првото место на 20.март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марк Маркес се израмни со Валентино Роси

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркес стана деветкратен светски шампион пет трки пред крајот на овогодинешното Мото ГП првенство благодарение на второто место на Големата награда на Јапонија, каде што триумфираше неговиот тимски партнер Франческо Бањаја.
На патеката „Твин Ринг Мотеги“, Италијанецот постигна убедлив триумф, воедно и негова втора победа оваа сезона, со која заврши совршен викенд, по славјето во саботниот спринт.
Маркес беше две секунди зад Бањаја, додека на третото скалило на подиумот беше Џоан Мир на Хонда, кој го имаше својот прв подиум по четири години.
Марк ја искористи првата шанс за титулата во Мотеги, бидејќи неговиот помлад брат Алекс, кој е негов единствен конкурент во борбата за титулата, беше само шести, битката за титулата веќе беше решена во Мотеги. На овој начин, Марк ја врати титулата во свој посед по шест години и стана првиот возач кој успеа да го стори тоа по толку долг пост.
Постариот од браќата Маркес дојде до својата деветта титула по четири операции на раката што ја повреди на отворањето на сезоната 2020 во Херез, поради што пропушти 30 трки во четири сезони. На патот кон нова титула, која ја чекаше речиси шест години, тој имаше една од најдоминантните сезони во историјата, со пет трки до крајот. Шпанскиот мотоциклист забележа 11 победи во главните трки, со уште три/четири подиуми, 14 спринтерски триумфи и два подиуми во саботните трки.
Со освојувањето на својата прва титула по шест години, Маркес се израмни со Валентино Роси, бидејќи двајцата сега имаат седум шампионски титули во кралската класа, а вкупно девет. Само Џакомо Агостини има повеќе титули од двајцата во најсилната категорија, осум. Агостини, патем, го држи рекордот за бројот на вкупни титули со 15, а само Анхел Нијето – 13 – го освои двоцифрениот број.
Трката во Мотеги ја пропуштија Хорхе Мартин и Аи Огура – бранителот на титулата поради скршена клучна коска заработена во саботниот спринт, а миленикот на локалната публика поради болка во раката, повреда што ја заработи пред неколку недели.
Првенството во Мото ГП продолжува следната недела со Големата награда на Индонезија на патеката Мандалика.
Спорт
Лорен Блан доби отказ од Ал-Итихад

Францускиот стратег Лоран Блан веќе не е тренер на Ал-Итихад, клубот кој минатата сезона го одведе до титулата во Саудиска Арабија. Веста беше официјално потврдена еден ден по поразот со 0-2 од Ал-Наср.
Клубот ја сподели информацијата на социјалните мрежи, каде што се наведува дека со тимот ќе раководи капитенот Хасан Халика, а негов прв асистент ќе биде досегашниот тренер на екипата до 21 година, Иван Караско.
Тие ќе го водат Ал-Итихад сè до назначувањето на нов постојан шеф на стручниот штаб.
Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.