Спорт
Ѓоковиќ за задолжителната вакцинација: Принципите се поважни од трофеите
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во интервју за Би-би-си рекол дека не е антиваксер, но и дека повеќе би сакал да ги пропушти големите турнири отколку да прими вакцина против коронавирусот.
Ѓоковиќ е подготвен да ги пропушта големите турнири доколку за учество задолжителна е вакцинацијата. За Би-би-си потврдил дека е подготвен да ја плати таа цена.
„Таа цена сум подготвен да ја платам. Никогаш не сум бил противник на вакцинацијата, сум примал вакцини како дете, но секогаш сум ја подржувал слободата да се избере што ставате во своето тело. Тие принципи, што ќе ставам во моето тело, се поважни од што било друго“, рекол Ѓоковиќ и дополнил.
„Мојот ум е отворен во врска со прашањето дали ќе се вакцинирам во иднина бидејќи сите заедно се обидуваме да го најдеме најдоброто решение во борбата против вирусот. Повторувам, никогаш не сум бил противник на вакцинацијата, се надевам дека набргу ќе му го видиме крајот на овој вирус. Никој не сака да биде во оваа ситуација во која колективно се наоѓаме веќе две години. Дел сум од глобалниот спорт што се игра секоја недела на разни локации. Разбирам какви последици носи оваа моја одлука. Една од последиците беше да не одам во Австралија, бев подготвен на тоа. Јасно ми е што значи во денешно време да не си вакциниран, значи дека нема да можам да играм на најголем дел од турнирите“.
Ѓоковиќ говорел и за депортацијата од Австралија.
„Бев разочаран и тажен како сѐ се заврши. Грешката во визната декларација не беше намерно направена. Тоа го прифатија и го потврдија и судот и министерот. Луѓето не знаат дека јас не сум депортиран од Австралија поради тоа што не сум вакциниран или поради тоа што сум прекршил некакви правила. Во суштина тоа ми го одобрија. Причина за депортацијата е одлуката на министерот за имиграција да го искористи дискреционото право да ми ја поништи визата врз основ на перцепција дека можам да предизвикам антиваксерско чувство во државата или во градот, со што воопшто не се согласувам“, изјавил Ѓоковиќ за Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

