Спорт
Го крстија по Томас Едисон, а тој го мразеше прекарот по кој го знаеше целиот свет

Фудбалската икона Пеле почна на 29 декември на 82 години по долга борба со ракот, и од сите агли на фубалскиот свет стинуват посвети на еден од најважните ликови во историјата на спортот.
Многумина фудбалски фанови знаат дека Пеле не е неговото вистинско име и дека тој е роден како Едсон Арантес до Насименто при неговото раѓање во 1940 година. Тој го доби своето име од американскиот пронаоѓач Томас Едисон и во текот на животот признаваше дека не му се допаѓа прекарот кој го добил в детството.
„За мене Пеле звучеше ужасно. Тоа беше глупаво име. Едсон звучеше далеку посериозно и поважно. Навистина ми пречеше на почеток, бидејќи бев горд Што бев именувам по Томас Едисон и сакав да ме викаат Едсон“, изјави Пеле за „Гардијан“ во 2006 година.
Бразилецот откри дека не е сигурен зошто го викале Пеле, но имал своја теорија како соучениците дошле до имео. Пеле се потсети како погрешно го изговарал името на голманот Биле, кој бил соиграч на неговиот татко во Васко де Сау Лоуренцо како „Пиле“, по што потоа станало „Пеле“ поради неговиот акцент. Еден негов соученик почнал да го нарекува така, по што сите го прифатиле прекарот.
„Поради тој голман Биле, и малата шега на еден соученик, станав Пеле. Сега, кога името е познат низ целиот свет, не ми пречи толку многу“, изјави Пеле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Што и треба на Македонија за пласман на Светскто фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол.
По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс. Победа на Велс би бил најповолен исход за Македонија, која потоа со победи против Казахстан и Велс би обезбедила директен пласман на Мундијалот.
Следен натпревар: Македонија – Казахстан во Скопје (20:45 ч.), а потоа големото гостување во Велс на 18 ноември.
Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.