Спорт
Го освои трофејот во ЛШ, па му кажаа дека татко му исчезнал во Истанбул
Манчестер Сити ја освои Лигата на шампионите и колегите на Енцо Мареска, кој е асистент во стручниот штаб на Пеп Гвардиола, лудуваа цела ноќ. Но, не и тој. Набрзо откако стивна малку славењето во соблекувалната, на Мареска му соопштија дека неговиот татко исчезнал во Истанбул.
Тој и најблиските пријатели се впуштија во потрага, а се вклучила и турската полиција.
Италијанските медиуми откриваат дека Пасквале, таткото на Енцо Мареска, е пронајден утрово во добра состојба. Сѐ уште не е јасно каде ја минал вечерта и дали можеби малку и не претерал со алкохол откако неговиот син со Манчестер Сити го освои европскиот клупски трофеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Данска ќе го бранат светското злато, во полуфиналето ја декласираа Португалија
Ракометарите на Данска ја декласираа Португалија со резултат 40:27 (20:16) во полуфиналето на Светското првенство.
Актуелниот светски и олимписки шампион славеше во Осло каде в недела од 18 часот ќе игра во финалето против Хрватска. Од 15:00 часот Португалија игра со Франција за бронзениот медал.
Данците беа големи фаворити во дуелот со Португалија, најголемото изненадување на шампионатот, кои не можеа да им парираат на избраниците на Николај Јакобсен.
Португалија имаше сила да само едно полувреме. Неколку пати Португалците ја спуштаа данската предност на гол негатива, но во финишот попуштија и Данска дојде до водство од +4.
Скандинавскиот тим силно го отвори вториот дел и брзо дојде до двоцифрено водство кое не го загуби до крајот на натпреварот. Практично мечот беше решен во 40.минута кога Днаците прв пат дојдоа до двоцифрена предност.
Најефикасен во победничките редови беше Гидсел со девет гола. Лауге Шмит додаде осум, а Јакобсен, Киркелоке и Питлик по пет.
Кај Португалија се истакнаа Ареја со пет гола и Итурица со четири.
Спорт
Слот: Салах ќе донесе најдобра одлука за себе, се надевам и за нас
Ливерпул во сабота му гостува на Борнмут во 24. коло од Премиер лигата, а на прес-конференцијата пред овој меч Арне Слот уште еднаш мораше да зборува за иднината тројцаважни играчи чии договори истекуваат на крајот од сезоната. на Мохамед Салах на „Енфилд“.
„Одговорот е ист, да разговарам со Ван Дајк, Салах и Александер-Арнолд. Не го правам тоа секој ден како Ричард Хјуз (спортски директор на Ливерпул), но многу разговараме. И секако дека би било смешно ако во сите тие разговори никогаш не зборуваме за нивната иднина. Секако дека разговараме. Но, досега сфативте дека тоа не се работи за кои ќе разговарам со вас и дека нема да ви го пренесам она што го разговарам со играчите. Не само со тројцата, туку и со другите играчи во тимот“, рече Слот.
Новинарите на Слот му пренесоа дека министерот за спорт на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Турки ал Фајсал, детално зборувал за тоа колку би сакал да го види Мохамед Салах во првенството на Саудиска Арабија
„Значи, не ме изненадува тоа што некој сака да има Слах во својот тим. Тој направи толку многу паметни работи во текот на кариерата и верувам дека сега ќе ја донесе вистинската одлука за себе. Се надевам и на нас“, заклучи тренерот на Ливерпул.
Спорт
Матијас Тел е пред трансфер во Тотенхем
Матијас Тел е блиску до трансфер во Тотенхем. Според германски „Скај Спорт“, Тотенхем мораше да реагира на пазарот по повредата на првиот напаѓач, Домини Соланке.
Тотенхем за трансферот на Тел е подготвен да му плати на Баерн околу 50 милиони фунти.
Сега останува само Тел да ги прифати финансиските услови кои ги нуди Тотенхем, за да биде реализиран трансферот.
Тел годинава има мала минутажа кај тренерот Винсент Компани и затоа побара трансфер. Тој има само 19 години. За Баерн одигра 60 натпревари од 2022 година и постигна 12 гола.
Тој е репрезентативец на Франција до 21 година.