Спорт
Goal.com: Во идеалниот тим по двајца од Ливерпул, Реал и Сити
Специјализираниот фудбалски портал „Goal.com“, го објави идеалниот тим во есенскиот дел од сезоната. Во идеалните 11 по двајца играчи доаѓаат од Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер сити, а најголемо изненадување е Нико Шлотерберг, од Фрајбург.
Тимот на порталот во формација 4-4-2 изгледа вака:
Голман: Тибо Куртоа (Реал Мадрид)
Одбрана: (Жоао Кансело (Манчестер сити), Рубен Дијаш (Манчестер сити), Нико Шлотерберг (Фрајбург), Трент Александер-Арнолд (Ливерпул)
Среден ред: Орелиен Чуамени (Монако), Марцело Брозовиќ (Интер), Мохамед Салах (Ливерпул), Килијан Мбапе (ПСЖ)
Напад: Карим Бензема (Реал Мадрид), Роберт Левандовски (Баерн).
Порталот наведе уште неколку играчи кои „заслужуваат пофалби за своите настапи од почетокот на сезоната).
Истакнати се Лука Модриќ, Душан Влаховиќ, Кристијано Роналдо, Тони Крис, Диого Жота…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Според обложувалниците Усик е фаворит против Фјури
Најдобрите светски боксери во тешка категорија, Олександр Усик (37) и Тајсон Фјури (36) ќе се борат околу 22 часот во Ријад во реваншот за три од четирите главни светски шампионски појаси. Украинецот во првиот меч со одлука на судиите го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па победникот од оваа борба нема да го освои тој појас.
Усик во борбата влегува со тежина од 102,5 килограми, додека Фјури тежи 25 килограми. Фјури најави вакво нешто затоа што истакна дека тактиката му била погрешна на првиот меч кој Усик го доби. Сега најави дека ќе го „бомбардира“ Украинецот со тешки удари од стартот во мечот за титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО.
Британецот само еднаш загуби во својата професионална кариера, која започна во 2008 година, и тоа од Украинецот во нивниот меч на 17-ти февруари оваа година. Вклучувајќи го и ремито против Деонтеј Вајлдер од борбата одржана во 2018 година, тој има 34 победи. Усик ги доби сите свои борби досега. Направи 22 од нив.
Коефициентот за негова победа е 1,65, а за победа на Фјури 2,10.
Спорт
Зијеш се кае што дошол во Галатасарај
Хаким Зијеш (31) сака да го напушти Галатасарај. Мароканскиот крилен напаѓач пристигна на позајмица во турскиот клуб во летото 2023. Минатата сезона забележа 23 настапи на кои постигна осум и пет асистенции, а ги освои и Суперкупот и шампионатот на Турција.
Потоа го напушти Челзи како слободен играч и потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Но, во последните месеци тој падна во втор план.
На 11 натпревари одигра смо 320 минути, без конкретен учинок.
Турскиот новинар Халук Јурекли тврди дека Зијеш е незадоволен и сака да го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Тој ги цитираше неговите наводни зборови, кои ги пренесоа бројни турски медиуми, но и меѓународни како „Гол“ и „Марка“.
„Галатасарај е завршена работа за мене. Не сакам повеќе да играм овде. Си заминувам во јануари. Никогаш не сум видел толку лош тренер (Окан Бурук). Сакам да ме остават на мира. Се каам што дојдов овде“, наводно рекол Зијеш.
Зијеш е роден во Холандија и има двојно државјанство. Играше во младинските редови на родниот Дронтен, а потоа замина во Херенвен, Твенте и Ајакс. Челзи му плати 40 милиони евра во 2020 година и за нив постигна 14 гола во 107 натпревари.
За мароканската репрезентација има 64 настапи и 25 голови. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на седум милиони евра.
Спорт
KTM во голема финансиска криза, можно е повлекување од Мото ГП
Иднината на КТМ во Мото ГП шампионатот е неизвесна поради финансиската криза низ која поминува компанијата.
Информациите од состанокот на доверителите одржан во петокот во врска со стечајната постапка на КТМ, наведуваат дека проектот Мото ГП на брендот е во план да биде прекинат со цел да се намалат трошоците. На австриската франшиза засега и е дозволено да продолжи да работи во сегашната форма, а инвеститорите изразија желба да помогнат да се стабилизира компанијата со инвестиција од 700 милиони евра.
Со тоа би се покрила нешто повеќе од една третина од долгот, кој изнесува околу 1,8 милијарди евра, што секако е добар почеток за финансиско закрепнување.
Прогнозите за отпуштања се ублажени, 300 наместо 500 луѓе ќе останат без работа, а платите за ноември и декември треба да бидат исплатени до јануари 2025 година.
KTM рејсинг не ја коментираше кризата, а познато е дека тимот ќе учествува во следната сезона на престижното натпреварување. Сепак, поради големите финансиски проблеми од Мото 2 и Мото 3 исчезнаа тимовите ГасГас и Хускварна.
Организацијата за заштита на доверители соопшти дека во рамки на реорганизацијата се очекува и повлекување на компанијата од Мото ГП, па останува дилемата дали КТМ ќе биде присутен во шампионатот по 2025 година.
Алберт Валера, менаџер на возачот на КТМ, Педро Акоста, истакна дека тој и неговиот клиент се уверени дека нема да има проблеми што се однесува до тркачката програма на компанијата.
Компанијата спонзорирана од Ред Бул ќе биде претставена на гридот оваа сезона, покрај КТМ Рејсинг (возачи Педро Акоста и Бред Биндер), исто така и од Тех3 (возачи Маверик Вињалес и Енеа Бастианини), кој беше преименуван откако две години го носеше името ГасГас.