Спорт
Ѓоковиќ: Буквално сме на работ на граѓанска војна
АТП турнирот од серијата 250, оваа сезона наместо во Белград ќе семигра во Атина. Турнирот е на програмата од 2 до 8 ноември. На оваа тема, Новак Ѓоковиќ зборуваше за српските медиуми во Њујорк, каде започна последниот гренд слем во сезоната, ју-ес опен.
„Се што можам да кажам е дека не сакавме да го преместиме турнирот, тоа е се што можам да кажам. За жал, така е…“, започна Новак и додаде:
„Се надевам дека ќе се врати турнирот во Србија. Секогаш постои оваа желба и тенденција од наша страна, мојот брат Ѓорѓе – кој го води турнирот – едноставно беше ставен во ситуација каде што турнирот мора да се премести. Се надевам дека ќе дојде некое подобро време во наредните години, така што турнирот ќе се врати, можеби дури и во повисока категорија, никогаш не се знае. Белградската јавност го сака и го следи тенисот, Србија стана земја на тенисот во последните дваесет години, со сите наши успеси“.
Ѓоковиќ проговори и за актуелната ситуација во Србија и се она што се случува во претходните денови и недели.
„Ситуацијата во земјата воопшто е таква што луѓето дури и не се заинтересирани за спортот… Многу работи се случуваат, има голема транзиција воопшто и за луѓето и за земјата… Без да навлегувам во политиката, бидејќи веќе доволно зборував за тоа, се надевам дека страстите малку ќе се смират. Сè ескалираше многу, буквално сме на работ на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата малку ќе се смири, но нема никакви индикации за тоа.“
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Денвер од -23 до триумф во Атланта – Јокиќ броеше до 40
Кошаркарите на Денвер славеа на гостински терен против Атланта по пресврт, 134:133.
Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 40 поени, девет скока, осум асистенции, една украдена топка и една блокада.
Денвер одиграа лоша прва четвртина, имаа минус од 19 поени, а во вториот период разликата беше и 23 поени во корист на Атланта. Нагетс се вратија во мечот во третиот период, кога успеаја да дојдат до едноцифрен минус, а победникот го решија со серијата 23:3 во последната четвртина.
Џамал Мареј повторно имаше важен придонес со 23 поени, 12 асистенции и пет скока. Тим Хардавеј имаше 17 поени и шест скока, а Кам Џонсон имаше 16 поени и четири скока.
Џејлен Џонсон имаше неверојатно прво полувреме, запишува трипл-дабл и стануа осмиот играч во историјата што го сторил тоа. Играчот на Атланта го заврши натпреварот со 21 поен, 18 скока и 16 асистенции.
За „Јастребите“ се истакнаа и Никел Александер-Вокер со 30 поени и пет скока, односно Кристапс Порзингис со 25 поени.
Резултати:
Бостон – ЛА Лејкерс 126:105
/Браун 30 – Ривс 36/
Орландо – Мајами 106:105
/Вагнер 32 – Пауел 28/
Њујорк – Јута 146:112
/Бренсон 33 – Џорџ 18/
Торонто – Шарлот 86:111
/Квикли 31 – Нупел 21/
Кливленд – Сан Антонио 130:117
/Мичел 28 – Васел 28/
Детроит – Портланд 122:116
/Канингем 29 – Авдија 35/
Чикаго – Индијана 105:120
/Вајт 22 – Сијакам 36/
Хјустон – Феникс 117:98
/Томпсон 31 – Брукс 23/
Мемфис – ЛА Клиперс 107:98
/Кауард 23 – Ленард 24/
Милвоки – Филаделфија 101:116
/Портис 22 – Грајмс 22/
Оклахома – Далас 123:111
/Гилџис-Александер 33 – Харди 23/
Спорт
Познати се групите за СП во 2026
Најдобрите фудбалски репрезентации во светот ги дознаа своите противници на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Македонија има шанса преку европскиот бараж да избори место на планетарната смотра.
Најголемата глобална фудбалска смотра е закажана од 11 јуни до 19 јули 2026 година, а 16 градови од трите споменати северноамерикански држави ќе имаат статус на домаќини.
Ова ќе биде прво издание во проширен формат во кое ќе учествуваат 48 репрезентации, наместо 32 учесници што беа присутни на претходните првенства. Натпреварувањето ќе вклучува 16 групи од по три, од кои двете најдобри репрезентации ќе се пласираат во 1/16 финалето.
Правата фаза ќе трае од 11 до 27 јуни – првото коло од 11 до 17, второто од 18 до 23 и третото од 24 до 27.
Првото нокаут коло ќе се игра од 28 јуни до 3 јули, додека осминафиналето ќе се одржи од 4 до 7 во месецот.
Четвртфиналето ќе го гледаме од 9 до 11 јули, а полуфиналето на 14 и 15 јули.
Конечно, натпреварот за бронзениот медал и борбата за титулата се закажани за 18 и 19 јули.
Група А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победник плејоф Данска-Македонија, 2. Чешка-Република Ирска
Група Б: Канада, Катар, Швајцарија, победник плејоф Италија-Северна Ирска , Велс- Босна и Херцеговина
Група Ц: Бразил, Мароко, Шкотска, Хаити
Група Д: САД, Австралија, Парагвај, победник пелјоф Турција-Романија, Словачка-Косово
Група Е: Германија, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Курасао
Група Ф: Холандија, Јапонија, Тунис, победник плејоф Украина-,Шведска Полска-Албанија
Група Г: Белгија, Иран, Египет, Нов Зеланд
Група Х: Шпанија, Уругвај, Саудиска Арабија, Зеленортски острови
Група И: Франција, Сенегал, Норвешка, победник во плејофот во Ирак-Боливија/Суринам
Група Ј: Аргентина, Австрија, Алжир, Јордан
Група К: Португалија, Колумбија, Узбекистан, победник во плејофот ДР Конго-Нова Каледонија/Јамајка
Група Л: Англија, Хрватска, Панама, Гана.
Foto/ EPA
Спорт
Трамп ја доби наградата за мир на ФИФА
Најдобрите фудбалски репрезентации во светот наскоро ќе ги дознаат своите противници на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Македонија има шанса преку европскиот бараж да избори место на планетарната смотра.
Најголемата глобална фудбалска смотра е закажана од 11 јуни до 19 јули 2026 година, а 16 градови од трите споменати северноамерикански држави ќе имаат статус на домаќини.
Ова ќе биде прво издание во проширен формат во кое ќе учествуваат 48 репрезентации, наместо 32 учесници што беа присутни на претходните првенства. Натпреварувањето ќе вклучува 16 групи од по три, од кои двете најдобри репрезентации ќе се пласираат во 1/16 финалето.
Легендарниот италијански тенор Андреа Бочели ја отвори свешената церемоија, а потоа на сцената излегоа водителите на церемонијата, Хајди Клум и Кевин Харт.
По нив, зборуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој потоа на американскиот претседател Доналд Трамп, ФИФА официјално му ја додели нововоспоставената Награда за мир.
Меѓу објаснувањата беше и тврдењето дека Трамп е главен фактор во наводното помирување на Израел и Палестина, како и на Србија и Косово.
Foto/ EPA

