Спорт
„Ѓоковиќ е Леброн на светскиот тенис, а Синер и Алкараз се како Битлси и Ролинг Стоунс“
Легендарниот американски тенисер Џон Мекенро смета дека Новак Ѓоковиќ не треба да се пензионира. Оваа теза ја објасни со неодамнешниот настап на Ѓоковиќ на Ролан Гарос, каде Ѓоковиќ дојде до полуфиналето.
„Зошто да се пензионира кога е сè уште конкурентен?“, прашува Мекенро во интервју за „Кориере дел Сера“ и додава:
„Тој сè уште се натпреварува со Алкараз и Синер. Има два големи адути: искуство и способност да се справи со тешки моменти.“
Потоа Американецот во суперлативи говореше за српскиот тенисер.
„Невозможно е да не му се восхитувате. Тој е Леброн Џејмс на светскиот тенис. Поради неговите години, станува сè потешко да се справи со Јаник и Карлос, но сепак е вистинско чудо. Некој што треба да го проучува науката“, вели Мекенро.
Седумкратниот шампион на Гренд слем ги пофали и првиот и вториот тенисер на планетата.
„Алкараз зрачи со харизма и тоа ги прави неговите натпревари „тензични“. Морам да кажам дека Карлос е најталентираниот тенисер што сум го видел. Тој е едноставно брилијантен. Харизмата не може да се создаде, со неа се раѓаш“, рече Мекенро и додаде:
„Јаник е поконзистентен, а она што импресионира е чистотата на неговите удари и звукот што го слушате кога ја удира топката. Никогаш не сум слушнал нешто слично. Исто така, сум импресиониран од леснотијата со која Алкараз се извлекува од тешкотиите во кои запаѓа, исто така со неверојатна леснотија. Тој е единствениот тенисер за кого би платил билет за да го гледам. Тој е најдобриот подарок што го добил тенисот по големата тројка. Би рекол дека тие двајца се како Битлси и Ролинг Стоунс.“
Конечно, споредба со „големата тројка“.
„Ни во моите најлуди соништа не можев да сонувам дека Роџер, Рафа и Новак ќе стигнат до 20 или повеќе Гренд слем титули. Сега, ако ме прашате дали Алкараз и Синнер ќе освојат 25… не знам, ми се чини лудо, но никогаш не вели никогаш. Ако има некој што може да го направи тоа, тоа се тие двајца“, подвлече Мекенро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.

