Спорт
Ѓоковиќ го задржа првото место, Синер го скокна Медведев
Новак Ѓоковиќ не играше минатата недела, но ја зголеми предноста на врвот на АТП листата. Србинот ја започна 413. недела на првото место, тој има 9.855 бодови на новата листа.
Минатата недела Ѓоковиќ имаше 600 поени повеќе од Карлос Алкараз, сега таа предност изнесува 750 поени. Алкараз не успеа да ја одбрани титулата на турнирот во Буенос Аирес, каде стигна до полуфиналето, со што загуби 150 бодови.
Факт е дека битката за првото место во наредните недели и месеци ќе биде поинтересна, а тенисерката од Мурсија има теоретски шанси да се врати на врвот на листата.
Тоа може да го направи само доколку ги одбрани титулите во Рио де Жанеиро и Акапулко, за кои има уште време да се пријави, иако прашање е дали ќе го направи тоа.
Во Топ 10 има неколку промени. Јаник Синер, победи во Ротердам и стигна до најдобриот пласман во кариерата. Италијанецот е трет во светот, зад него е Данил Медведев.
Следуваат Рубљов, Зверев, Руне, Хуркач, Де Минор и Фриц.
Алкес Де Минор прв пат во кариерата е во Топ 10. Меѓу најдобрите десетмина, по речиси пет години го нема Стефанос Циципас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ѓимшити го честеше Интер за Нова година, нероазурите ја победија Аталанта
Фудбалерите на Интер ја победија Аталана, во Бергамо со 1:0 и се вратија на челната позиција цо Серија А. Годината Интер ја заврши со 36 бода, еден повеќе од Милан и дваод актуелниот шампион Наполи.
Интер не блескаше, но во Бергамо го искористи подарокот на Берат Ѓимшити. Дефанзивецот на Аталанта, во 65-та минута дозволи Лаутаро да го „пресече“, неговото нелогично додавање.
Аргентинецот потоа го проигра Еспозито, втрча во шеснаесетникот, се понуди, ја доби топката од соиграчот и рутински ја реши ситуацијата.
🇮🇹 Atalanta 0-1 Inter | Lautaro Martínez 65' pic.twitter.com/vXHyGqNsoA
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 28, 2025
Foto/ depositphotos
Спорт
Ракометарите загубија во Пореч од Хрватска
Ракометната репрезентација на Македонија доживеа пораз во првиот контролен меч, пред Европското првенство. Во Пореч, Хрватска ја победи Македонија со 26:23 (14:11).
Македонија имаше предност во воведните пет минути (3:2), потоа Хрватите започнаа да ја диктираат играта, благодарение на одличниот голман Дино Славиќ и нереализиранбите три седмерци, дојдоа до предност од четири гола. Разликата на полувремето беше три гола за домаќинот.
На почетокот на вториот дел Хрватите ја достигнаа највсоката предност, од пет гола. Македонија успеа да се врати во мечот, во 49.минута дојде до гол негатива (20:19).
Сепак некои избрзани одлуки во нападот и голманот Славиќ на крајот и ја донесоа победата на Хрватска.
Дино Славиќ беше најдобриот играч на теренот со 15 одбрани.
Никола Митревски запиша 11 одбрани за македонскара репрезентација, додека Филип Кузмановски постигна седум гола, но од 15 обиди.
Foto/ VANESA PANDZIC Cropix
Спорт
(Видео) Тинејџер погоди за победа на Тотенхем кај Кристал Палас
Фудбалерите на Тотенхем победија како гости кај Кристал Палас со 1:0 во натпревар од 18-то коло од Премиер лигата.
Стрелец на единствениот гол беше тинејџерот на Тотенхем, Арчи Греј (19) во 42-та минута. За Греј ова е прв сениорски гол во Премиер лигата.
Нему му асистираше Бразилецот Ричарлисон.
Tottenham midfielder Archie Gray scores with header!
🏴 Crystal Palace 0-1 Tottenhampic.twitter.com/5qcyoOTfPo
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 28, 2025
Малкумина на стадионот можеа да претпостават дека тоа ќе биде единствениот гол, бидејќи натпреварот беше отворен и зо многу шанси на двете страни.
Кристал Палас целосно ја презеде контролата во второто полувреме, притискајќи ги Спарс, сè повеќе и повеќе како што одминуваше времето, но играчите на домашниот тим не можеа да се справат со изворедната дефанзива на Тотенхем.
Тотенхем, од друга страна, ги имаше двете најдобри шанси за гол во второто полувреме.
Прво, во 75-тата минута, голот на Ричарлисон беше поништен бидејќи се најде во офсајд позиција во моментот кога Мохамед Кудус му асистирашес, а пред крајот, Вилсон Одоберт ја погоди стативата на голот на Палас.
Fptp/ freerangestock

