Спорт
Ѓоковиќ: Многу сум нервозен пред УС Опен
Трикратниот победник на УС Опен, Србинот Новак Ѓоковиќ по една година пауза се враќа во Њујорк и ќе атакува на 24. гренслем титула во кариерата. Познато е дека Американците не му дозволија на освојувачот на најмногу гренслем титули да учествува на турнирот бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот. Сега правилата се сменија, а српскиот тенисер доби шанса повторно да се бори за трофејот во Њујорк.
Ѓоковиќ потврди дека е во одлична форма со освојувањето на Мастерсот во Синсинати и со победата во епското финале против Шпанецот Карлос Алкараз, кој ќе му биде најголемиот ривал и во Њујорк.
„Многу сум нервозен, како и сите. Луѓето мислат дека немам никаков стрес или напнатост, но всушност напротив, имам многу. Се справувам со него. Секој има свој начин да управува со тоа. Имав физички потешкотии во финалето во Синсинати, Карлос одигра брилијантно. Одигравме финале за паметење, беше возбудливо и дефинитивно е меѓу првите три најдобри меча во мојата кариера. Затоа паднав на теренот по мечот, се чувствував како да сум освоил гренслем. Се чувствував исцрпено неколку дена потоа, но имам сила и на 36 години“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ го избра познатиот хит на AC/DC, „Thunderstruck“, како песна која ќе го најавува неговото доаѓање бидејќи многу го мотивира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Покетино си заминува од Челзи
Од Англија пристигнуваат вести дека аргентинскиот тренер Маурисио Покетино ќе го напушти Челзи.
„Сините“ сезоната во Премиер лигата ја завршија на шестото место со 63 бодови.
Со ова изборија пласман во Конференциската лига, што секако не соодветствува со амбициите на клубот.
BREAKING: Mauricio Pochettino is leaving Chelsea as head coach after one season in charge 🚨🔵 pic.twitter.com/8Forlxrsdj
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 21, 2024
Особено по огромните инвестиции кои ги имаше Челзи, а Покетино мораше да го плати цехот.
По завршувањето на сезоната, Аргентинецот имаше средба со челниците на клубот и со заедничка одлука беше решено двете страни да се разделат.
Се уште не е познато кој е во плановите на раководството на Челзи за негов наследник.
Спорт
Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“
Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња изјави дека се уште нема поим што ќе се случува со неговата кариера во иднина.
Договорот на хрватскиот кошаркар со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната, па прашање на сите прашања е дали тој ќе остане во Мадрид.
„Немам идеја. Флорентино Перез ми се заканува секој пат кога ќе ме види во трпезаријата дека морам да останам овде. Се надевам дека е така. Сите работиме да биде така“, изјави Хезоња за Ел Мундо.
Грчките медиуми го поврзаа со Панатинаикос, а има навестувања и за други потенцијални дестинации за најдобриот стрелец на Реал.
Хезоња сезонава имаше просек од 13,7 поени и 4,4 скока на 36 натпревари во Евролигата.
Хезоња и Реал во петок се соочуваат со фајналфорот во Евролигата, а во полуфиналето во Берлин ќе играат против Олимпијакос, што ќе биде реприза на ланското финале во кое подобри беа избраниците на Чус Матео.
Спорт
Англија со најголемите ѕвезди ќе настапи на ЕУРО 2024
Селекторот на Англија, герет Саутгејт го објави спискот на фудбалери за ЕУРО 2024. На спискот има 33. фудбалери, што значи дека до почетокот на првенството ќе седуммина од кои еден сигурно ќе биде голман.
На ЕП нема да патува долгогодишниот член на националниот тим, Џордан Хендерсон.
Списокот на Саутгејт:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд
Одбрана: Џеред Брантвајт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гуеи, Езри Конса, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.
Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон, Џерод Боувен
Напад: Џуд Белингем, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Џек Гралиш, Ентони Гордон, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија на ЕП е во Ц групата заедно со Данска, Словенија и Србија.