Спорт
Ѓоковиќ на патерици – првата фотографија по операцијата
Новак Ѓоковиќ за прв пат се појави во јавноста по операцијата на менискусот и испрати порака.
„Изминатиот ден морав да донесам некои тешки одлуки откако доживеав кинење на менискусот за време на мојот последен натпревар.
Сè уште обработувам сè, но со задоволство известувам дека операцијата помина добро.
Многу сум благодарен на тимот од лекари кои беа покрај мене, како и на огромната поддршка што ја добив од моите фанови.

Ќе дадам се од себе за да бидам здрав и подготвен и што побрзо да се вратам на терените.
Мојата љубов кон овој спорт е силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме одржува. Одиме“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.
Ѓоковиќ во средата попладне беше опериран, по што ја напушти клиниката во Париз.
Се очекува рехабилитацијата да трае три недели, па тој би можел да биде подготвен за Вимблдон, иако е неизвесно бидејќи Ѓоковиќ е фокусиран на Олимписките игри, кои исто така ќе се одржат во француската престолнина од 26 јули.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познати се петорките за Ол стар натпреварот
Ол-стар натпреварот, оваа година ќе се игра на 15 февруари во Инуит Дом, новата арена на Лос Анџелес Клиперс.
Во пресрет на натпреварот на „Сите Ѕвезди“, познати се стартните петорки. Стартерите за натпреварот, ги избираат навивачите и комисија составена од претставници на медиумите, но гласаат и самите играчи. Гласовите на навивачите сочинуваат половина од вкупниот број гласови.
Тројца играчи прв пат ќе бидат стартери во тимот на Источната конференција: Тоа се Канингем (Детроит), Мекси (Филадлефија) и Браун (Бостон). Покрај нив во петорката се бекот на Њујорк, Брансон и крилото на Милвоки, Адетокумбо.
Што се однесува до Западот, во петорката само Стеф Кари е Американец. Тројца доаѓаат од Европа: Јокиќ, Дончиќ и Вамбањама, а еден од Накада, Гилџес-Александер.
Отсуството на Леброн Џејмс од стартната петорка е секако новост, по 20 години тој нема да биде стартер на Ол-стар натпреварот.
Комплетните состави ќе бидат објавени во следните неколку недели.
Foto/ depositphotos
Спорт
Вориорс го декласираа Мајами – Се повреди Џими Батлер
Голден Стејт Вориорс, скапо ја платија убедливата победа над Мајами Хит со 135:112. Поранешниот играч на Мајами, Џими Батлер, поради повреда го напушти теренот.
Еден од главните играчи на франшизата, Џими Батлер, незгодно се приземји и, судејќи според она што беше видено, сериозно го повреди коленото. Крилниот играч испушти болен крик, а неговите соиграчи го изнесоа од теренот.
„Се молиме сè да биде во ред“, рече тренерот на Вориорс, Стеф Кари, кратко по натпреварот.
Батлер заврши со 17 поени, Кари имаше дабл-дабл од 19 поени и 11 асистенции, а најефикасен беше Брендин Подземски, кој постигна 24 поени, имаше шест скока и четири асистенции.
На другата страна, Норман Пауел беше најефикасен со 21 поен, по него следеа Ендру Вигинс со 18, Келел Вер со 15 и Италијанецот Симоне Фонтекио со 13 поени и осум скока.
Резултати:
Атланта – Милвоки 110:112
Кливленд – Оклахома 104:136
Вашингтон – ЛА Клиперс 106:110
Њујорк – Далас 97:114
Сан Антонио – Јута 123:110
Филаделфија – Индијана 113:104
Бруклин – Феникс 117:126
Детроит – Бостон 104:103
Foto/ depositphotos
Спорт
Сити го официјализира трансферот на Марк Геи
Марк Геи официјално стана играч на Манчестер Сити.
Само неколку минути го делеа англискиот репрезентативец од потпис за Ливерпул во август. Тогаш трансферот му пропадна, се очекуваше дека по завршувањето на сезоната, како слободен играч да се пресели на „„Енфилд“, но Сити реши да се вмеша во трката и му ја расипа зделката на Ливерпул.
Геи потпиша договор со Манчестер Сити до летото 2031 година.
Дефанзивецот е второто засилување на „Граѓаните“ во јануари, по Антонан Семењо, кој веќе дебитираше за тимот на Пеп Гвардиола.
Сити плати 20 милиони фунти за овој трансфер, а договорот вклучува и клаузула за процент на следната продажба. За Кристал Палас, ова е одлична зделка бидејќи Геи по завршувањето на сеозната ќе го напуштеше клубот како слободен играч.
It's a done deal ✅ pic.twitter.com/dN0gwtzaP8
— Manchester City (@ManCity) January 19, 2026
Разликата во понудата на Сити во споредба со Ливерпул и Баерн, кои исто така беа заинтересирани, се чини дека е неделната плата што Геи ќе ја има во Сити, 300.000 фунти. Што би значело дека Сити подготвил 1,3 милиони месечно или 15,6 милиони фунти годишно.
Талентираниот дефанзивец одигра 188 натпревари за Кристал Палас, постигна 11 голови и го освои ФА Купот.

