Спорт
Ѓоковиќ: Не сум баш во идеална состојба
Новак Ѓоковиќ неочекувано тешко ги мина првите две рунди на Австралија опен.
Повеќе од седум часа му требаа на 10-кратниот шампион во Мелбурн да ги елиминира Дино Прижмиќ и Алексеј Попирин.
Затоа, се наметна прашањето, која е причината за неговиот бавен старт: настинката, зглобот или нешто трето?
Од се по малку“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Не сум баш во идеална состојба, што влијае на интензитетот на мојата игра, а донекаде и на мојата мотивација. Се обидувам да ја најдам витинската игра и покрај сите тешкотии. Во овој момент работите се такви, но далеку од тоа е дека се жалам, тоа се околностите во кои се наоѓам. Ги прифаќам и се трудам да го искористам најдоброто од себе“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Манчестер сити го декласира Ипсвич
Фудбалерите на Манчестер сити го совладаа Ипсвич со 6:0 на гости во 22. коло од Премиер лигата и се вратија меѓу првите четири екипи на табелата.
Сити се враќа во препознатливата форма, мечот со Ипсвич беше јасен показател дека тимот на Гвардиола повторно личи на себе.
Ипсвич денеска немаше ниту една шанса.
Три асистенции подели Кевин Де Брујне, два гола постигна Фил Фоден, а блеска на теренот Матео Ковачиќ и Џереми Доку.
Фоден е во добра серија во последните неколку натпревари, постигна пет гола на три меча (Вест Хем, Брентфорд, Ипсвич).
Сити ги реши сите сомнежи за победникот, доколку ги има, во првото полувреме со двата гола на Фоден и голот на Ковачиќ, во интервал од само 15 минути.
Во второто полувреме по гол постигнаа Доку, Халанд и Мекати.
Спорт
Аморим: Ние сме најлошиот тим во историјата на клубот
Фудбалерите на Манчестер јунајтед го претрпеа 10. пораз во 22. коло од англиската Премиер лига. Јунајтед загуби од Брајтон со 3:1 на „Олд Трафорд“. Тоа беше трета последователна победа за Брајтон во сите натпреварувања и осми натпревар во низа без пораз, додека Јунајтед го победи само последнопласираниот Саутемптон во последните шест кола.
Манчестер јунајтед загуби три од поеследните четири натпревари на домашен терен. На последните шест натпревари во лигата има само една победа.
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим беше разочаран од нов пораз.
„Од 10 натпревари во Премиер лигата победивме два. Замислете што значи ова за навивачите. Замислете како јас се чувствувам. Значи, дојде нов тренер кој губи повеќе од претходниот тренер. Целосно сум свесен од тоа“, започна Португалецот.
„Како што кажав, нема да се променам, без разлика на се. Знам дека можеме, но треба да го преживееме овој момент. Не сум наивен и знам дека сега треба да преживееме. Ние сме можеби најлошиот тим во историјата на Манчестер јунајтед. Знам дека сакате титули, но јас го велам ова затоа што мораме да се промениме. Еве ви ова е за вашите насловни страници“, заврши Аморим.
Спорт
Македонија ја победи Гвинеја, носи еден бод во главната фаза
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Македонија не импресионира со играта но ја опрвада фавористската улога и ја совлада Гвинеја со 29:20 (14:10). Македонија избори пласман во главната фаза, во дуелите со Франција, Катар и Австрија ќе влезе со еден бод.
Македонија се мачеше со објективно полабиот противник во првите 20 минути. Првиот гол Македонија го постигна во четвртата минута, до 20.минута момците на лазаров делуваа конфузно во нападот, лесно продава топки и промашуваа зицери и по 20 минути игра резултатот беше 7:7.
Благодарение на голманот Кузиќ кој врза четири одбрани Македонија се одлепи на 13:8 и тука практично го реши натпреварот.
Добриот старт на вториот дел и овозможи комотна предност на Македонија, но победа со поголема разлика не дозоволи голманот на Гвинеја, Пјер, кој беше најдобар во неговата селекција со 16 одбрани.
Македонија ја предводеа капитенот Кузмановски со 12 голови (вкупни 31 досега на турнирот) и голманот Кизиќ со 15 интервенции.