Спорт
Ѓоковиќ: Ова е мојот најголем спортски успех во животот

Новак Ѓоковиќ го освои златото во сингл на Олимписките игри во Париз. Тој во финалето го победи Карлос Алкараз со 7:6, 7:6.
Српскиот тенисер прв пат во кариерата стана олимписки првак и на тој начин го заокружи златниот слем во кариерата, односно ги освои сите четири грен слем и олимписко злато.
„Не знам што да кажам, се уште сум во шок. По полуфиналето реков дека целта р остварена, знаев дека сите сакаат да го освојам златото, длабоко во себе и јас го посакував тоа. Убедливиот пораз во финалето на Вимблдон многу ми помогна. Силно удирав од форхенд странта, истото го правеше и тој“.
По победата отиде на трибините да ги прегрне семејството, сопругата и двете деца.
„Веднаш отидов да ги гушнам сите, пресреќен сум што и донесов злато на Србија, ова е можеби мојот најголем спортски успех во животот. ”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Винисиус му ја обезбеди победата на Реал против Виљареал

Реал Мадрид ја забележа седмата победа во сезоната во Примера. Во осмото коло, Реа со 3:1 го победи Виљареал.
Коненчниот резултат на „Сантијаго Бернабеу“ не го прикажува она што се случуваше на теренот. Виљареал „скапо ја продаде кожата“. Виљареал имаше свои шанси, чисти зицери.
При 0:0 во 40-та минута, Олувасеџи го претрча Хаусен, излезе сам пред Куртоа, малку се двоумеше, а Куртоа покажа класа и излезе како победник од тој дуел еден на еден.
На полувреме беше 0:0, а казната за промашениот зицер Виљареал го стигна во 47-та минута, Винисиус шутираше од левата страна, топката го закачи Санти Конесања, го смени правецот и го остави голманот на Тенас без шанси да го одбрани тој шут.
Виљареал потоа имаше одлична шанса. Пепе добро продре по десната страна, нафрли во шеснаесетникот, Микаутадзе беше во чиста позиција, но топката беше малку посилна, па не можеше да ја фати.
Резултатот остана 1:0, а потоа во 69-та минута, Марин наивно направи пенал. Винисиус ја презеде одговорноста. Шутот не беше добар, Тенас практично ја имаше топката во свои раце. Но, на крајот таа сепак заврши во голот.
Само четири минути подоцна, „Жолтата Подморница“ заслужено постигна гол. Микаутадзе го совлада Куртоа со убав шут во 73-та минута и внесе драма во натпреварот.
Винисиус повоторно беше во главна улога, изнуди втор жолт картон од Мурињо и Виљареал остана со играч помалку.
„Кралскиот клуб“ ја искористи надмоќта на теренот и во 81-та минута кога Килијан Мбапе постигна нов гол, веќе деветти во лигата, и ги постави конечните 3:1.
На овој начин, Мбапе ја продолжи својата одлична серија, постигна барем еден гол во девет последователни натпревари во сите натпреварувања, и за клубот и за репрезентацијата, а не беше стрелец само во еден натпревар оваа сезона.
Foto/ EPA
Спорт
Македонските одбојкари на ЕП во група со европскиот првак и светскиот вицепрвак

Одбојкарската репрезетација на Македонија на претстојното Европско првенство,ќе играат во групата Б, заедно со селекциите на Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел.
Претстојното Европско првенство во одбојка ќе се игра во четири земји, Бугарија (Варна), Финска (Тампере), Италија (Неапол). Премиерниот натпревар ќе се игра во Модена, осминафиналните и четвртфиналните натпревари ќе се играат во Торино и Варна. Полуфиналните мечеви и финалето ќе се играат во Милано.
Европското првенство ќе се одигра од 10 до 27 септември 2026 година,
На ждрепката во Бари, македонските одбојкари дознаа дека ќе играат во Варна, во Б групата.
Групата е исклучително тешка домаќинот Бугарија со новата генерација неодамна го освои второто место на Светското првенство, Полска е актуелен европски првак и третопласирана на последниот Мундијал, Португалија играше во нокаут фазата на Светското првенство. Македонија против Украина и Израел ќе ја бара шансата за пласман во осминафиналето.
Инаку, Европскиот шампион од 2026 година ќе се квалификува за Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес.
Foto/ vfmkd.org.mk
Спорт
(Видео) Дијаз погоди во 15-та секунда, Баерн се прошета низ Франкфурт

Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Ајнтрахт во Франкфурт со 3:0 (2:0) во натпреварот од 6-то коло на германската Бундес лига.
Натпреварот го одбележа Колумбиецот Луис Дијас, кој постигна два гола за Баварците, од кои првиот по само 15 секунди игра.
Штом трагнаа од центарот домашните фудбалери, Серж Гнабри одзеде една топка го проигра Дијаз на втората статива за рано водство. Ова е најбрзиот гол дпостигнат сезонава во Бундес лигата.
Дека Баерн ќе забележи лесна победа беше јасно во 27-та минута кога предноста ја заголеми Хари Кејн. Англичанеццот од почетокот на сезоната го постигна 18-от гол.
Резултатот 2:0 на семафорот стоеше до 84-та минута кога Дијаз со својот втор гол го постави конечниот резултат.
Актуелниот шампион го задржа својот максимален учинок на првото место со 18 бода, додека Ајнтрахт остана на шестото место со девет бода.