Спорт
Ѓоковиќ преку Попирин до третото коло во Мелбурн
Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во третото коло на Австралија опен. Ѓоковиќ се мачеше на стартот на Австралија опен против хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ, се мачеше и во второто коло против домашниот тенисер Алексеј Попирин, но повторно победи 6:3, 4:6, 7:6 (7:4 ), 6:3.
Повторно имаше драма, неизвесност и зпасување на сет топки во низа, но Ѓоковиќ уште еднаш ја преживеа голгота и успеа да го мине својот противник.
Слично како и во првото коло, Ѓоковиќ рутински го доби првиот сет, брејкот во осмиот гем му беше доволен за предност од 1:0.
Тоа што го загуби првиот сет не го обесхрабри 24-годишниот Австралиец, целосно се разигра во втроиот сет, сервираше исклучително добро, погаѓаше винери и храбро го напаѓаше сервисот на Ѓоковиќ.
Успеа да направи брејк во четвртиот гем и кога го потврди брејкот веќе имаше 4:1. Набрзо беше 5:2.
Новак успеа да одговори, возврати со брејк во деветтиот гем, дојде до 4:5, но пота одигра лош сервис гем и му дозволи на Австралиецот да изедначи.
Третиот сет беше клучен. Попирин сервираше прв и постојано беше во водство, Ѓоковиќ го секогаш неговиот ритам и без многу потешкотии успеваше да држи егал со помладиот ривал.
Така беше до 10. гем, кога Србинот се соочи со три сет топки, а потоа и со четвртата. Откако ги спаси сите изедначи, а потоа во тај-брејкот дојде до предност во сетови од 2:1.
Во четвртиот сет падна ритамот во играта на Попирин, Ѓоковиќ тоа максимално го искористи, го освои сервисот на противникот во петтиот гем, потоа имаше три сет топки во осмиот на сервис на Попирон, не ги искористи, но веќе во во следниот Попирин не можеше да се одбрани и најдобриот светски играч рутински го заврши мечот.
Во следното коло ривал ќе му биде Томаш Мартин Ечевери од Аргентина, кој во три сета со 6:4, 6:4, 6:4 го победи францускиот ветеран Гаел Монфис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вилбекин трагичар, Монако избори мајсторка
Кошаркарите на Монако го совладаа Фенербахче на гости со 65:62 во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на плеј-офот во Евролигата и се изборија за мајсторка.
Да потсетиме, само Реал Мадрид досега се пласираше на завршниот турнир во Берлин, додека петтиот натпревар ќе го даде победникот и во сериите меѓу Барселона и Олимпијакос, односно Панатинаикос и Макаби.
Исклучително возбудлив натпревар, во кој доминираа одбраните одиграа фенер и Монако.
На крајот Монако победи со многу среќа. Малку фалеше Мајк Џејмс наместо еден од хероите на победата на Монако да биде трагичар. Американецот постигна тројка на 51 секунда до крајот, на гостите 61:57.
Во меѓувреме погодија Вилбекин и Хол, а потоа Марко Гудуриќ со својата тројка ги доведе возбудувањата до точка на вриење. Фенер на 18 секунди до крајот се доближи на 62:63.
Следуваше кулминација на истанбулската драма, Џејмс во предвидените пет секунди не успеа да ја уфрли топката во игра, па Фенер имаше речиси цел напад да ја обезбеди победата,
Вилбекин ја презеде одговорноста, имаше многу време да размисли како ќе ја нападне одбраната на Монако, се обиде да заврши со флотер и промаши.
Топката му припадна на Монако, а Хол со забивање стави точка на натпреварот.
Кај Фенербахче најефикасен беше Марко Гудуриќ со 14 поени (3/3 за три).
Ели Окобо ги предводеше гостите со 13 поени, додека Мотијеунас и Џејмс мечот го завршија со по десет поени.
Спорт
Лејкерси го отпуштија тренерот
Лос Анџелес Лејкерс му врачија отказ на тренерот Дарвин Хем. Отказот е последица на елиминацијата, во првата плеј-оф рунда од актуелните шампиони Денвер Нагетс.
За две сезони на кормилото на Лејкерс, Хем забележа 90 победи и 74 порази, минатата сезона стигна до конференциското финале и беше елиминиран од Денвер со 4:0, исто му се случи и оваа сезона, разликата беше само што Лејкерс успеаја да добијат еден натпревар.
Исто така Лејкерси со Хем го освоија турнирот кој се одржува во текот на сезоната во НБА.
Претходно Хем беше асистент во Милвоки Бакс, Атланта Хокс и ЛА Лејкерс.
Спорт
На тренерот на Будуќност му се заканиле со киднапирање на ќерката: Ќе ја фрлиме во река
Црногорскиот фудбал долго време се наоѓа при дното во Европа, но ова што се случува во изминатите два месеци нема никаква врска со фудбалот.
Во црногорскиот фудбал во последно време имаше многу скандали, дивеењето на навивачите на Сутјеска во Тиват, тепачката меѓу играчите по завршувањето на натпреварот меѓу Бокељ и Ком, потоа тепачката меѓу челниците на клубовите Арсенал и Морнар во Тиват, инцидентото што го предизвика голманот на Будуќност, Ѓорѓија Пваличиќ кога нокаутираше соиграч…
Тренерот на Будуќност, Иван Брновиќ поднесе кривична пријава против непознато лице, бидејќи добил информација дека неговата ќерка е киднапирана и дека ќе биде фрлена во река доколку не плати 20.000 евра.
Се испоставило дека неговото 13-годишно дете е безбедно, но заканата била сфатена сериозно, но без сомнение Брновиќ и целото семејство се во во страв.
Заканите биле испратени по тренингот, кога тренерот требало да има средба со навивачката група на клубот, наречена „Варвари“, но таа била откажана поради грозоморните закани.