Спорт
Ѓоковиќ: Секогаш кога играм грен слем губам по еден живот
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за „Јуроспорт“ пред почетокот на Мастерсот во Париз. Едно од прашањата се однесуваше и на подобрувањето на рекордот на Грен слем турнирите.
Ѓоковиќ, на почетокот на септември на Ју-Ес опен ја освои 24. Гренс слем титула во кариерата. Новинарот го интересираше дали веќе подготвува јакна со бројот 25, како што беше случајот кога ги освои 23. и 24. титула на Ролан Гарос и Ју-Ес опен.
„Добив инструкции да не зборувам за тоа јавно (се смее). Тоа се одлични прашања. Ако дојде 25. титула во јануари, тоа би било одлично. Имав одлични реакции по последните две јакни и се надевам дека Лакост има произведено многу, Среќен сум со 24. титула, знам дека луѓето, особено во мојата земја, велат „Ајде, да одиме на 25, 30“. Да беше толку лесно, ќе беше супер“, рече Ѓоковиќ и потоа одговори на новинарско прашање „дека тој прави работите да изгледаат лесно“:
„Не знам како изгледа, но знам какво е чувството. Мора да го заработите тоа. Се чувствувам како мачка со девет животи. Секој пат кога играм Грен слем, губам еден. Мора да бидете целосно вклучен во турнирот. Сега повеќе од кога било. Тоа е и причината зошто сега имам поголеми паузи, морам да се наполнам со енергија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал нема да го казни Винисиус за срамно однесување
Реал Мадрид нема да го казни Винисиус Жуниор за неговото однесување на натпреварот против Барселона.
Бразилскиот репрезентативец му изнакажа секакви работи на тренерот Чаби Алонсо откако го замени 20 минути пред крајот на натпреварот.
Тој продолжи да ја изразува својата фрустрација по натпреварот кога вербално се пресмета со некои играчи на Барселона, поради што доби жолт картон.
Според информациите од Шпанија, односот меѓу Алонсо и Винисиус е сериозно нарушен. За да се смири недоразбирањето, тие ќе разговараат приватно во среда.
Винисиус, беше изоставен од почетната постава три пати оваа година.
Исто така, неговите преговори за продолжување на соработката со Реал не се поместија од почетната точка. Винисиус е под договор со „кралскиот клуб“ до 2027 година.
Спорт
Партизан го официјализира трансферот на Калатес
Кошаркарскиот клуб Патизан поврди дека нов играч на тимот предводен од Жељко Обрадовиќ е Ник Калатес.
Трансферот на Калатес од Монако во Партизан, беше најавен пред два дена, а претпладнево е официјализиран. 36-годишниот ветеран, во минатото работеше со тренееот Обрадовиќ, кога двајцата беа во Панатинаикос, пред полни 14 години. Таа сезона ја освои Евролигата.
Калатес има 36 години, тој е ветеран во Евролигата кој ја започна својата кариера во Панатинаикос, потоа играше за Локомитва Кубањ, беше во Мемфис, а потоа се врати во ПАО.
Калатес доаѓа во Партизан од Монако, а претходно се прослави бранејќи ги боите на Панатинаикос, Барселона, Фенербахче, Мемфис и Локомотив Кубањ.
Се очекува грлскиот кошаркар да дебитира за новиот клуб во петок, кога во осмото коло, во Евролигата, партизан ќе ја пречека Барселона.
Спорт
Конте го сака Себаљос во Наполи
Фудбалскиот клуб Наполи размислува, во зимскиот преоден рок да донесе замена за Кевин Де Брујне, кој се повреди викендов во победата над Интер (3:1). Сигурно е дека Белгиецот ќе отсуствува до крајот на годината.
„Скај Спортс“, откри дека Антонио Конте сака да го зсили ередот за врска, во зимскиот преоден рок, бидејќи е јасно дека телото на Белгиецот повеќе не може да го издржи ова темпо.
Токму затоа Манчестер Сити одлучи да не му го продолжи договорот, бидејќи често се повредуваше во текот на последните две сезони.
Се чини дека Дани Себаљос е идеална цел, бидејќи Шпанецот не е во преден план и кај Чаби Алонсо. Тренерот на Реал, предност секогаш има дава на Орелјан Чуамени, Едуардо Камавинга, Феде Валверде, Арда Гулер и Џуд Белингам.
Себаљос одби да се врати во Бетис ова лето, веруваше дека ќе добие шанса од Алонсо, сега кога се увери дека тоа нема да се случи, можо е да се согласи да го напушти Мадрид.

